АХВ официјално побара вакцини од Турција и Европската комисија


Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини против сипаници кај овците до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат денеска од таму и од Министерството за земјоделство, по големиот број на угинати овци. Во соопштението се наведува дека експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки, а дополнително, повторно […]

Буџетот не е во лоша кондиција, но нема за сѐ, вели министерката Димитриеска – Кочоска


Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денеска оцени дека Буџетот не е во лоша кондиција и оти наплатата на даноците се одвива согласно проекциите. Одговарајќи на новинарски прашања посочи дека очекува реализација на даночните приходи и придонеси согласно проекциите.  –  Не би рекла дека буџетот е во лоша кондиција, но нема за се, исто […]

Филипче: Мицкоски живее во свој свет – граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери


Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Не гледаме резултати […]

Мицкоски: Бевме на дното по БДП во регионот, сега сме на прво или второ место


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ бруто домашниот производ пораснал за 120 милиони евра. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање пред средбата на Амбасадорскиот совет рече дека до пред три години земјава била убедливо на дното во регионот, а сега сме веќе на прво или второ место според растот на […]

„Панама Сити Интернешнл“ прогласен за најдобар аеродром во светот


Берлин – Германската авиокомпанија „Ер-хелп“ (AirHelp) неодамна го објави годишниот извештај „Ер-хелп скор“ за 2026 година за најдобар аеродром во светот. Тука се издвојуваат аеродромите во Латинска Америка, а посебно оние во Бразил. „Уште еднаш се докажа дека квалитетот на еден аеродром не зависи исклучиво од неговата големина или од бројот на патници што годишно […]

Доживотен затвор за основачот на кинеската градежна компанија „Евергранде“, фирмата парично казнета со две милјарди евра


Основачот на кинеската градежна компанија „Евергранде“ („Evergrande“), Ксју Џијаџин, е осуден на доживотен затвор поради извршено кривично дело голема финансиска измама, соопшти Судот во Шенжен. На Ксју му е конфискуван сиот личен имот и доживотно му се одземени граѓанските права, додека компанијата „Евергранде“ и нејзината подружница за недвижности се казнети со вкупно 15,82 милијарди јуани, […]

Јубилеен РЕсет со „Реплек“ во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата


По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари, поскапа од јули за 177 денаи


Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675  денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари – информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ).  За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја […]

Јавниот долг на САД расте побрзо од кога било, надмина 40 билиони долари, трошоците за камати експлодираа


Јавниот долг на Соединетите Американски Држави вчера достигна рекордни 40 билиони долари, објави Министерството за финансии на САД. Долгот расте побрзо во последните години, а поради повисоките каматни стапки, трошоците за негово сервисирање исто така нагло се зголемија, пишува Си-Ен-Ен. Мајкл Петерсон, извршен директор на Фондацијата Питер Г. Петерсон, предупреди дека со ова темпо, долгот […]

Цената на бакарот оди кон 14.500 долари за тон – Македонија има ресурс, но нема нов рудник


Светскиот пазар на бакар повторно се соочува со растечки притисок врз понудата, додека цената на металот се приближува до рекордот од над 14.500 долари за тон на Лондонската берза за метали. За Македонија, која располага со значајни наоѓалишта на бакар, ваквиот развој претставува потенцијална економска можност. Сепак, во земјата во моментов работи само еден рудник […]

Уникатна математика на Мицкоски: пензиите пораснале за 325 отсто со оваа влада во споредба со претходната


Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител, говорејќи околу економската состојба во државата, истакна дека доколку се направи компаративна анализа помеѓу владите на СДСМ и ДУИ и сегашната предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со ВЛЕН и ЗНАМ како коалициони партнери, се доаѓа до заклучок дека просечната плата сега расте за 70% месечно повеќе, а […]

Американски гигант доби речиси 1 милијарда долари откако Врховниот суд ги поништи царините на Трамп


„Таргет“ објави дека добил речиси 1 милијарда долари поврат на царини од американската влада, зголемувајќи го профитот на трговецот на мало во последниот квартал. Американскиот синџир соопшти дека добил 994 милиони долари поврат на средства пред оданочување, што помогнало да се удвои оперативниот профит во вториот квартал, од 1,3 милијарди долари на 2,6 милијарди долари […]

Цените на нафтата на највисоко ниво од крајот на јуни


Цените на нафтата на меѓународните пазари се искачија над 91 долар во среда, на највисоко ниво од крајот на јуни, што ги одразува загриженостите на трговците за преминувањето на танкерите низ Ормускиот теснец и континуираните прекини во снабдувањето. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше по цена од 54 центи повисока во среда, непосредно пред пладне, […]

М- НАВ кривично го гони Управниот одбор – со позајмицата на Владата останале „зијан“ дури 50 илјади евра


Македонска навигација го „бомбардира“ Обвинителството за гонење на Организиран криминал со кривични пријави против Управниот одбор, а последната на нивна адреса стигна вчера, на 18 август како дополнување на досегашните пријави, информира „Фокус“. Откако владата на седница носи одлука со која го задолжува М-НАВ да одобри краткорочна позајмица од 7 милиони евра, Управниот одбор на ова […]

Еврото добива нов изглед, а ЕЦБ вели: Готовината нема да исчезне


Европската централна банка (ЕЦБ) го подготвува првиот целосен редизајн на евро банкнотите, но во исто време испраќа јасна порака дека готовината нема да исчезне и покрај зголемената употреба на безготовински плаќања и плановите за дигитално евро. Целта е да се создадат банкноти кои ќе бидат поблиску до граѓаните и кои ќе имаат напредни безбедносни карактеристики, […]

Шефицата на ЕЦБ: ЕУ мора да избере нов модел на раст


Европската економија се соочува со крајот на моделот на раст кој со децении се базираше на силна глобална трговија, конкурентна индустрија и стабилен меѓународен поредок, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, повикувајќи ја Европа подобро да го искористи својот единствен пазар и потенцијалот за развој на нови технологии. Повоениот модел на раст […]

УЈП им порача на охридските туристички работници: Фер туризам започнува со пријавен доход


Запознавање на даночните обврзници со нивните законски обврски, навреме да го пријават доходот остварен од туризам и да го платат соодветно данокот е целта на денешната информативна средба на претставници на Управата за јавни приходи во Охрид со туристичкиот сектор во Охрид во рамките на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“.  Целта на Управата, […]

Растот на цените во ЕУ забрза


Инфлацијата во Европската унија благо забрза до 3 отсто во јули, враќајќи се на патеката на раст по кратката пауза во јуни кога изнесуваше 2,9 отсто, покажаа податоците на Европскиот завод за статистика. Годишната стапка на инфлација во Европската унија, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), во јули изнесува 3,0 отсто, пресметаа статистичарите […]

Акциите на кинескиот производител на хуманоидни роботи „Јунитри“скокнаа за речиси 630 отсто на Шангајската берза


Акциите на кинескиот производител на хуманоидни роботи „Јунитри Роботикс“ (Unitree Robotics) забележаа спектакуларен пораст на своето деби на Шангајската берза – во еден момент регистриран беше „скок“ за речиси 630 проценти. Вкупната пазарна капитализација на компанијата со седиште во Хангжу во еден момент достигна 444,9 милијарди јуани (56,9 милијарди евра), објави „Глобал тајмс“. „Унитри“, компанија […]

Секоја четврта германска компанија стравува од губење на конкурентноста надвор од ЕУ


Секоја четврта германска компанија, или 25,4 проценти од анкетираните, стравуваат од губење на конкурентноста на пазарите надвор од Европската Унија, според извештај објавен денеска од Институтот за економски истражувања (Ifo) од Минхен. Дополнително, 17 проценти од анкетираните компании веруваат дека конкурентската позиција на германските индустриски производи се влошува дури и на европскиот пазар. „Германската индустрија […]