Доларот ослабе на светските пазари поради загриженоста околу американските обврзници


Американскиот долар минатата недела забележа пад во однос на главните светски валути, додека инвеститорите внимателно ги следеа случувањата на пазарот на американски државни обврзници. Индексот на доларот се намали за 0,8 проценти, на 98,84 поени. Американската валута ослабе и во однос на еврото, за 0,9 проценти, при што еден долар се разменуваше за 1,1680 евра. […]

Димитриеска Кочоска: Продолжува имплементацијата на Законот за игри на среќа


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска информира дека продолжува имплементирањето на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој беше донесен на крајот на јуни оваа година, со донесувањето на Правилникот за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Станува збор за акт со кој детално се […]

Војната во Иран ги притиска рафинериите, цените на горивата би можеле да останат високи со години


Војната во Иран го доведе глобалниот рафинериски сектор до работ на капацитите, поради што цените на дизелот и бензинот би можеле да останат на високо ниво со години, предупредуваат светските агенции. Иако пазарот на сурова нафта успеа релативно добро да се приспособи на губењето на значителен дел од испораките од Блискиот Исток, можностите за надоместување […]

Филипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе закон – пет денари повеќе за секој килограм грозје


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче при денешната посета на тиквешкиот регион најави дека ќе се поднесе закон – пет денари повеќе за секој килограм грозје. – Денеска сме во посета на тиквешкиот регион, имаме средби со земјоделците, со лозарите, кои сега се наоѓаат среде процес на берба на грозјето и грозјето го спремаат да го […]

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка


Мицкоски ја прогласи Македонија под ДПМНЕ за прва или втора во регионот по економски раст, без да каже ниту кој е тој ‘регион’, ниту според која споредлива статистичка серија го добил пласманот. Последните официјални податоци за првиот квартал од 2026 година се дека во Западен балкан сме четврти од шест земји, односно, пред нас се […]

СДСМ: Просечната нето плата се намали за 1.163 денари


СДСМ објави дека просечната месечна нето плата за јуни е намалена за 1.163 денари во однос на мај..  Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави вчера Државниот завод за статистика.  „Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме […]

Бројки за по дома – колку вреди македонската плата?


Вистинска борба со бројки и економски показатели се води деновиве на политичката сцена, но и во медиумите блиски до едната или другата политичка опција, за да се покаже во чие време се живеело подобро и кој има(л) поголеми успеси на планот на економијата. Се „пука“ со сите средства – се користат податоци и соопштенија на […]

Како современите слушни апарати ја олеснуваат секојдневната комуникација?


Слухот е еден од нашите најважни сетила и канал преку кој се поврзуваме со светот околу нас, ги споделуваме емоциите со најблиските и активно учествуваме во сите аспекти на општествениот и професионалниот живот. Сепак, постепените промени или потешкотиите со слухот често настануваат незабележително. Пред слухот целосно да ослабне, обично се јавуваат неколку суптилни сигнали. Најчесто […]

Лозарите се незадоволни од годинешниот откуп на грозјето


БИТОЛА = Во моментот се откупуваат раните сорти грозје. Шардоне се откупува по цена од 29,5 денари, ризлингот по 29,5 денари, а темјаниката по 35,5 денари за килограм. Се очекува бербата на овие сорти да заврши до овој понеделник. Меѓутоа, најголемиот проблем оваа година не е само откупната цена, од која лозарите не се задоволни. […]

„Лукоил“ доби ново продолжување од ОFAC за продажба на имотот во странство


Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата со која му се дозволува на рускиот нафтен гигант Лукоил да продолжи со преговорите за продажба на својот меѓународен имот до 19 септември. Претходната лиценца требаше да истече на 22 август. Меѓународните средства на Лукоил вклучуваат рафинерии во Бугарија, […]

Платите во пад и номинално и реално, во јуни помала за 1.163 денари во однос на мај


Во јуни годинава просечната нето-плата во Македонија изнесувала 48.381 денар, што е за 1.163 денари помалку од исплатената нето-плата во мај која изнесувала 49.544 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска. Тоа е номинално помалку за 2,3 отсто, а реално за 1,9 отсто. На годишно ниво сликата е малку порозова, бидејќи, според […]

ССМ одбележа 80 години од формирањето


Со свечена седница, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска одбележа 80 години од своето формирање, истакнувајќи го јубилејот како значаен момент во историјата на македонското синдикално движење. Како најсилен, најброен и најрепрезентативен синдикат во државата, бше посочено, ССМ осум децении наназад ги застапува правата и интересите на работниците, учествувајќи во креирањето на работничките политики […]

Колку повеќе сме поврзани, толку сме посигурни: Варнс во посета на изградбата на Трафостаницата – Охрид


Енергетската поврзаност е клучна за поголема сигурност на снабдувањето и за интеграција на регионот. Тоа го истакнаа вршителката на должноста амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнс, и  директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, при денешната посета на Трафостаницата (ТС) Охрид. Варнс, во присуство на дел од менаџментот на МЕПСО, се запозна со динамиката на […]

Еврозоната бележи најсилен раст во изминатите девет месеци, Германија е предводник на закрепнувањето


Активноста на приватниот сектор во еврозоната се искачи на деветмесечен максимум во август, покажа прелиминарната проценка на SiP Global. Композитниот индекс на менаџери за набавки се искачи на 52,1 од 52 во јули, дополнително оддалечувајќи се од прагот од 50 поени што го раздвојува растот од падот. Главен двигател на растот беше индустријата. PMI во […]

Обновливите извори сè уште не се доволни – јагленот и натаму останува главен енергент за производство на струја во светот


Јагленот останува најголемиот поединечен извор на електрична енергија во светот и оваа година, со очекувано производство од 10.974 терават-часа(TWh) или речиси една третина од вкупното глобално производство – покажуваат новите прогнози на Меѓународната агенција за енергија (IEA). Гасот ќе биде втор по големина извор на електрична енергија со 6.976 TWh, по што следуваат хидроенергијата со […]

Бесент: Операцијата за откуп на државниот долг може да биде поголема од 4 милијарди долари


Министерот за финансии, Скот Бесент, во четвртокот за Си-Ен-Би-Си (CNBC) изјави дека забрзаниот откуп на државни обврзници може да биде поголем од најавените 4 милијарди долари. Во интервју во живо, Бесент рече дека неговиот оддел ќе „создаде пазар“ за долгорочни хартии од вредност каде што приносите неодамна нагло се зголемија. Министерството за финансии во среда […]

Расте бројот на банкроти во ЕУ


Брисел – Расте бројот на банкротирани фирми во Европската унија, а се намалува на новорегистрирани бизниси, покажуваат податоците на Евростат. Во вториот квартал од 2026 година, регистрациите на бизниси во ЕУ се намалени за 0,5% во споредба со првиот квартал, додека банкротите се зголемени за 5,7%. Намалување на новорегистрирани бизиниси е забележани во 5 од 8 […]

Божиновска: Дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста се клучни за сигурен и отпорен енергетски систем


Енергетската безбедност денес не значи само сигурно производство и стабилно снабдување со енергија. Таа значи и сигурни дигитални системи. Колку повеќе ги дигитализираме енергетските мрежи и инфраструктурата, толку поважно станува нивното обезбедување од сајбер-закани. Затоа сајбер-безбедноста мора да биде интегрален дел од модернизацијата на енергетскиот сектор, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, […]

Цените на природниот гас двојно повисоки од почетокот на годината


Цените на природниот гас во Европа се зголемија за околу 120 проценти од почетокот на годината, а со ниското ниво на залихи во складиштата и ризиците од прекини во снабдувањето, европскиот пазар би можел да биде под дополнителен притисок пред зимата. Уште еден топлотен бран и рекордни температури ја зголемуваат побарувачката за електрична енергија, а […]

Цените на превозот на товар се зголемуваат, побарувачката за танкери расте


Зголемената побарувачка за танкери за нафта од Мексиканскиот Залив ги крена цените на бродовите на рекордни нивоа, бидејќи земјите од Блискиот Исток бараат начини за извоз на товар и покрај тековните штрајкови на бродовите. Цената на новоизградените и модерните половни бродови во најголемата класа на танкери за нафта достигна повеќе од 130 милиони долари во […]