ЕЦБ пред одлука да ги зголеми каматните стапки, првпат по 2023 година


Се очекува Европската централна банка (ЕЦБ) денеска да ги зголеми клучните каматни стапки за првпат по 2023 година, во услови на остриот пораст на потрошувачките цени низ еврозоната. Како што пренесе ДПА, Централната банка треба да ја објави својата одлука денеска во 14:15 часот (12:15 GMT). Стапката на депозити, која е важна за штедачите и […]

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг е под контрола, ќе ја исполниме обврската за фискална консолидација


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека успешно се менаџира растот на бруто-домашниот производ и на јавниот долг, кој, според неа, е под строга контрола и сè уште е под 60 проценти од БДП. Како што изјави вечерва, состојбата со јавниот долг апсолутно не треба да загрижува и годинава ќе биде исполнета обврската за фискалана […]

Инфлацијата во САД се искачи на 4,2 отсто. Војната со Иран ги крева цените


  Потрошувачките цени во САД продолжија да растат во мај, поттикнати од зголемените трошоци за енергија повеќе од три месеци по војната со Иран, според владини податоци објавени во средата. Цените се зголемија за 4,2% од мај 2025 година, што е најжешкото годишно мерење од април 2023 година, и 0,5% на месечна основа, според Бирото […]

Инженерски подвизи на втората делница од пругата кон Бугарија, столбови високи до 61 метар


Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот […]

Славески од Шангај: Ценовната стабилност е главен предуслов за одржлив економски раст во услови на зголемена светска неизвесност


 Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите под наслов „Трасирање на идниот развоj” во рамките на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“, организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај. Во своето обраќање, гувернерот […]

Премиерот Мицкоски најави хидроцентрали, ветерни паркови и когенеративни централи за милијарди евра


  Со 1,5 милијарди евра државата самостојно ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“, за кои моментално се работи на физибилити студија, откако во изминатите триесетина години пропаднаа дури 14 тендери за изградба на овие значајни енергетски капацитети. Оваа информација ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски. „Чебрен“ се наоѓа во клисурниот дел на Црна Река, оддалечен 81 […]

Европа гради огромна мрежа од железнички тунели. Целта е да се поврзат сите поголеми градови


Европа се обидува да пренасочи сè повеќе патници од кратки летови кон брзи возови што ги поврзуваат поголемите градови, а како што расте интересот за шармот на железничкото патување, се отвораат бројни можности. Сепак, постои еден голем проблем: географијата. Планинските венци и морињата отсекогаш ги делеле европските земји, а возовите, за разлика од авионите, не […]

Новиот ЕЕС систем би можел да го намали бројот на туристи во Европа


Продолжените доцнења на границите поврзани со воведувањето на новиот европски ЕЕС систем би можеле да загрозат до 41 милион посетители и 45,4 милијарди долари потрошувачка на посетителите од четирите најважни пазари во Европа. Ова го предупреди Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC). Анализата, заснована на анкета на повеќе од 2.500 патници од Велика Британија, […]

Девизните резерви 5,21 милијарда евра


Девизните резерви на крајот на мај годинава изнесувале 5.210 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (68,5%), по што следуваат монетарното злато (16,6%) и валутите и депозитите (14,9%).  

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива


Европската комисија предложи мобилизирање на 500 милиони евра за поддршка на земјоделците кои се соочуваат со повисоки трошоци за вештачки ѓубрива, со предупредување дека растот на цените може да го одложи садењето и да претставува ризик за производството на храна. Предлогот предвидува користење на земјоделската резерва во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, која […]

Во Собранието работилница „Градење на доверба во управување со јавниот долг


Во Собранието денеска ќе се одржи работилница на тема: „Градење на доверба во управување со јавниот долг на Република Северна Македонија преку зголемена транспарентност и отчетност”.  Настанот е во организација на Канцеларијата на Светска Банка во Република Северна Македонија, а ќе учествуваат членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за […]

Го нудеше на Емиратите, па на Американците. Мицкоски сега вели ќе „стиснеме заби“ и сами ќе го градиме „Чебрен“


  Владата е пред конечна одлука проектот „Чебрен“ да го гради државата, наместо како повеќето од претходните 14 обиди во изминатите децении, да се бара приватен партнер од странство. Како што изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, тој самиот, а и во Владата и во државната ЕСМ сметаат дека треба да „стиснеме заби“ и самите да […]

„Опен АИ“ поднесе барање за излегување на берза, се стреми кон билионска вредност


„Опен АИ“ (OpenAI), производителот на популарниот четбот Чет ЏПТ (ChatGPT), денес соопшти дека поднел барање за почетна јавна понуда (IPO) во Соединетите Американски Држави. Се придружува на конкурентот „Антропик“ (Anthropic) во трката за излегување на берза, обидувајќи се да профитира од огромната побарувачка на инвеститорите за акции во секторот за вештачка интелигенција, објавува Ројтерс. „Опен […]

Во Истанбул ќе се одржи бизнис форум за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција


Во петок во Истанбул ќе се одржи бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Северна Македонија пред турската деловна заедница. Форумот има за цел да ги поврзе институциите и бизнис секторот од двете земји преку директни контакти и разговори насочени кон отворање нови можности за соработка и […]

Конференција на ССМ: Поради мајчинството, жените остануваат без работа ако се на договор на дело


Да се овозможи примена на регулативата што го третира мобингот со кој се соочуваат жените во државата и да пријавуваат во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Сегашните процедури за докажување на ваквите случаи се компицирани. Потребни се јасни насоки за чекорите што треба да ги преземе жената доколку биде вознемирувана на работното место или […]

Мицкоски најавува трансформација на патната инфраструктура 


  Македонија ќе добие шест нови автопатски решенија. Проекциите се дека тие ќе бидат завршени до крајот на 2027 година, истакна вчера на брифинг со медиумите премиерот Христијан Мицкоски.  Автопатот Кичево-Охрид продолжува да се гради, финансии во висина од 175 милиони евра се обезбедени од домашни банки, а делницата Извор-Врбјани ќе биде пуштена до октомври, […]

Владата ја следи состојбата со инфлацијата – можни се мерки за транспортерите, но не и кај алкохолот и цигарите


Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки коишто ќе бидат во корист на граѓаните, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесе нови економски таргет мерки, имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е  под 4,5 во првите четири месеци и како што рече […]

Собранискиот буџетски совет даде согласност за изменување на Буџетот на парламентот


Буџетскиот совет на македонското Собрание донесе одлука со која даде согласност за изменување на Буџетот на Собранието. Претседателот на буџетскиот совет, пратеникот Антонијо Милошоски посочи дека предложените измени на буџетот на Собранието за 2026 година се поврзани со неколку програми и потпрограми. – Со предлозите се менуваат ставките плати и придонеси и во буџетот ќе […]

Американците се загрижени за економската состојба. „Работите изгледаат многу лошо“


Американците се попесимистички настроени во врска со своите лични финансии отколку во кое било време од почетокот на 2023 година и очекуваат ситуацијата да се влоши. Ова го покажува ново истражување кое сигнализира растечка загриженост за инфлацијата и безбедноста на работното место, пишува CNN. Уделот на Американците кои ја оцениле својата финансиска состојба во мај […]

ЕУ не се откажува од Европскиот зелен договор


ЕУ ќе продолжи да го спроведува „Европскиот зелен договор“, кој има за цел да ги трансформира индустријата, транспортот и земјоделството во одржлив и климатски неутрален систем до 2050 година, дури и кога приоритетите на ЕУ се променија со големи инвестиции во вооружување, изјави европската комесарка Џесика Росвал. „Сите буџети и сите министри за финансии секогаш […]