Мицкоски ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија


Има голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по учеството на бизнис-форумот во Истанбул, каде што со владина и бизнис-делегација ги презентира можностите на македонската економија.  Целта, посочи Мицкоски, е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул.   – Овде сум […]

Борис Вујчиќ: Подлабоката монетарна интеграција може значително да ја намали финансиската ранливост на регионот


Подлабоката монетарна интеграција може да одигра значајна улога во намалувањето на финансиската ранливост на регионот на Западен Балкан, особено имајќи ја предвид широко распространетата употреба на еврото во повеќе економии од регионот. Усвојувањето на заедничката валута го намалува ризикот од неусогласеност меѓу приходите во домашна валута и задолжувањето во странска валута, со што се олеснува […]

Побогат од најбогатите: Елон Маск е првиот билионер во светот


Малку бизнис лидери биле толку длабоко вкоренети во популарната култура како Елон Маск, амбициозниот претприемач кој стана централна фигура во интернет културата и собра богатство што го направи првиот билионер во светот, пишува Ројтерс. Во време кога загриженоста за нееднаквоста е голема, а ставовите на јавноста кон ултрабогатите се влошија, се отвора нов таб, Маск […]

Финансиските друштва нема да исплаќаат пари во готово, се подготвуваат законски измени


Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиските друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти. Се работи на законски измени што предвидуваат воведување задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво, како одбор за внатрешна ревизија, одбор […]

Узунчев: АД ЕСМ ќе заштеди 8 милиони евра преку реструктуирање на проектот „Александрополис“


АД ЕСМ ќе заштеди приближно 8 милиони евра откако Управниот одбор на компанијата преговараше за анекс на договорот со „Гастрејд“ – операторот на терминалот за течен гас во Александрополис. Со оваа клучна спогодба се става крај на целосно непродуктивните трошоци за закуп на капацитет што компанијата до сега немаше можност да го користи, со што […]

Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул


 Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Истанбул, каде што ќе учествува на бизнис-форум посветен на бизнис-соработката меѓу Македонија и Турција. – Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на завршната церемонија на бизнис-форумот, која ќе почне денеска напладне. Посетата ќе биде искористена и за политички средби значајни за двете држави – […]

Фолксваген го намалува бројот на вработени во Германија


Германскиот автомобилски гигант Фолксваген ќе ја намали својата работна сила во Германија за 19.000 до крајот на годината, објави извршниот директор Оливер Блуме. Според него во писмо до акционерите, Фолксваген веќе се согласил да отпушти повеќе од 28.000 вработени до крајот на 2030 година, објавува Ханделсблат. Трошоците за производство во неговите германски фабрики се намалени […]

„Спејс икс“ излегува на берза со рекордна проценета вредност


„Спејс икс“ (SPACEX) соопшти дека акциите на компанијата на Елон Маск ќе се продаваат за најмалку 135 долари кога ќе излезе на берза во петок, во она што се очекува да биде највредната иницијална јавна понуда (IPO) во историјата. Проценката е иста како онаа на компанијата за истражување на вселената и вештачка интелигенција поставена пред […]

Во Истанбул ќе се одржи бизнис форум за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција


Во Истанбул денеска ќе се одржи бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Северна Македонија пред турската деловна заедница. Форумот се организира во рамки на проектот „Промоција на Мапа за инвестирање“, како дел од Програмата за поддршка на спроведувањето на Националната развојна стратегија, предводена од Владата на […]

Светска банка: Глобалниот раст ќе биде најслаб од почетокот на Ковид пандемијата


Светската банка очекува глобалната економија годинава да го забележи најслабиот раст од почетокот на Ковид пандемијата, поради последиците од војната со Иран. Во извештајот објавен денеска, институцијата ја намали прогнозата за светскиот економски раст во 2026 година за 0,1 процентен поен, на 2,5 проценти. За споредба, глобалната економија минатата година порасна за 2,9 проценти. Причините […]

За инфлацијата нека бере гајле Славески: Димитриеска-Кочоска вели дека тоа не е работа на Финансии


  Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска ја префрли топката за преземање мерки против растот на инфлацијата врз Народната банка на Македонија и делумно на Министерството за економија, a ја стави на страна институцијата која што ја раководи, Министерството за финансии во битката против загрижувачкиот пораст на трошоците за живот годинава. Таа во интервју за емисијата „Топ тема“ […]

Дурмиши: Компаниите да ја искористат поддршката за инвестиции, да аплицираат до 15 јуни


Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика компаниите кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат законските услови, да ја искористат можноста за државна поддршка и навреме да аплицираат. Крајниот рок за поднесување на барањата, потсети, е 15 јуни. -Законот за финансиска поддршка на инвестиции е една од најзначајните алатки преку кои државата ги […]

ЕЦБ ги зголеми каматните стапки во еврозоната: одговор на војната во Иран


  Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за прв пат од 2023 година како одговор на повисоката инфлација предизвикана од војната во Иран. ЕЦБ ја зголеми својата главна депозитна стапка од 2% на 2,25%, а финансиските пазари предвидуваат уште две зголемувања до следната пролет. Инфлацијата на потрошувачките цени во еврозоната се зголеми на 3,2% […]

На комисија поминаа измените на законите за ТИРЗ, за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност


На денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за измени и дополнувања на Законот за технолошки индустриски развојни зони  (ТИРЗ), за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност, како и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад […]

Расте бројот на странски туристи, најбројни Турците, Германците, Србите и Французите


Во април годинава во земјава се евидентирани 97 358 туристи кои оствариле 174 649 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 20.5 % се домашни, а 79.5 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број ноќевања, 26.8 % се од домашните туристи, а 73.2 % од странски. Во периодот јануари – април 2026 […]

Николоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницата


Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската бизнис асоцијација. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и […]

За дата центри биле заинтересирани десетици компании, вели Мицкоски


Има десетици заинтересирани компании за дата центри во државава, кои со законските измени за кои почна постапката во Собранието се изедначуваат со технолошко индустриските развојни зони. Ова го изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на новинарите при неговата посета во Општина Кисела Вода. „Имаме неколку десетици заинтересирани компании, разговараме и преговараме, секако ќе […]

Трамп ја засака инфлацијата. Американците се загрижени


  Извештајот на Министерството за труд е непожелна вест за претседателот Трамп и Републиканската партија во изборна година каде што доминантно прашање е прифатливоста на цените. Демократите веќе подготвуваа кампањски реклами за силно да ги погодат Републиканската партија и поради војната со Иран и поради начинот на кој Трамп се справува со економијата воопшто. Извештајот, […]

Во април за 38 проценти помалку одобренија за градење, ќе се градат 722 стана


Во април годинава издадени се 291 одобрение за градење, што е за 38 проценти помалку во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика.  Најмногу одбренија за градење, 83,  издадени се во Полошкиот регион, по што следуваат Скопскиот, 72, Југозападниот, 32, Источниот, 28, Југоисточниот, 26, Пелагонискиот, 24, Североисточниот, 3. Според издадените одобренија за […]

Славески се сретна со гувернерот на Народната банка на Кина, Пан Гонгшенг, во фокусот институционалната соработка


Во рамки на меѓународниот симпозиум што го организираа Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај, гувернерот на Народната банка Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега. За време на средбата, како што информира Кабинетот на Славески, беа разменети […]