ЕУ воведува нови правила за авионски патувања


Европскиот парламент усвои реформа со која значително се прошируваат правата на патниците во воздушниот сообраќај. Новите правила предвидуваат поголема транспарентност при купување билети, полесна постапка за добивање обесштетување и бесплатно седење на родителите покрај своите деца. Според новата регулатива, авиокомпаниите повеќе нема да смеат да наплатуваат дополнително за семејствата да седат заедно. Исто така, при […]

Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, тврди пратеникот Фатмир Битиќи


  Додека власта обидува да го претстави ребалансот како развоен, суровите бројки покажуваат тотален колапс и неодговорно планирање. Овој ребаланс не е инструмент на одговорно планирање, ова е фактура за промашениот буџет од декември. Буџетот не издржа ниту половина година, а граѓаните сега ја плаќаат цената на владината неодговорност. Вака дискутираше пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи […]

Падна инфлацијата во јуни


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0.5 %, а цените на мало од 0.8 %. Во однос на јуни лани, пак, тршошоците на живот се зголемени за 3.4 %, а цените на мало за 3.6 %, објави Државниот завод за статситика. Во […]

Угостителските услуги во јуни поскапи за 2.6 % од истиот месец лани


Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец. Споредено со јуни минатата година, пак, угостителски услуги поскапеле за 2.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јуни 2026 година во однос на истиот период од минатата […]

Едношалтерски систем за увоз, извоз и транспорт на стока, најави министерот Николоски


 Националниот едношалтерски систем (НЕС) претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе може побргу и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија – истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер […]

Германија прави резерви на гас за „црни денови“


Германското Министерство за економија подготвува планови за воспоставување државни стратешки резерви на природен гас што би се користеле во вонредни ситуации, чие формирање би чинело до 1,5 милијарди евра (1,72 милијарди долари). Според интервјуираните од Ројтерс, резервите би биле наменети за заштита од екстремни ситуации, како што се саботажа на клучна енергетска инфраструктура или сериозен […]

Трговската размена во пораст: Извозот зголемен за 5,7 отсто, а увозот за 5,9


Државниот завод за статистика соопшти дека трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – мај 2026 година во споредба со истиот период 2025 година. Вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 217 977.7 милиони денари и бележи раст од 5,70 отсто, додека вредноста на увезената стока е 306 513.7 милиони […]

Жетвата на пченицата е при крај, а сѐ уште нема одредено цена


  БИТОЛА – Жетвата на јачменот и пченицата во тек, а некаде и завршена, а земјоделците немаат цена за житото, ниту откуп. Од друга страна денес земјоделци споделија видео на кое како што велат се гледа дека преку граничниот премин Табановце се увезува пченица за Македонија. Земјоделецот Борче Бучински од здружението „Пелагонско поле“ споделувајќи го […]

За власта буџетот е одраз на домаќинско работење, за опозицијата најава за презадолжување


Петар Ристески пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот го отсликува „одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса“. „Пред нас денес стои документ кој јасно го отсликува одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса. Овој предлог ребаланс на буџет за 2026 година не […]

„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во првото полугодие од 2026 година


Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажбаво сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани […]

Од полноќ поскапуваат горивата


Бензините од полноќ поскапуваат за еден денар, а дизелот за два ипол денари, покажуваат пресметките на Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 85,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 87,5 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе се точи по цена од 82,5 денари […]

„Алкалоид“ со сребрен медал од EcoVadis и со пласман меѓу најдобрите 15 % компании на глобално ниво


АЛКАЛОИД АД Скопје го доби сребрениот медал SILVER | TOP 15 % за 2026 година доделен од EcoVadis, со освоени 94 перцентили. Со ова признаниеАЛКАЛОИД се позиционира меѓу најдобрите 15 % од сите компании оценети на глобалната платформа EcoVadis во последните 12 месеци. Сребрениот медал претставува значаен напредок во однос на минатогодишниот бронзен медал BRONZE | TOP 35% […]

Народната банка е чекор поблиску до воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики со поддршка на ЕУ


Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од компонентата за воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики коишто произлегуваат од проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“. Првата фаза од активностите од проектот финансиран од ЕУ […]

Мицкоски пред Регулаторна: Очекувам зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините


Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.  Како што рече,  има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на […]

Ќе работиме ли до 72 години? ММФ препорачува, Кочоска бара право на избор


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка ќе изработат детална анализа за состојбата со пензискиот фонд во земјава, по што Владата ќе одлучува дали ќе има промени во старосната граница за пензионирање. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласи дека во моментов нема донесено никаква одлука за пензиска реформа и дека се чекаат препораките од меѓународните […]

Трамп објави нова фотографија од банкнота од 100 долари со неговиот потпис


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова фотографија од банкнота од 100 долари со неговиот потпис. Ова доаѓа неколку месеци откако Министерството за финансии на САД објави дека, за прв пат во историјата, потписот на актуелен претседател ќе се појави на банкнота на американскиот долар. Министерот за финансии Скот Бесент претходно изјави дека администрацијата […]

ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер


Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни енергетски решенија. Во текот на саемот, инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ беа присутни на штандот на WHES и им беа на располагање на потенцијалните […]

Светските цени на храната се стабилизираат: Само месото и растителните масла се поскапи


Светските цени на храната во јуни останаа на нивото од доцна пролет, при што житарките, млекото и млечните производи се поевтини, а месото и растителните масла се поскапи, објави во петок Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Ценовниот индекс на ФАО за кошничка основни прехранбени производи во просек изнесуваше 130,3 поени во јуни, […]

ТИТАН Усје: Јавниот дијалог со сите засегнати страни е важен дел од процесот за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола


Денеска, во рамките на законската постапка, се одржа јавна расправа за продолжување на А–интегрираната еколошка дозвола на ТИТАН Усје. Во рамките на јавната расправа,ТИТАН Усје ги презентираше информациите за своето работење, примената на најдобрите достапни практикии активностите што компанијата ги презема за заштита на животната средина. Јавната расправа претставува важен дел од законската процедура и […]

Нов Протокол на царините на Северна Македонија и Албанија за царински контроли на заедничките гранични премини


Царинските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработката со нов Протокол за царински контроли на заедничките гранични премини. Царинската управа соопшти дека унапредувањето на граничното управување на граничните премини со Албанија, преку поефикасни контроли и олеснување на трговијата, ќе овозможи забрзување на регионалната интеграција во ЕУ. -Оттука во фокусот на царинските управи ќе биде […]