Експертска порака за Иловица: Предвидените технологии се безбедни


Дебатата околу проектот „Иловица“ треба да се води врз основа на стручни анализи и современи технички стандарди, а не врз претпоставки, смета професорот Благој Голомеов. Тој нагласува дека современото рударство денес користи технологии кои значително се разликуваат од оние што се применувале пред неколку децении. „Современите технологии овозможуваат целосно безбедна работа на рудниците.“ Според Голомеов, […]

Следната година првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, се работи и на железничко поврзување со Албанија


Следната година ќе бидат готови првите километри од автопатот  Тетово-Гостивар, којшто според сегашната динамика ќе биде целосно готов во 2028 година, а се работи и на  железничко поврзување Скопје со Албанија, како продолжение на активностите од проектот „Градски воз“, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  – Добро оди изградбата на автопатот Тетово […]

Банкарските провизии во Македонија не се исти кај сите банки: Каде се најниски?


  На прв поглед, банкарските услуги кај нас изгледаат слично – сметка е сметка, картичка е картичка, а трансакција е трансакција. Но, кога малку подетално ќе се анализира, станува јасно дека на македонскиот банкарски пазар има конкуренција и дека вреди да се знае која банка колкави провизии наплаќа и каде се најниски. Разликите не се […]

Хидроелектраните произведуваат за 76 отсто повеќе енергија од лани, ветерните паркови за 10 отсто


Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност. Држава што произведува сопствена енергија, располага со сигурни извори на снабдување и е поврзана со повеќе енергетски пазари е држава што може самостојно да ја планира својата иднина, подобро ги штити своите граѓани од глобалните енергетски кризи и создава посилна и поконкурентна економија. Токму […]

Двата македонски аеродрома опслужија речиси два милиона патници за половина година


Во првите шест месеци од оваа година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужија 1.955.648 патници, што е зголемување од 28 проценти во однос на истиот период лани и реализираа 13.167 летови, што е раст од 7,6 проценти. Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374.714) […]

МФ: Нови правила во финансискиот лизинг


Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда. Новите законски решенија се однесуваат на условите […]

„Порше“ за прв пат ги објави платите на работниците и директорите


Колку заработуваат луѓето кои работат во автомобилската индустрија, или поточно оние кои работат во Порше? Откако прашањето беше поставено на годишното собрание на акционерите, познатиот производител на автомобили беше принуден да ја открие својата внатрешна структура на плати. Податоците, објавени за прв пат, даваат уникатен увид во платите на вработените и покажуваат дека речиси 40 […]

Во тек исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за  јуни 2026 година. -Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и […]

„Тиквеш“ го унапредува одржливото лозарство преку партнерство со лозарите, знаење и иновации


Во рамки на долгорочната платформа за стратешката соработка со лозарите, Винарската визба „Тиквеш“ ја одржа традиционалната годишна средба со своите кооперанти, која годинава беше посветена на развојот на одржливото лозарство и примената на современи технологии и практики што овозможуваат производство на поквалитетно грозје, поефикасно користење на природните ресурси, заштита на животната средина и на биодиверзитетот […]

Железничката обиколница на Скопје ќе го забрза карго транспортот, помалку возови низ центарот


Железничката обиколница околу Скопје ќе овозможи побрз и поефикасен карго транспорт на Коридорот 10, но и ќе придонесе за намалување на загадувањето во главниот град, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој посочи дека со реконструкцијата на обиколницата товарните возови повеќе нема да мора да минуваат низ централното градско подрачје, што […]

Нова уредба за квалитетот на горивата, ќе има поголеми стандарди


  Стапи во сила новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар, соопштува Министерството за енергетика. Новата Уредба се носи по 19 години. Со неа се воспоставуваат јасни и современи правила за тоа […]

ДЗР: Потрошени 23,4 милиони евра, а некои договори за вработување биле на три дена


За активните мерки за вработување во 2024 година исплатени се 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој – покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ). Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки […]

ЕП: Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање


Стразбур – Обезбедување европски начин на електронско плаќање, намалување на зависноста на Европската Унија од странските платежни системи, зајакнување на отпорноста на европската економија и поттикнување на иновациите и технолошкиот развој се целите на планот за воведување на дигиталното евро, чија регулаторна рамка доби поддршка од Европскиот парламент. Европратениците го поддржаа користењето на дигитални активи […]

ММФ очекува раст на светската економија од три отсто во 2026 и 3,4 отсто во 2027 година


Вашингтон – Глобалната економија ќе порасне за три отсто во 2026 година и за 3,4 отсто во 2027 година, се наведува во денеска објавените ажурирани Светски економски изгледи (WEO) на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Новата кумулативна прогноза за следните две години е речиси непроменета во споредба со проекциите од Светските економски изгледи од април 2026 […]

Кој во Европа троши најмногу енергија за разладување?


Во Европската Унија, Италија е лидер во потрошувачката на енергија за ладење, со 26,3 илјади тераџули, по што следат Шпанија (14,3 TJ) и Грција (11,9 TJ) регистрирани во 2024 година, објави денес Евростат. Во Европската Унија, Италија е лидер во потрошувачката на енергија за ладење, со 26,3 илјади тераџули, по што следат Шпанија (14,3 TJ) […]

„Лагите за „трета економија“ ги разби и ММФ, дури и Косово е пред нас“, велат од СДСМ


СДСМ преку соопштение тврди дека најновите економски проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не ги потврдуваат, како што наведува партијата, тврдењата на Владата дека Македонија ќе биде меѓу најбрзорастечките економии во Европа. Според СДСМ, ММФ прогнозира просечен економски раст на македонската економија од три проценти во периодот до 2031 година, при што, како што наведуваат, […]

Српски „Ало“ купува телевизија и радио во Скопje


Издавачот на весникот „Ало“ и сопственик на неколку локални телевизиски и радио станици во Србија сега се шири на пазарот во Северна Македонија. Планот е да се преземат локалната телевизиска станица „НАША ТВ“ и радио станицата Радио РФМ, објави Комисијата за заштита на конкуренцијата на Северна Македонија, пренесуваат повеќе српски медиуми. Освен две црногорски компании […]

ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица


Глобалните конфликти повторно покажаа колку се чувствителни пазарите на критични минерали. Во најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се наведува дека воените случувања на Блискиот Исток најсилно влијаеле врз цените на бакарот и алуминиумот, поради нарушувањата во синџирите на снабдување. Во такви услови, земјите што располагаат со резерви на бакар добиваат дополнителна економска можност. […]

Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран


Цените на нафтата скокнаа за речиси три проценти откако САД започнаа нови напади врз Иран по објавата дека Техеран нападна три брода во Ормуската Теснина. Цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, рано утрово скокна за 2,6 проценти на 76,09 долари за барел, додека цената на американската референтна сурова […]

Реконструираната пруга за товарен железнички сообраќај Драчево – Илинден ќе профункционира за дваесетина дена


Преку тест возење министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид реконструираната пруга од Драчево до Илинден, по која сообраќаат товарни возови. Според Николоски оваа делница е предвидена исклучиво за товарниот железнички сообраќај со цел подобра организација и развој на целокупниот транспорт. Според министерството за транспорт […]