Занаетчиите бараат мерките од Оперативниот план да бидат подостапни


Мерките од Оперативниот план за вработување да бидат достапни за секој занаетчија, да биде поедноставен начинот за аплицирање и постапката за добивањето на поддршката да биде транспарентна како во изминатиот период, му порача денеска Занаетчиската комора на заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Ристески одржа состанок со претставниците на Комората, на кој стана збор […]

ЕУ го казни „Алиекспрес“ со 550 милиони евра


Европската комисија го казни „Алиекспрес“ со 550 милиони евра за неефикасно спречување на продажбата на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи. Овој потег е дел од пошироката акција на ЕУ против кинеските онлајн трговци на мало, што вклучува построги проверки и нови увозни такси за платформи за брза мода како што се „Тему“ и „Шеин“, објави […]

Цената на суровата нафта Брент над 90 долари, загриженоста за Ормускиот теснец расте


Цените на нафтата пораснаа во понеделник, бидејќи застојот меѓу САД и Иран ги зголеми загриженостите за прекини во снабдувањето со енергија преку Ормускиот теснец, по уште една рунда американски напади и жртви од американската војска. Меѓународната референтна цена на суровата нафта Брент за испорака во септември порасна за околу 2,54% на над 90 долари за […]

Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери кои ќе заработуваат на грбот на граѓаните


 Во 15 часот попладнево ќе почне средбата со производителите, трговците и дистрибутерите во Министерство за економија. Како што изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески, на средбата уште еднаш ќе биде испратена пораката дека не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректност. Ако се констатира непазарно однесување и енормно […]

Од знаење до пракса: во соработка со ТИТАН Усје студентите се запознаваат со современи градежни решенија


ТИТАН Усје продолжува да инвестира во развојот на идните инженерски кадри преку активности што го поврзуваат академското образование со практичната примена на знаењето. Во рамки на оваа заложба, 28 студенти и професори од Градежниот факултет реализираа стручна студиска посета во Солун, Грција. Делегацијата беше предводена од главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николаoу, заедно […]

Во САД повторно се зголеми цената на бензинот


Галон бензин на американските пумпи повторно го надмина прагот од четири долари, соопшти Американската автомобилска асоцијација. Зголемената цена на бензинот се должи на обновените меѓусебни напади помеѓу САД и Иран. Од почетокот на војната на Блиски Исток  просечната малопродажна цена на бензинот во САД се зголеми за повеќе од 30 проценти. Психолошкиот праг од четири […]

За синдикалната кошница во јули се потребни 68.498 денари, за 156 денари помалку од истиот месец лани


Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68.498 денари и е намалена за 156 денари во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 метри квартатни, вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 83 873,00 денари. Најголем дел од трошоците одат за храна и пијалоци – 25.012 […]

Новиот министер на фестивал ја слави жетвата, земјоделците стравуваат од прекин на откупот


  БИТОЛА – Новиот министер за земјоделство, Борче Серафимовски, замина на фестивал на жетвата во Пелагонија, а среде жетва нема цена на житото и откупот е неизвесен. Силни негодување кај земјоделците привлече веста за фестивалското славење на жетвата во услови кога цената на житото падна од 10 на 9 и пол денари за килограм. Според […]

ЕУ се штити со квоти и повисоки царини – македонската металургија на удар


  Македонските производители на челик и челични производи се пред огромен предизвик, откако од почетокот на овој месец Европската унија ги заостри условите за увоз воведувајќи ограничени квоти и зголемени царини по искористување на одобрените количини. Проблемот не е само македонски туку многу поширок, бидејќи ограничувањата важат и за други земји надвор од ЕУ. Сепак, […]

Еден центар за податоци на „Мајкрософт“ троши еден процент од вкупната електрична енергија во Холандија


Центарот за податоци на „Мајкрософт“ во холандската покраина Северна Холандија потрошил 1,17 терават-часови електрична енергија во 2025 година, што претставува околу еден процент од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата, покажуваат податоците на Холандската агенција за претприемништво. Првпат се објавуваат податоци за потрошувачката на електрична енергија на конкретен голем центар за податоци во Холандија. […]

Париз од 2027 година ќе го удвои данокот за празните станови


Градскиот совет на Париз одобри двојно зголемување на данокот за празни станови, што ќе стапи во сила на 1 јануари 2027 година, со цел да се поттикне понудата на станови за изнајмување и да се ублажи недостигот од домување во француската престолнина. Според податоците на градските власти, во Париз има околу 150.000 ненаселени станови, што […]

Заврши реконструкцијата на патот Мешеишта – Волино, се градат 18 км. пристапни патишта долж автопатот Охрид – Кичево


Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри […]

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива


Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива.   – Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен […]

Реконструкцијата на Охридскиот аеродром ќе заврши до крајот на летото


Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се работи паралелно на четири проекти и дека реализацијата оди добро.   – Таму имаме четири […]

„Епл“ и „Нвидиа“ во битка за титулата највредна компанија во светот


„Епл“ и „Нвидиа“ (Apple и Nvidia) се бореа за титулата највредна компанија во светот во петокот, при што производителот на ајфон накратко го зазеде првото место по пазарна вредност. Акциите на „Нвидиа“ накратко паднаа за околу три отсто, а пазарната вредност на компанијата беше намалена на 4,84 милијарди долари во раните утрински тргувања, додека пазарната […]

ЕУ ја опоменува Португалија за рециклирањето – предупредување и за Македонија: Без стабилен систем нема исполнување на европските стандарди


Постапката што Европската комисија ја покрена против Португалија поради неисполнување на целите за рециклирање е уште еден сигнал дека Европската Унија сè построго ќе го следи спроведувањето на еколошките политики. Истовремено, ова е и јасна опомена за земјите кандидати, меѓу кои е и Македонија, дека развојот на ефикасен и транспарентен систем за управување со отпадот […]

Азески во Брисел на средба со претставници на Асоцијацијата на европски комори


Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во седиштето на Асоцијацијата на европски комори во Брисел оствари средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс.  На средбата е разговарано за натамошното унапредување на соработката меѓу Стопанската комора и EUROCHAMBRES, како […]

Европската комисија предлага ревизија на тргувањето со емисии и забрзана електрификација


Европската комисија презентираше предлози за забрзување на електрификацијата и промена на пазарот на емисии на јаглерод диоксид. Зависноста на Европа од увезени фосилни горива постојано доведува до геополитички превирања, се вели во соопштението на комисијата по повод оваа пригода. Европската комисија признава дека оваа зависност ја ограничува европската конкурентност и инсистира на забрзана електрификација на […]

Национализирањето на „Бритиш Стил“ го налути Пекинг, бара фер третман за компаниите во кинеска сопственост


Кина денес протестираше поради одлуката на Велика Британија да ја национализира „Бритиш Стил“, која до неодамна беше во сопственост на кинескиот „Џингје“, повикувајќи ја владата во Лондон да обезбеди фер третман на кинеските компании во Велика Британија. Кина остро се спротивставува на одлуката на Велика Британија да ја национализира „Бритиш Стил“, соопшти Пекинг. Британската страна […]

„Ејч енд ем“ затвора 170 продавници низ целиот свет


Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови. „Ејч енд ем“ во извештајот наведе дека во годината до 31 мај веќе го намалила бројот на своите продавници за 128 малопродажни објекти, […]