Муцунски: На индиските компании им нудиме конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар


Нашата земја им нуди на индиските компании конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар. За нас Индија не е само важен пазар, туку и стратешки економски партнер со кого имаме огромен потенцијал за продлабочување на соработката во трговијата, инвестициите, иновациите, образованието, дигиталната трансформација и културата – рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија […]

Добивањето бакар во Иловица ќе биде според современите стандарди, вели професор Голомеов


  Развојот на новите технологии значително ги промени стандардите во рударската индустрија, оценуваат експертите. Според професорот Благој Голомеов, современите рударски проекти се базираат на контролирани процеси што обезбедуваат високо ниво на заштита на животната средина. Говорејќи за планираниот рудник „Иловица – Штука“, тој истакнува дека технолошкиот процес за експлоатација и преработка на бакарната руда е […]

Договорите на компанијата 4iG со унгарската влада можеби ќе бидат раскинати


  Договорите што владата на Виктор Орбан ги склучи со 4iG пред изборите во Унгарија, се разгледуваат и можеби ќе бидат поништени, објави магазинот ХВГ. Еден договор е од 1.300 милијарди форинти (3,6 милијарди евра) кои државата треба да ги плати во наредните години. Меѓу другото и за користење сателитски телекомуникациски услуги од 4iG. Бидејќи […]

Индиски бизнис-делегации во посета на ТИРЗ, презентирани можностите за нови инвестиции


Висока бизнис-делегација од Индија, составена од претставници на двете најголеми стопански комори ASSOCHAM и FICCI, како и од сопственици и директори на водечки индиски компании, денес ја посети ТИРЗ Скопје, каде што беа презентирани инвестициските можности во земјата, условите за работа во технолошко-индустриските развојни зони и потенцијалите за продлабочување на економската соработка и привлекување нови […]

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството


Во најновиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) се наведува дека земјоделските субвенции на Европската Унија придонеле за раст на цените на овошјето и зеленчукот, поради што на луѓето им е потешко здраво да се хранат. Во период од 2021 до 2025 година цените на здравата храна во Европа се зголемени за 36 […]

НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026 – „Најдобра банка за физички лица“


НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно клиентско […]

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот


Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации. Средбата беше посветена на размена на искуства и добри практики, презентација на тековните активности на двата института, како и разгледување на можностите за развој на […]

„ТАВ Македонија“ го одбележа додавањето на седмиот авион на „Визер“ на Меѓународниот Аеродром Скопје


ТАВ Македонија, дел од ТАВ Аеродроми и Групацијата АДП, ја поздравува одлуката на Визер да постави седми авион на Меѓународниот Аеродром Скопје, што означува уште една важна пресвртница во долгогодишното партнерство меѓу аеродромскиот оператор и авиокомпанијата, а воедно дополнително ја зајакнува поврзаноста на Македонија со Европа. Додавањето на седмиот авион претставува значаен чекор во континуираниот […]

Каде во Европа се најзадолжени домаќинствата ?


Според широко распространетиот стереотип, јужноевропејците живеат над своите можности, додека северните се поштедливи. Сепак, најновите податоци откриваат сосема поинаква реалност. Најзадолжените домаќинства во Европската Унија не се во јужните економии, кои често се перцепираат како нестабилни, туку во богатиот северен дел од континентот. Според податоците објавени овој месец од Евростат, долгот на домаќинствата во ЕУ […]

Банките во еврозоната ги заоструваат условите за кредитирање


Банките во еврозоната ги заострија условите за кредитирање во вториот квартал, во услови на зголемена геополитичка нестабилност, и сигнализираа зголемена чувствителност на ризик во летните месеци, покажа денес кварталниот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ). Побарувачката на компаниите за кредити малку се зајакна во периодот април-јуни, но кредиторите отфрлија поголем дел од апликациите во сите […]

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот


Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации. Средбата беше посветена на размена на искуства и добри практики, презентација на тековните активности на двата института, како и разгледување на можностите за развој на […]

Во јуни вкупните депозити се зголемиле за 9,9 отсто на годишно ниво, а кредитите за 13,1 отсто


Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, при раст на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголемените кредити на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на корпоративниот сектор. Најновото соопштение за монетарните […]

Русија продаде рекордни 44 тони злато за да го пополни воениот буџет на Путин


  Шести месец по ред, Банката на Русија продава злато од своите резерви за да го покрие дефицитот на федералниот буџет, кој достигна речиси 6 билиони рубли во текот на изминатите шест месеци. Во јуни, резервите на злато на Централната банка, петти по големина во светот, се намалија за уште 0,3 милиони унци, или 9,33 […]

САД воведуваат нови 50-процентни царини за дел од канадските производи, ескалира трговскиот спор со Канада


Белата куќа објави воведување нови царини од 50 проценти за голем број производи од Канада, со што дополнително се заострува трговскиот спор меѓу САД и еден од нивните најголеми трговски партнери. Според американскиот трговски претставник, Џејмисон Грир, новите царини ќе опфатат канадски увоз во вредност од околу 20 милијарди американски долари. Мерката треба да стапи […]

Државната ревизија откри неправилности во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви


Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил повеќе слабости и неправилности во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви при ревизијата на финансиските извештаи за 2024 година и ревизијата на усогласеноста со законската регулатива. Во ревизорскиот извештај се наведува дека е изразено мислење без резерва во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи, но мислење […]

Трамп воведе 50-процентни царини за канадските производи


Вашингтон – Белата куќа објави воведување нови царини од 50 проценти за голем број производи од Канада, со што дополнително се заострува трговскиот спор меѓу САД и еден од нивните најголеми трговски партнери. Според американскиот трговски претставник, Џејмисон Грир, новите царини ќе опфатат канадски увоз во вредност од околу 20 милијарди американски долари. Мерката треба […]

Акцизите се намалија, но горивата значајно поскапуваат: дизелот за шест денари, бензините за три денари за литар


Владата денеска донесе одлука за намалување на акцизите за нафтените деривати, но и покрај тоа, цената на дизелот и на бензинот од полноќ значајно ќе поскапат – дизелот за дури шест денари за литар, а бензините за три денари за литар. Ова е второ последователно зголемување на дериватите, откако минатиот понеделник, РКЕ ги зголеми цените […]

Колку вреди победата на Шпанија на СП2026 за националната економија?


Победата на Шпанија од 1-0 над Аргентина во финалето на Светското првенство во недела донесе рекордни 50 милиони долари (43,7 милиони евра) од ФИФА и, ако претходните шампиони се некаков показател, мерлив, но минлив поттик за економијата. Голот на Феран Торес во 106-тата минута ѝ донесе на Шпанија втора светска титула, 16 години по Јужна […]

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено


Земјоделците редовно да ги наводнуваат посевите, да ја следат евентуалната појава на болести и штетници и да ги почитуваат препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите на УХМР. Според нив, сите активности кои се итни, треба да се извршуваат рано наутро или приквечер. -Изминатава седмица имавме сончево и топло време со повремени врнежи од дожд […]

Дурмиши им најавил на производителите и дистрибутерите засилен надзор врз движењето на цените


Следењето на движењето на цените и спречувањето на неоправдани поскапувања биле во фокусот на состанокот што министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, го одржале со претставници на производителите и дистрибутерите. Како што соопштуваат од Министерството за економија и труд, на состанокот биле презентирани резултатите од најновата […]