Дизелот поевтинува, цената на бензините непроменета


Малопродажните цени на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари на литар, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на Еуродизеот ќе биде 57,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 46 денари. Според Комисијата, се намалува […]

Измачениот бизнис не може да преживее нови политички тензии


Политичките тензии ако од најава прејдат во пракса, ќе удрат врз стопанството, но овој пат посилно, зашто бизнисот е истоштен од неколкугодишното малтретирање. И во тој случај не помагаат какви било мерки, вели Мендерес Кучи, експретседател на Комората на северозападна Македонија и стопанственик. „Предвидете какви сакате столбови за економски раст, но ако нема политичка стабилност, […]

Рафајловски: Богов се додворува за нов мандат


Разлабавувањето на монетарната политика во овој момент ми личи како додворување на Димитар Богов пак да го изберат за гувернер на Народна банка, коментира Горан Рафајловски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија. „Ама кога веќе се додворува, бизнис-заедницата го моли да ги попушти стегите врз банките и да овозможи подолгорочно кредитирање. Народна банка треба да […]

Се готви проектот за гасно поврзување меѓу Македонија и Грција


Работна група составена од членови на државното акционерско друштво Македонски енергетски ресурси (МЕР) на грчката компанија за управување на систем за пренос на природен гас во Грција (ДЕСФА) разговараат и ги утврдуваат временската рамка и деталите на теренот и од македонска страна за реализацијата на трасата на гасно поврзување меѓу Македонија и Грција со интерконектор. […]

Николовски: Нема проблем со брашното


Нема никаков проблем, тоа што е догогворено во Скопје се спроведува. Мешовитиот комитет заседаваше во Белград, ќе продолжи со седница во Скопје, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во врска со увозот на српско брашно за којшто Србија вчера најави воведување контра мерки ако ситуацијата не се надмине до 14 април. […]

„Стандард и пурс“: Македонија со кредитен рејтинг ББ-, со стабилен изглед


Aгенцијата „Standard and Poor’s” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ-, со стабилен изглед. Потврдата на стабилниот изглед ги одразува оценките на „Standard and Poors” за балансирани ризици помеѓу траекторијата на јавниот долг и политичката неизвесност од една страна, и поволните економски перспективи на земјата од друга страна. Standard and Poor’s нотира дека […]

Триглав Осигурување и Мотоцентар со нова услуга на пазарот


Триглав Осигурување, во соработка со Мотоцентар, овластен увозник и дистрибутер на реномирани брендови на гуми, воведува нова услуга на пазарот, осигурување на гуми. Осигурувањето нуди 24 – часовна асистенција во Македонија и во Европа и обезбедува покритие за трошоци при издишана гума, кражба на гума, вандализам и механички оштетувања на гумите од предмети на патот. […]

Со паметниот телефон го следите детето, но го следат и други


Телефони, телевизори, часовници, колку што се попаметни и колку повеќе се продаваат, толку повеќе ја загрозуваат приватноста како право на потрошувачите. „Преку паметните телефони и часовници, не го следите само вие детето, туку можат да го следат и други. Паметните и конектирани играчки имаат проблем затоа што софтверот не нуди заштита на приватноста. Куклата ‘Кејла’ […]

Прва седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија


Во Белград денеска ќе се одржи првата седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија чија цел е надминување на бариерите и сите отворени прашања за полесен проток на стоки и унапредување на размената. Комитетот се формира по иницијативата што произлезе од средбата на министрите Љупчо Николовски и Расим Љајиќ во Скопје, на 7 март, […]

Белгиско расипано месо се извезувало кај нас


Белгија затвори главната фабрика за преработка на месо, а супермаркетите ги тргнаа месните производи од нивните полици по скандалот со расипано месо. Властите ѝ ја одземаа дозволата за работа на компанијата „Вевиба“, откако инспекциите забележале потенцијален здравствен ризик кај два производа: меленото и говедското месо. Надлежните лица пронашле траги од т.н. месен отпад, парчиња од […]

Прилепски „Пазари“ со милионски долгови и сомнителни продажби на имоти


Прилепското јавно претпријатие „Пазари“ има наследено долгови од околу пет милиони денари и доведено е во прашање неговото работење, вели новиот директор Кристијан Илиески, кој на денешната средба со новинарите ја поретстави, како што рече, крајно тешката финансиска состојба на претпријатието. Илиески вели дека фирмата била без денар на сметката и со неисплатени плати за […]

ГСОЛ избран за купувач на банкарските побарувања на ФЕНИ


Кредиторите на ФЕНИ Индустри Кавадарци, Комерцијална банка ад Скопје и Стопанска банка ад Скопје, денеска соопштија дека ја избрале понудата на ГСОЛ како купувач на нивните побарувања во кавадаречкиот комбинат. Понуда за откуп на побарувањата имаше и од компанијата „Минстрој“. – Ваквата одлука се заснова на целосна оценка на доставените понуди, роковите и условите за […]

Утре истекува рокот за поднесување на годишна даночна пријава


Утре истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2017 година. Последните податоци на УЈП покажуваат дека досега се поднесени вкупно 334.360 пријави. Во текот на денешниот и утрешниот ден во УЈП очекуваат да бидат поднесени уште околу 100 […]

Издадени 93 милиони евра државни хартии од вредност


Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 5,724 милијарди денари (93,1 милиони евра), од кои утре ќе врати 4,727 милијарди денари (76,9 милиони евра), а на 26.03.2018 година една милијарда денари (16,3 милиони евра), по основ на стари долгови од порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, […]

Мерките од Планот за економски раст претставени пред белгиските бизнисмени во Антверпен


Ве уверувам дека странските инвеститори се добредојдени во Република Македонија порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната тркалезна маса во Антверпен, Белгија организирана од Стопанската комора ВОКА (Voka – Kamer van Koophandel Antwerpen Waasland) каде ги презентира можностите за инвестирање во земјава пред двесетина претставници на белгиски компании. Вицепремиерот, кој е во дводневна […]

Истекува мандатот на Богов, на потег е претседателот Иванов


На 21 мај истекува седумгодишниот мандат на актуелниот гувернер на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов. Засега нема предлог кој ќе го наследи, но од Кабинетот на претседателот на Република Македонија велат дека постапката за избор ќе се спроведе согласно закон и праксата во изминатите години. По предлог на претседателот, Собранието треба да го […]

Огласот сега, помошта во текот на летото


Парите од програмата за економски раст на Владата ќе стигнат до бизнисмените дури на почетокот на летото. Според првичните проценки, државна помош ќе можат да добијат околу осум илјади домашни и странски компании, најави вчера вицепремиерот за економски прашање Кочо Анѓушев. Првиот оглас за третиот столб за мали и средни претпријатија се очекува да биде […]

Владата ќе расправа за Законот за финансиска поддршка на инвестициите


Законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска треба да помине на седница на Влада, а потоа ќе биде ставен во собраниска процедура. Малите и средните претпријатија парите ќе ги добиваат врз основа на правилник преку Фондот за иновации и технолошки развој, но Фондот нема сам да одлучува кому да исплати, туку заедно со претставници од […]

Анѓушев: Програмата за економски раст ќе се имплементира со или без закон


Компаниите кои покажале резултати во 2017 година наскоро ќе може да аплицираат за државна помош согласно Програмата за еконоски раст и во текот на летово да ги добијат средствата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Првиот оглас за третиот столб за мали и средни претпријатија, нагласи, ќе биде објавен во текот на месецов […]

Грците откриваат што е ајвар


Две македонски компании учествуваат на 5. Меѓународен саем за храна и пијалаци што се одржува во Атина. Саемот има цел компаниите да се промовираат, да ги претстават своите производи, за евентуално да склучат и конкретен договор за соработка. Фабриката „Ларс – перустија“ од Штип првпат учествува на овој саем, „Аграр ко“ од Кочани веќе има […]