Анѓушев: Се анализираат придобивките од воведувањето повисок персонален данок


Во моментов во Владата се изработува анализа за да се види кои ќе бидат придобивките од воведувањето повисок персонален данок за лицата кои повеќе заработуваат, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. – Сметам дека треба да се направи математичка анализа и модел да се види кои ќе бидат придобивките од персоналниот данок што, […]

Доделени признанијата на најуспешните жени менаџерки за 2017


Агенцијата „Марили“ ги додели признанијата на десетте жени менаџерки за 2017 година. Генерално, оценети се како лидери со одлични карактери, високи професионалци кои треба да претставуваат поттик за младите генерации на жени кои се високо едуцирани и влегуваат во бизнис водите за да остваруваат високи резултати на менаџерски и лидерски позици. Годинашни добитнички на признанието […]

Од 15 мај во оптек нови книжни 10 и 50 денари


Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница донесе Одлука од 15 мај годинава да бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари. На седницата, како што соопшти НБРМ, била донесена и Одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари […]

Данок за богати на приходи над 1.000 евра?


Министерот за финансии, Драган Тевдовски и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев имаат различно видување за висината на приходите над кои треба да се пресметува повисока стапка на персонален данок на доход од 18 отсто. За Тевдовски, границата меѓу пониското и повисокото оданочување треба да биде поставена на 1.000 евра. „Ако ги видите податоците на […]

Приход над илјада евра да се оданочува со 18 отсто, предлага МФ


Во април, како што беше најавено, ќе почне дебатата за воведување прогресивно оданочување. Како што рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, се предлага за приход до илјада евра персоналниот данок на доход да остане ист, 10 отсто, додека за секој приход остварен над границата од илјада евра данокот да биде 18 проценти, а такви […]

Остварлив економскиот раст од 3,2 отсто, смета Владата


Политиката да ги тргне рацете од бизнисот и да остави економските механизми да ги воспостават правилата, да владее правото за секој инвеститор да се чувствува сигурен, а државата да биде стабилна зашто капиталот е плашлив и сака да е заштитен, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“. Анѓушев потенцира […]

Интервју со Зоран Димов, Комора на извршители: Извршувањето 99 отсто е во полза на граѓаните


Граѓани, невладини организации, синдикати и експерти бараат мораториум на извршувањето, деблокада на сметките, ревизија на работењето на извршителите, дури и враќање на извршувањето во судовите. Како за една деценија функционирање, оваа јавна дејност дојде до ова дереџе? Ние постапуваме врз основа на извршни и правосилни пресуди, извршителот нема право да одбие. Согласно Законот за платен […]

Факторингот многу малку искористен, речиси непознаница за домашните фирми


Компаниите во Македонија, посебно микро, малите и средните фирми, многу малку или воопшто не користат факторинг. На ниско ниво се и свеста, како и информираноста за овој алтернативен начин на финансирање. Како што беше речено на денешната конференција во Стопанската комора, со факторингот фирмата може навреме да ги наплати фактурите без вообичаено да чека 60 […]

Нова понуда на Вип – екстра 100 GB интернет


Новата понуда на Vip вклучува неограничена комуникација и промотивен пакет од дополнителни 100 GB интернет кој се активираат еднаш, а може да се користи до крајот на годината, а со тоа има можност за непречено сурфање и по искористувањето на месечниот интернет сообраќај вклучен во тарифен модел. Корисниците ги добиваат доколку изберат еден од новите […]

Концесионерот на „Казандол“ ќе бара отштета од 380 милиони евра


Не се исполнети ниту законските, ниту договорените услови за еднострано раскинување од страна на Владата на Република Македонија на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, за рудникот „Казандол“, информира концесионерот Друштвото за експлоатација, преработка и производство „Сардич МЦ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, во реакција на изјавата на министерот за економија. Во соопштението до медиумите […]

Царината загрижена за приходите од интернет-нарачките: „Алиекспрес“ ќе поскапи?


Македонците што купуваат на интернет, а најмногу од „Алиекспрес“, бараат да бидат ослободени од увозни давачки на износ повисок од 22 евра. Ист е ставот и на Агенцијата за пошти, која смета дека одредбата за бесцарински увоз на стоки за лична употреба до 350 евра, што важи во патничкиот промет, нема причина зошто да не […]

Познати најуспешните Топ 10 менаџерки во Македонија


Познати се годинешните 10 најуспешни менаџерки во Македонија. Тие ќе бидат прогласени на годинашниот 22. избор на Топ 10 најуспешни што го организира агенцијата „Марили“ на 29-ти овој месец. Пенка Мукаетова од КонсталтингИнтерГруп, Лидија Таскова Попова ДОО „ЕСП“, Горица Дачевска ПЗУ „Др. Горица Дачевска“, Ирена Кузмановска „Комфи Ангел“, Јана Јанеска- Ристеска Центар за современа ликовна […]

Тевдовски: За првпат просечната нето плата надмина 24.025 денари


Имаме најголем годишен раст на платите од 2010 година, во јануари годинава просечната нето плата првпат надмина 24.025 денари и во споредба со јануари минатата година има раст од 1.275 денари, односно за 5,6 проценти, изјави на денешната прес-конференција министерот за финансии Драган Тевдовски. Посочи дека особено е важен растот на платите во текстилната и […]

За два дена продадени акции на Комерцијална банка вредни 28,1 милиони евра


Во три големи трансакции вчера и завчера,продадени се акции на Комерцијална банка – Скопје во вредност од 28,1 милиони евра. Вредноста на акцијата во сите трансакции изнесуваше 3.750 денари. Комерцијална банка ја информираше Берзата дека вчера продавачи на акциите биле странски инвестициски фондови и нивни клиенти, а купувачи Макпетрол, Индустри сервис, М.Г. Фешн, ЛЕАН, ЗСФ-КОМ, […]

Реакција на Комората на извршители; „Нечесно е да не се врати кредит“


-Во Македонија, впрочем како и насекаде, за повеќето граѓани и фирми да се земе, да се потроши нешто, да се искористи нечија услуга, да се подигне кредит и.т.н, а да не се плати нештото или услугата или да не се врати кредитот е нечесно, се вели во реакцијата на Комората на извршители на Македонија, на […]

Прифатен анексот на договорот со Синохидро за продолжување на рокот за изградба на делницата Кичево-Охрид


Владата на денешната седница го прифати текстот на Анекс бр. 1 кон Договорот за изградба на патната делница Кичево-Охрид за продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited. – Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за дополнување […]

Богов: Стабилни и добри условите за монетарната политика


Условите за монетарната политика се стабилни и добри, оцени гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов укажувајќи дека последното намалување на каматната стапка на благајничките записи е на историски најниско ниво. Рече и дека предвидувањата за економски раст од 3,2 проценти за годинава се остварливи доколку се исполнат одредени предуслови за тоа. Во […]

Освен за јајцата, засилени контролите и за боите за вапсање


Освен јајцата, чиј увоз деновиве, пред велигденските празници, подлежи на засилени контроли, интензивно се следат и производството и увозот на бои за јајца. Досега не се евидентирани отстапувања во однос на безбедноста на увезените прехранбени бои, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. АХВ апелира граѓаните да купуваат боја за јајца исклучиво од регистрирани производители увозници, која […]

Министерството за економија и МАНУ договорија соработка за енергетиката


Министерот за економија, Крешник Бектеши и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ, академик Таки Фити потпишаа Меморандум за соработка за одржлив развој на енергетиката во земјава. Целта на Меморандумот е воспоставување меѓусебна соработка и ефективен институционален дијалог меѓу двете институции, имајќи го предвид интересот на граѓаните, во насока на остварување на […]

Во Грција за 10 до 20 отсто поскапо


Намалена побарувачка за велигденски аранжмани бележат туристичките агенции. Главната причина е што овој празник дојде многу брзо по 8 Март. „Во споредба со лани, понудата е поскромна зашто и побарувачката е помала“, велат од „Игуана травел“. Оформиле групи за неколку дестинации и чекале да се пополнат. Оние што одлучиле да заминат за Велигден во Грција, […]