Косово целосно ја повлече одлуката за зголемените царини


Косовската Влада ја укина во целост одлуката за зголемените царини, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што информира Бектеши на прес-конференција, ова е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји. – Пред неколку минути бев информиран дека Косово ја повлече одлуката во целост, а претходно на владината седница на косовската Влада, […]

Анѓушев: Економијата се мери со бројки, а не со политизирање


Растот на индустриското производство од 12,1 отсто во јуни годинава во однос на истиот период лани и растот на просечната плата забележан во мај покажуваат дека економските политики на Владата се добри и оти даваат резултати на долг рок, порача вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција во Владата. – Економијата се мери […]

Се намалува цената на парното за 3,1 отсто


Граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за парно греење во Скопје. Цената на топлинската енергија која ќе ја наплатува „Балкан енерџи“ се намалува за 3,1 отсто, греењето преку топланата „Скопје север“ ќе биде за 0,76 отсто поевтино, додека, корисниците на „ЕЛЕМ Енергетика“ ќе плаќаат за 1,13 отсто пониски цени, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика. Цените […]

Прилеп ќе пренамени пари за 1.000 земјоделци со уништен род од невреме


Прилеп ќе пренамени средства од локалниот буџет за обештетување на земјоделците од погодените реони од последното невреме кога 100 проценти беше уништен родот на тутунот и пиперките на 1.000 земјоделски семејства, одлучи на денешната седница  Советот на општина Прилеп. Според градоначалникот Илија Јованоски, во буџетот не постои ставка за исплата, па ќе има пренамена на […]

Поевтино парно во Скопје од 1 август


Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ја намали цената  што ќе ја плаќаат граѓаните на град Скопје за потрошена топлинска енергија од 1 август годинава. Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, цената за дистирбуција на потршувачите на БЕГ се намалува 3,1 отсто  за Скопје-Север за 0,76 отсто, а за ЕЛЕМ […]

ЕК: Косовските царини се штетни и загрижувачки


По повеќе дена чекање да се види дали Косово и земјите од регионот ќе успеат да ги надминат разликите во трговскиот спор, Европската комисија се огласи со остар речник кон Приштина. Иако ЕК ја поздрави одлуката на косовоските власти да ги укинат заштитните мерки за увоз на овошје и на зеленчук кои доаѓаат од ЕУ, […]

„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања


„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни, соопштија од компанијата, продажбите достигнуваат 3.647.869.385 денари, што е за четири отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката […]

МФ: 72 капитални проекти за подобри услови за живот во општините


Градинка, јавни објекти, водоводна мрежа, локални патишта – се дел од капиталните инвестиции реализирани изминатата година, преку Проектот за подобрување на општински услуги што го реализира Министерството за финансии. Согласно податоците на проектната единица во Министерството, од јуни 2017 до јуни 2018 година, реализирани се 72 капитални проекти во 41 општина, само преку овој проект. […]

Се воведува лимит на трошоците на граѓаните при користење потрошувачки кредити


Ограничување на надоместоците кои ги плаќаат граѓаните при одобрување и отплата на потрошувачки кредити, е главна цел на измените во новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. Од Министерството за финансии денеска соопштија дека со ограничување на надоместоците, односно на годишната стапка на вкупни трошоци, ќе се намалат трошоците кои граѓаните […]

Граѓаните и фирмите земале повеќе кредити во вториот квартал


Домаќинствата и корпоративниот сектор најмногу придонесоа за раст на кредитната активност во вториот квартал од годинава, покажува најновиот извештај на Народната банка. Според извештајот, на годишна основа, кредитниот раст на крајот на вториот квартал од годинава достигна 6,3 отсто. Во однос на изворите на финансирање, забележан е забрзан раст и на депозитите. Годишниот раст на […]

Косово не ги повлекува царините


Косово не ги повлекува царините за македонските производи. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера во Приштина се сретна со косовскиот колега Бајрам Хасани, но разговорите не донесоа конечно решение на проблемот. Зголемените царини остануваат за седум производи, меѓу кои и доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето. Како што информираат од Министерството за економија, […]

САД имаат најголем економски раст во последниве четири години


Американскиот економски раст достигна 4,1 проценти во вториот квартал од годината, што е најдобар резултат во изминатите четири години. Зборувајќи на митинг во Гранит Сити, американскиот претседател Доналд Трамп вети дека економскиот раст ќе продолжи да се засилува и дека ќе бидат достигнати ветените пет проценти раст годишно. Се смета дека главниот двигател на растот […]

Косово не отстапува: Остануваат царините за македонските земјоделски производи


Нема конкретен договор за повлекување на косовската одлука за зголемените царини ни по денешната средба во Приштина меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и косовскиот министер за трговија и индустрија Бајрам Хасани. Бектеши укажал на штетите што ги предизвика одлуката за двете страни, а од Хасани добил уверување дека тоа ќе биде пренесено на правата […]

Бектеши ќе ја премислува косовската влада за царините


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Приштина треба да се сретне со косовскиот колега Бајрам Хасани. На средбата ќе се разговара за зголемените царини на овошјето и зеленчукот што Косово ги воведе на 18 јули годинава. Бектеши пред два дена преку писмено соопштение изјави дека очекува средбата да резултира со решение од заемен интерес […]

Анѓушев: Пари добија фирми со нови производи, а не блиски до власта


Средства од Фондот за иновативност добија компании што имаат нови производи, а не компании блиски до власта, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев. Одговорајќи на пратеничко прашање, Анѓушев нагласи дека меѓу фирмите што добиле средства има многу чии сопственици се функционери од претходната власт, но не е коректно да се спомнуваат нивните имиња зашто тоа прави штета. Во […]

Николовски: Откупени 70 проценти од годинашниот бостан


Околу 70 отсто или 50.000 тони се откупени досега од вкупното годинашно производство на бостан, соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Одговорајќи на пратеничко прашање, Николовски истакна дека претходните години цената на бостанот паѓаше под два денара, а сега е меѓу три и шест денари за килограм. – Оваа година нема незадоволство кај земјоделците […]

Македонија засега не воведува контра-мерки кон Косово


Македонија засега не планира воведување контра – мерки кон Косово. Очекува целосно укинување на зголемените царини врз основа на досегашните преговори, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според МЗШВ, по утрешниот состанок на министерот за економија Крешник Бектеши со косовскиот колега, ќе има многу повеќе детали за наредните чекори. – Сите досегашни преговори ни […]

НБРМ: Поповолна состојба во економијата во вториот квартал


Советот на Народната банка на Република Македонија денеска го разгледа и усвои најновиот Квартален извештај, при што повторно беше истакнато дека по олабавувањето на монетарнaта политика кон крајот на првото тримесечје, основната каматна стапка остана непромената на нивото од 3,00%. На девизниот пазар, и во текот на вториот квартал од годинава, движењата беа поволни, при […]

Директна авионска линија, бараат тур-операторите од Македонија и Романија


Македонија и Романија да се поврзат со директен, чартер лет на релација Скопје – Букурешт или Крајова – Охрид, бараат тур-операторите од двете земји. Сметаат дека тоа е клучниот чекор за зголемување на бројот туристи, од сегашните 1.500, на околу 30.000 – 40.000. – Наша цел е романските туристи да ја посетуваат Македонија на ранг […]

Николовски бара целосно укинување на косовската одлука


Доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите и малините, се уште се опфатени со времената одлука на Косово за зголемени царини. Не беа дел од земјоделските култури кои се изземаа со завчерашната, нова одлука на косовските власти, а токму на нив отпаѓа најголемиот дел од македонскиот извоз на косовскиот пазар. Веднаш и целосно да се укине косовската […]