Хигиеничарите најбарани за вработување


Хигиеничари на станбен и деловен простор е најбараната професија за вработување. Во бироата за вработување во земјава според нивните податоци се бараат 1.363 хигиеничари. Меѓу најбараните се и продавачите за кои има објавено огласи за 366 вработувања, шивачите на текстил 220, келнери 193, возачи на такси 192, шивачи 165, општи работници 134, обезбедувачи 120, контролори […]

Поради сушата во Европа за Божиќ може да нема доволно елки


Белгија– Расадниците за елки во Белгија и во други земји во северна Европа се тешко погодени од сушата и невообичаено високите температури ова лето, предупредуваат сопствениците на расадниците. “Загубите се огромни, имаме расадници каде 15 до 20 отсто, а некогаш и до 30 отсто од дрвата се умрени, или пак се мали и пожолтени, дрва […]

Почна бербата на пиперката „ајварка“


Во Струмичко почна бербата на пиперката „ајварка“ од сортата „куртовска капија“. Откупната цена за прва класа е 18 денари за килограм. Производителите велат дека секоја година оваa градинарска култура зрее порано бидејќи се сади во пластеници, а на отворена ја има се помалку. -Иако календарски сезоната за подготвка на ајвар е идниот месец, сепак има […]

Хуавеј втор производител на паметни телефони


Хуавеј консумер бизнис груп (Huawei Consumer Business Group) објави раст во првата половина од 2018-та година, со извоз на над 95 милиони производи. Според податоците на IDC, Хуавеј прерасна во втор најдобар производител на паметни телефони, со пазарен удел од 15,8 отсто. “Изминатите шест месеци беа неверојатни за Хуавеј, обележани со силен раст на нашиот […]

Укината спорната уредба, наскоро обесштетување од непогодите во 2016 и 2015 година


Министерството за земјоделство очекува во најскоро време да почне обесштетувањето од поплавите и временските непогоди за 2016 и 2015 година. Процесот е се уште блокиран, но спорната уредба е укината. Предметите се во надлежната владина комисија, а подготвена е и Информацијата што треба да помине на седница на Владата. Потоа ќе стартува и исплатата на […]

Не манипулирајте со цената на пченицата, бара Министерството за земјоделство


Министерството за земјоделство апелира земјоделците да не шират дезинформации за откупната цена на пченицата. Трајан Димковски, шеф на Кабинетот на министерот за земјоделство, вели дека кога земјоделците кажуваат оти пченицата се откупува за 7 или 8 денари за килограм, тоа се однесува на пченица за сточна храна, а не на онаа квалитетната, за лебно брашно. […]

Македонија 28-ма по извоз на вино во светот, 173-та по увоз


Македонија е на 28 место во светот според извозот на вино, а на 173-то според увозот, објави специјализираниот меѓународен сајт за статистика www.worldstopexports.com. Минатата година од извозот на вино земјава реализирала 52,4 милиони долари што е 0,1 отсто од извозот во светски рамки. Вредноста на македонскиот увоз, пак, лани достигнал 699.000 долари што е 0,002 […]

Еуросупер 95 поскап за половина денар, дизелот со иста цена


Бензинот Еуросупер БС-95 од полноќ поскапува за половина денар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер 95 ќе изнесува 71,50 денари за литар, на Еуросупер 98 останува 73 денари, на дизелот 62,50, а на […]

Виенски институт: Швајцарија најголем инвеститор во Македонија


Западниот Балкан може да стане алтернативна локација за директни странски инвестиции, наведува Виенскиот институтот за меѓународни студии (WIIW) во неодамна објавениот извештај, наведувајќи ги како причини за ова недоволно искористената работна сила и подобрената инфраструктура. Во извештајот на WIIW за бизнис во регионот, на приливот на директни странски инвестиции во 2018 година ќе влијаат глобалните […]

Третина од домаќинствата во Македонија немаат автомобил


Бројот на автомобили во Македонија е во постојан раст, но сепак повеќе од една третина од домаќинствата во Македонија не поседувале патнички автомобил во 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според извештајот на ДЗС за снабденост на домаќинствата со трајни потрошни добра во периодот 2015 – 2017 година, патнички автомобил имале 59.6 […]

„Кроација ерлајнс“ од среда во штрајк


Хрватска- Пилотите, стјуардесите и авиомеханичарите на „Кроација ерлајнс“ на 8 август ќе стапат во штрајк, соопшти Организацијата на работниците од таа компанија – ОРЦА. Тие тврдат дека немале друга опција бидејќи хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ не им ги исполнил ветувањата. На состанокот на претставниците на компанијата со Пленковиќ на 6 јули бил постигнат договор со ветување […]

Највисоки плати во регионот има во Словенија со 1.077 евра, Македонија со најниски плати


Истражување на турската новинска агенција Анадолија за движењето на платите во регионот покажа дека и натаму Македонија е на дното . Највисоки плати има во Словенија кои изнесуваат нешто над илјада евра . Македонија има најниска просечна нето плата во Европа и регионот, јави турската новинска агенција Анадолија. Близу нас е само Србија. Највисоки плати […]

Обезбедени 10 милиони евра за патот Крива Паланка – Деве Баир


Обезбедени се 10 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија), соопшти денеска Министерството за финансии (МФ). Дополнителни 2,6 милиони евра ќе бидат обезбедени како грант преку инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“ на Европската унија со што ќе […]

Во 2017 година 3.675 лица од Македонија добиле германски работни визи


Огромен број луѓе од Западен Балкан аплицирале за работа во Германија. Министерството за надворешни работи информира дека енормно е зголемен бројот на барања за работни визи во земјите од Западен Балкан за луѓе што сакаат да работат во Германија, како и дека овој број постојано расте. Граѓаните на Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора […]

Над 7.000 слободни работни места на интернет-страницата на Агенцијата за вработување


На пазарот на труд во Македонија моментно има 7.145 слободни работни места објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување. – Магационери, молери, продавачи, раководители на производство, специјалисти, комерацијалисти, возачи, обезбедувачи на лица и имот, електромонтери, специјалисти за човечки ресурси, бравари, општи амдинистратори, директори, дистрибутери, службеници за организирање патувања, се дел од огласените работни позиции. […]

На вински натпревари во Италија и Словенија: Пет нови награди за „Тиквеш“ и „Домен Лепово“


Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ освоија пет високи награди на меѓународни специјализирани вински натпревари кои се одржаа во текот на месец јули во Италија и Словенија. На винскиот натпревар „MONDIAL DES VINS EXTREMES“ кој се одржа во Италија, Винарската визба „Тиквеш“ беше наградена со две златни медали за своите врвни вина, „Барово […]

Три 60-катници ќе „никнат“ во центарот на Скопје


Планираме да го зголемиме фондот на изградба на станови на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДССДП), селектираме локации за комерцијални објекти на кои ќе се работи со вклучување на приватниот сектор како партнер, вели во интервју за МИА Кристијан Трајковски, директор на АДССДП. Со јавно приватно партнерство и во соработка со […]

Заев: Буџетот се уште не покажува индиции за ребаланс


Буџетот се уште не покажува индиции за ребаланс, односно ќе нема потреба тоа да се прави во текот на летово, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Очекува во тек на септември, октомври или ноември, веројатно  со пресек на крајот на месецов, да почнат да се прават пресметки  и да почнат постапки за потребата што се јавила […]

На 100 домашни компании државата ќе им додели 9,2 милиони евра


Над 100 компании ќе добијат вкупна финансиска помош од 9,2 милиони евра согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите за остварените резултати во минатата 2017 година. На компаниите кои аплицирале за добивање државна помош заклучно со 31 јули годинава по 60 дена откако ќе ги достават барањата и потребните документи во Агенцијата за странски инвестиции […]

Одземена лиценцата на „Сан петролеум“ за трговија на големо со сурова нафта и деривати


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со Еуродизел БС (Д-Е V), Еуросупер БС 95 и Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), на Друштвото за производство, трговија и услуги „Сан […]