Барањето за 5 отсто ДДВ за ветеринарни лекови и услуги уште се разгледува


Уште нема одговор на барањето од Ветеринарната комора за намалување на данокот на ветеринарните лекови и услуги. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов вели дека иницијативата уште е актуелна и дека во моментов се прават проценки. „Проценките ќе бидат доставени до Комитетот за безбедност на храна во Министерството за земјоделство. Комитетот одлучува […]

Просечната плата во јуни пораснала за 6,1 отсто


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јуни 2018, изнесува 24.203 денари и бележи раст во однос на јуни лани од 6,1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен за 20,4 отсто, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа земјоделците – пропаѓаат 20.000 тони сливи


СДСМ ги излажа земјоделците. Зоран Заев ветуваше дека кога ќе дојде на власт откупот на земјоделските производи ќе биде загарантиран, а откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи. Сега нема само што не се тепаат кој повеќе да откупи, туку целото земјоделско производство скапува по нивите, а земјоделците не знаат како ќе преживеат, велат […]

„Пепси“ ја купува израелската компанија „Сода стрим“ за 3,2 милијарди долари


Пепси денеска информираше дека ќе ја купи израелската компанија за домашни апарати за газирани пијалоци СодаСтрим, за 3,2 милијарди долари, јави новинската агенција ДПА. – Ова е важен чекор за нас, изјави директорот на СодаСтрим Даниел Бирнбаум. Компанијата произведува сифони за домашна употреба, кои можат да карбонизираат вода, како и голем број сирупи со кои […]

Турција се жали на американските царини пред СТО


Турција поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО) откако САД воведоа двојно повисоки царини за увозот на турски челик и алуминиум. САД воведоа царини од 25 проценти за увозот на челик и 10 проценти за алуминиум за повеќето држави во светот, но по спорот околу апсењето на американскиот свештеник Ендрју Брансон во Турција, ги удвоија […]

Бензините поевтини, а дизелот поскап за половина денар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66, односно за 0,28 отсто. Новата малопродажна цена на бензините […]

Европејците трошат 428 милијарди евра за одмор, колку трошат Македонците?


Европејците на туристички патувања годишно вкупно трошат 428 милијарди евра, најмногу Германците 120 милијарди, Французите 71 и Британците 61 милијарда. Најмногу пари за одмор по жител, пак, трошат граѓаните на Луксембург, Малта и Австрија, покажуваат податоците на „Еуростат“, пренесува МИА. Луксембуржаните трошат во просек по 768 евра за туристички патувања, жителите на Малта по 646 […]

Турција е најевтиното место во светот за шопинг


Турција– Сајтот „Бизнис оф Фешн“ (Business of fashion) објави вест во која се вели дека производите на луксузните брендови во Турција се далеку поевтини отколку било кое друго место во светот. „Истиње Парк“ (Istinye Park Mall) е еден од најголемите молови во Турција, а токму таму се наоѓаат луксузните брендови, помеѓу кои и „Луј Витон“, […]

Нови цени на бензините


Регулаторната комисија за енергетика денеска се очекува да излезе со нови цени на нафтените деривати. Пред две недели согласно одлуката на Регулаторната комисија беше зголемена само цената на Еуросупер БС – 95 за половина денар, додека малопродажните цени на останатите нафтени деривати останаа непроменети.

Оперативниот план за вработување и Гаранција за млади – ефикасни во намалување на невработеноста 


Успешно се спроведуваат Оперативниот план за вработување 2018 и пилот-програмата Гаранција за млади. Тоа покажува дека создадовме ефикасни механизми за намалување на невработеноста во Македонија, а веројатно во наредниот период позитивните резултатите ќе се видат и кај младите кои се уште се без работа, соопшти министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. За мерките за […]

Два милиона евра грант за набавка на фотоволтаични системи за 35 општини


Градинки, училишта, општински згради и други јавни објекти во општините ќе може самите да произведуваат струја од фотонапонски системи, кои ќе им бидат доделени преку Проектот за подобрување на општински услуги на Министерството за финансии. Станува збор за два милиона евра грант средства преку ИПА-компонентата на Европската унија, коишто ќе бидат наменети за набавка на […]

Фалсификатите во Македонија доаѓаат од Кина и од Турција


Фалсификуваната стока што стигнува во Македонија е од Кина и Турција, а најмногу подложни на фалсификување се бонбоните, пенкалата, текстилот, обувките, козметиката и модните додатоци. Податоците на Царинската управа на Република Македонија покажуваат дека 48 проценти од привремено задржаната стока по основ на повреда на правото од интелектуална сопственост е од Кина, додека 46 проценти […]

Од туризмот годинава се очекуваат 390 милиони евра


Македонија ќе ја посетат 1,2 милион туристи, кои ќе направат 3,2 милиони ноќевања и ќе донесат девизен прилив од 24 милијарди денари (390 милиони евра), очекува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за годинава. Дека расте интересот на странците за Македонија, покажува и растот од 26,5 проценти на девизниот прилив од туризмот само во […]

Холандска студија: Националниот авиопревозник чини 2 милиони евра годишно


Домашна авиокомпанија, која би летала на регионални дестинации со турбопроп-авиони, би требало да добива структурна финансиска поддршка од два милиони евра годишно, во спротивно нема да може да се одржи во генерално високоризично пазарно опкружување. Ваков модел не ја исклучува можноста за одржлив национален превозник во партнерство со авиопревозник од Блискиот или Далечниот Исток. Сепак, […]

Германски „Герешајмер“ пред одлука да отвори фабрика во Македонија


Македонија е меѓу двете земји што германската компанија „Герешајмер“ ги разгледува како опција за реализирање на својата нова инвестиција. Членот на Бордот на директори на медицинскиот одел на „Герешајмер“, Оливер Бургел, вели дека менаџментот е импресиониран од инфраструктурата во Македонија, од условите во технолошко-индустриските зони, како и од посветеноста на Владата да ја направи земјава […]

Домашна авиокомпанија ќе врти 90 милиони евра годишно


Паралелно со подготовката за нов тендер за субвенционирање на нискобуџетни компании, откако пропадна првиот на кој се јави единствено „Визер“, Владата најави анализа за исплатливоста да се формира домашна авиокомпанија. Експертите се поделени, има и за и против нов обид за ставање на македонското знаме на опашката на авионите. Министерот за транспорт и врски Горан […]

УЈП ќе добива податоци за 100.000 трансакции месечно


Управата за јавни приходи тврди дека е подготвена за реформата во делот на утврдувањето и плаќањето на персоналниот данок на доход. Со измена на Законот за банки, за што е во тек  јавна расправа, како и на Законот за Управа за јавни приходи, ќе се овозможи автоматизирање на размената на податоци помеѓу даночната администрација и […]

НБРМ ја намали основната каматна стапка за 0,25 проценти


Народната банка на Република Македонија ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени со што таа изнесува 2,75 проценти. Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ,одлуката ја донесе вчера на седница врз основа на оценката на постојните економски и финансиски услови, како и на постоечките ризици. – Намалувањето на каматната стапка е одраз на […]

Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи


За 4,4 отсто се намалени откупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од годинава за разлика од истиот период лани. Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14 проценти, а кај продажбата од сопствено производство намалување за 16,5 отсто.  Зголемување на откупот и продажбата на […]

Рафајловски: УЈП се мајтапи со опрема од 600 илјади евра


Горан Рафајловски, даночен експерт, вели дека ако Управата за јавни приходи не сака да се соочи со хаос кога ќе почне со изготвување на годишните даночни пријави за персоналец во 2019 година, треба да набави сериозна компјутерска подготовка. „Со цел зајакнување на капацитетите и овозможување непречен прием и обработка на масовни податоци, Управата за јавни […]