Кочанскиот ориз се испитува во Скопје


Државниот инспекторат за земјоделство денеска доставил на анализа нови мостри ориз земени од неколку магацини од Кочани за да се утврди дали се генетски модифицирани. Директорот на Инспекторатот, Благој Индов, најави дека резултатите од анализите се очекуваат во среда или четврток. – Прибравме мостри од неколку магацини од Кочани. Денеска се дадени на анализа. Поради тоа што е утре […]

Сите тезгаџии ќе мора да имаат легитимации за продажба на зелените пазари


Македонија се уште нема стратегија за зелените пазари, а се повеќе се намалува и бројот на закупци на тезги поради сивата економија, нелојалната конкуренција и одливот на млади од државата. Како што беше речено денеска во Стопанската комора на Македонија, и натаму е актуелна камионска продажба надвор од пазарите. Особено се интензивира на есен, но […]

Тутунот годинава ќе има 40 отсто помал род, послаб ќе биде и квалитетот


Намален род за 30 – 40 отсто, послаб квалитет и пониска откупна цена, очекуваат производителите од годинашната реколта тутун поради честите врнежи летово и појавата на болести. И повторно да се зголемат температурите, како што најавува УХМР, не може, велат, ситуацијата значително да се подобри зашто денот е веќе намален, а ќе има и роса. Моментно, […]

Дождот добредојден за земјоделството, велат агрометеоролозите


Бранот врнежи што ја зафати Македонија е добредојден за земјоделските култури. Според агрометеоролозите, недостигаше влага во површинскиот слој на почвата особено поради топлото време изминатиов период. Појава на болести и штетници не се очкува зашто скоро сите култури се во фаза на поодминат развој, во фаза на зреење. – Имавме две-три недели вистинско лето, со […]

Повластената стапка на ДДВ за продажба на станови до 2023 година


За пет години се пролонгира рокот за повластена стапка од пет проценти за станови во прва продажба, со предложените измени на Законот за данокот на додадена вредност за кои денеска треда да расправа собраниската Комисија за финансирање и буџе. Според предлог законот,  рокот за повластената стапка се пролонгира  до 31 декември 2023 година. На дневен […]

Анѓушев очекува да се постигне проектираниот економски раст


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека е возможно да се постигне проектираниот економски раст од 3,2 проценти. Во интервју за радио Слободна Европа Анѓушев вели дека по износот на БДП од 0,1 отсто во првиот квартал, во вториот квартал очекува подобри бројки кои се надева дека ќе ги потврди статистиката. – Очекувам дека […]

Македонија земја-партнер на АГРА 2018


Со словенечки и македонски традиционални песни и ора денеска и официјално се отвори еден од најголемите саеми за земјоделство и храна во Централна и Источна Европа – АГРА 2018, што се одржува во Горња Радгона, Словенија. Како што соопшти Министерството за земјоделство, Македонија годинава има привилегија да биде земја-партнер на Словенија на еден ваков престижен саем. […]

Николовски: Подготвуваме силна кампања за промоција на македонските земјоделски производи


Со словенечки и македонски традиционални песни и ора денеска и официјално се отвори еден од најголемите саеми за земјоделство и храна во Централна и Источна Европа – АГРА 2018, што се одржува во Горња Радгона, Словенија. Како што соопшти Министерството за земјоделство, Македонија годинава има привилегија да биде земја-партнер на Словенија на еден ваков престижен саем. […]

„Вина од Македонија“: Цените на грозјето повисоки од лани, блокадите штетат


Здружението „Вина од Македонија“ во кое членуваат најголемите производители и извозници на вино во земјава, оценува дека најавите за можни блокади на патиштата, како начин на притисок за зголемување на откупната цена на грозјето, се избрзани, беспредметни и непотребни. Ако ваквите закани се остварат, тие ќе значат стопирање на годинашниот откуп на грозје, што дефинитивно […]

Бизнис асоцијациите се против прогресивното оданочување


Американската стопанска комора во Македонија – АмЧам Македонија, Македонија 2025 и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ сметаат дека не е погоден момент  за воведување прогресивно оданочување на личниот доход, особено не во формата која што неофицијално беше имплицирана. Оттаму оценуваат дека предложеното воведување прогресивно оданочување на персоналниот доход нема да го постигне посакуваниот […]

Турција размислува да се откаже од концептот „ол инклузив“


Турција– Туристичкиот сектор во Турција размислува да се откаже од концептот „ол инклузив“, односно пакети за одмор во кои е вклучено сѐ. Според податоците од турската туристичка индустрија, системот веќе е исцрпен и покрај тоа што бројот на туристи го надмина нивото од 2014 година, додека приходите не се зголемуваат, туку се намалуваат. Турскиот министер […]

Бритиш ервејз и Ер Франс ги запираат летовите за Иран


Англија- Авиокомпаниите Бритиш ервејз и Ер Франс денеска најавија дека следниот месец че ги запрат  летовите кон Иран, со образложение дека тој лет не е „комерцијално одржлив”. Повторното воведување санкции на САД кон Иран предизвика пад на вредноста на иранската валута, риал, што на граѓаните на Иран им го отежна патувањето во странство, пренесува Би-Би-Си. Британската […]

Тевдовски: Капиталните инвестиции се ниски поради наследените проблеми


Капиталните инвестиции се ниски, но сите останати макроекономски фундаменти се со одлични движења, истакна вечерва министерот за финансии Драган Тевдосвски во интервју за телевизија Канал 5 коментирајќи го проектираниот раст на Бруто домашниот производ за 2018 година од 3,2 проценти. – Индустриското производство расте со пет проценти, имаме многу силен раст на извозот од 13 […]

Раст на царинските приходи за 11%


До 22 август приходите од царини, ДДВ и акцизи се зголемени за 11 проценти во однос на минатата година што е директен доказ за зголемената економска активност, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешниот состанок со директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски. На состанокот, соопшти Министерството за финансии, беа дискутирани клучните придобивки од новите […]

Владата ги намали критериумите за евтини летови


Владата ги спушти критериумите што треба да ги исполни авиокомпанијата за да добие финансиска поддршка за евтини летови. Со новата уредба, субвенционираната авиокомпанија има обврска до 10 јануари 2019 да воспостави или да одржи база од најмалку еден авион на еден од аеродромите, во период од три години. Дали на скопскиот или на охридскиот аеродром, […]

Лозарите ќе блокираат патишта поради ниските цени на грозјето


Лозарите од Тиквешко одлучија да протестираат против ниските цени кои винарите ги нудат за грозјето. Претседателот на Здружението „Напредни лозари“, Трајче Кулев утринава на прес-конференција соопшти дека се бара масовна поддршка од производителите на грозје и доколку ја добијат, ќе се организираат протестите. „Нема напредок во преговорите со винарите околу цените. Ние сме во загуба. […]

„Бенетон“ изгуби две милијарди долари по трагедијата во Џенова


Италија– Edizione Holding, во сопственост на Benetton, поседува третина од акциите во компанијата Атлантиа чија  подружница Autostrade per l’Italia е концесионер на кобниот мост. По трагедијата и заканите од Владата дека на Аутрострада ќе и биде одземена концесијата и ќе биде казнета, акциите на Атлантиа паднаа за 26% на најниско ниво во последните четири години. […]

И Ставрески правеше буџетски пренамени без ребаланс


Министерството за финансии не работи на ребаланс на буџетот. Ова е официјалниот одговор на ресорот што е задолжен за промени во државниот план за приходи и расходи. Прашањето за ребалансот овој пат е актуелно поради дилемата како да се одвојат и да се трошат буџетските пари за референдумската кампања. Поаѓајќи од Законот за референдум, носител […]

Семејните трошоци повисoки од просечната плата


Минималните месечни потреби на едно четиричлено семејство во Македонија се повисоки од просечно исплатената нето плата. Според податоците што вчера ги објави Државниот завод за статистика, месечната нето плата во јуни изнесувала 24.203 денари, а минималните месечни потреби на четиричлено семејство во истиот месец, според ССМ, изнесувале 32.658 денари. Синдикалната минимална кошница што ја изработува […]

Германија бара европски платежен систем за да може да тргува со Иран


Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас денеска повика на создавање на европски платен систем независен од САД, со цел да може да продолжи трговијата со Иран наспроти американските санкции. На барање на претседателот Доналд Трамп, САД се откажаа од нуклеарниот договор со Иран, кој беше потпишан од Русија, Кина, Британија, Франција и Германија, и […]