Поврат на ДДВ на граѓаните од 1 јули


Системот за поврат на ДДВ на граѓаните пробно ќе биде тестиран во наредните месеци, за потоа, од први јули, да стане редовна постапка од која бенефит ќе имаат и граѓаните и државата. – Каде и да мрднете, има ДДВ. Ако сметката е 1.000 денари, 180 денари е ДДВ и од тие 180 денари 15 отсто […]

Самит на европски слободни економски зони во Скопје


Над 350 претставници од целиот свет се очекува да учествуваат на Самитот на европски слободни економски зони, кој во организација на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони ќе се одржи од денеска до 4 мај во Скопје. Самитот се организира во соработка со Организацијата на светски слободни зони. Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски неодамна […]

Заев: Минималната плата од јули ќе биде 13.000 денари


 Зголемувањето на платите е процес и јас очекувам во иднина оваа спирала на пораст на платите уште повеќе да се интензивира. Веруваме дека мај, јуни ќе ги искористиме за од 1 јули да ја зголемиме минималната плата на 13.000 денари. Дијалогот продолжува и верувам дека ќе изнајдеме алатки и начини каде сите чинители ќе бидат задоволни […]

Со специјална апликација ќе се враќа ДДВ


Електронскиот систем за повратот на ДДВ на граѓаните е подготвен и во мај и јуни ќе се тестира, а за да го остварат ова право на граѓаните нема да им треба никаква електронска картичка или чување на фискалните сметки, туку едноставно со сликање на фискалната сметка и прикачување на посебна апликација. Ова го соопшти  премиерот […]

Подготвен системот за поврат на ДДВ, нема картички и собирање фискални сметки


Електронскиот систем за повратот на ДДВ на граѓаните е подготвен и во мај и јуни ќе се тестира, а за да го остварат ова право на граѓаните нема да им треба никаква електронска картичка или чување на фискалните сметки, туку едноставно со сликање на фискалната сметка и прикачување на посебна апликација. Ова го соопшти вечерва […]

100-денарките го прославија својот 26-ти роденден


Пред 26 години во земјава првпат беа пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10, 20, 50, 100 и 500 денари. Како што потсетува Народната банка, со Одлуката донесена на 30 април 1993 година првпат во оптек беа пуштени и кованите пари во апоени од 50 дени, 1, 2 и 5 денари.

Поскапуваат бензините и дизелот, во иднина цените по нова методологија


Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 0,50 денари за литар, а за еден денар поскапуваат  ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 72,00 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) 63,50, а на Екстра лесното масло […]

ЕУ има недостиг од работна сила


Во Европската Унија постои значителен недостиг на работници, поради што во некои земји дипломираните студенти немаат проблеми со вработувањето. Според Евростат, Малта е европски шампион според вработувањето на своите дипломирани студенти, а стапката на вработеност на дипломираните студенти во таа земја изнесува 94,5 отсто, што е подобро од Германија, која е на второто место со […]

Откажа радарот на Бањски Рид, М-НАВ најавува тендер за нов


Дотраената опрема на М-НАВ почна зачестено да откажува. Вчера од 7 часот наутро Скопската контрола на летање не добивала податоци од радарот на Бањски Рид. Станува збор за уред стар преку 20 години, кој бара посериозен зафат за да се оспособи, велат извори од М-НАВ. Официјално и од М-НАВ и од Агенцијата за цивилно воздухопловство […]

Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен


Денарот е стабилен, а монетарната стратегија на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото е оптимална за нашата економија и компатибилна со нејзините структурни карактеристики, оценува во изјава за МИА, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска по повод 27 години монетарна самостојност и воведување на денарот. -И денес, на денот кога пред дваесет […]

„Тиквеш“ го исплати откупеното грозје од ланската берба


Винарската визба „Тиквеш“ вчера соопшти дека ги исплатила сите обврски кон лозарите за откупеното грозје од минатогодишната берба. Винарницата на индивидуалните лозари и на правните лица, без капитално поврзаните субјекти, за преземеното грозје од 2018 година им исплатила над 345 милиони денари. Откупените количини грозје надминале 28 милиони килограми. „Во бербата 2018 откупивме квалитетно грозје […]

Персоналецот со раст од 12 отсто, но не поради прогресивното оданочување


Раст од над 12 проценти бележи собирањето персоналец во првиот квартал од годинава. Податоците на Управата за јавни приходи покажуваат дека од јануари до март годинава биле собрани околу 4 милијарди денари наспроти 3,6 милијарди денари лани. Првиот квартал од годинава има раст и на приходите од данок на добивка, од 7,9 отсто а раст […]

Во вторник ќе се расчисти кој треба да плаќа паушал за парно


Кој треба, а кој не треба да плаќа паушал за парно греење сè уште е нејасно, цел месец по носењето на новата регулатива. Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) ги изготви новите правила за снабдување со топлинска енергија, според кои граѓаните треба да докажат дека исполнуваат услови за ослободување од паушалот за парно пред БЕГ, компанијата […]

Поради нечитливи печати, Бугарија забранува продажба на 80 тони јагнешко месо од Македонија


Осумдесет тони јагнешко месо увезено од Македонија, кое не одговара на бугарските и европските стандарди, е пуштено во продажба низ продавниците во Бугарија, вели претседателот на бугарската Национална овчарска асоцијација, Симеон Караколев, за бугарската информативна агенција БГНЕС. Од Асоцијацијата бараат да се забранат повеќе од 80 тони јагнешко месо од Македонија. Оттаму поднеле барање да […]

Алкалоид АД Скопје со раст на приходите во првите три месеци годинава и 55 нови вработувања


Во првиот квартал годинава компанијата „Алкалоид“ забалежа раст од 23 проценти на консолидираниот извоз и од 19 проценти на консолидираната нето добивка, инвестиции од 194 милиони денари и 55 нови вработувања, покажуваат податоците од неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. -Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – март, продажбите достигнуваат 2.101.073.373 […]

УЈП: Можни се прекини на електронскиот систем за ГДП, но тоа не ги оштетува правата на корисниците


Краткотрајниот прекин на електронскиот систем за генерирање и доставување претпополнети даночни пријави (ГДП), како оној што се случи денеска  од 09:30 часот до 10:30 часот, не нанесува штета на правото на корисниците, односно на граѓаните кои се регистрирани бидејќи тие ќе можат да ги потврдат или коригираат претпополнетите ГДП заклучно со крајниот рок 31.05.2019 година. […]

За десет дена кон Европа по автопат: Вучиќ најави отворање на Коридорот 10


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Пекинг најави дека за десет дена ќе биде отворен јужниот дел на Коридорот 10. „Би сакал да учествувам во отворањето на јужниот дел на Коридорот 10, за десет дена ќе биде завршен, за десет ќе може да патувате кон Скопје, Солун, Атина без ниту еден метар кој не е […]

Конфедерацијата на синдикалните организации ќе одржи протест на 1-ви мај


Претставници на Конфедерацијата на синдикални организации најавија дека по повод 1-ви мај, Меѓународниот ден на трудот, ќе организираат протест. Маријан Ристески, претставник на Конфедерацијата, наведе дека оваа година синдикалните претставници ќе ги прошират нивните барања за заштита на правата на работниците. Посочи дека, поради тоа што во последно време се регистираат напади врз припадници на […]

Нивата на Субрата Рој сега раѓа жито


Штип – Ако Штип живее од текстилот, Кочани од оризот, Кавадарци од грозјето, Овчеполието целата своја надеж ја има во квалитетната обработлива земја чии 22.000 хектари би требало да хранат половина Македонија. Ова подрачје од аспект на земјоделство е посебно интересно и поради фактот дека дел од овој простор е најголемото производно подрачје на сточна […]

Свинското нема да поскапи за Велигден и Први мај


Цената на свинското месо на македонскиот пазар нема да се зголеми за Велигден и Први мај, објави Групацијата на одгледувачи свињи. Според Ефтим Шаклев од Групацијата, производителите сакаат македонските граѓани претстојните празници да ги поминат релаксирано и со богата трпеза. Цената не ја зголемуваат и покрај тоа што во соседните земји и во земјите на […]