Изработена платформа за испорака на административни е-услуги


Подготвена е платформа за испорака на административни електронски услуги  која што ќе овозможи секоја институција да разменува официјално документи и да нуди е-услуги на граѓаните иако можеби не поседува никакви ИТ технички и човечки ресурси. Таа ќе може да се користи по пуштањето на националниот портал за електронски услуги за неколку месеци, а дел од […]

Чакрабарти: Договорот со Грција исклучителен исчекор, можност за економските процеси и инвестициските можности


Договорот со Грција е исклучителен исчекор и одлична можност за посветување на останатите економски процеси и инвестициски можности важни за граѓаните на Северна Македонија и регионот, рече претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти на денешната средба со премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски. Чакрабарти на средбата високо ги оцени […]

Стопанска комора: Потенцијалите на земјоделството неискористени, субвенциите без резултат


Дали македонскиот агро-сектор е подготвен да развива т.н. паметни села и да применува интелигентни софтверски решенија кои би ги намалиле трошоците и загубите, би го подобриле квалитетот на производството и би ја зголемиле конкурентноста, се двете прашања што ќе ги отвори Стопанската комора на Македонија на претстојната конференција за земјоделство и прехранбена индустрија што ќе […]

„Бомба“ од Боинг: Знаеле за проблемот една година пред падот на авионот


  Боинг призна дека знаеле за проблемот со авионите 737 Макс една година пред двата авиони да доживеат фатална несреќа, но дека ништо не презеле. Компанијата соопшти дека ненамерно направила аларм кој известува за проблемот со сензорите кои го мерат аголот на летање како дополнителна опција место стандардната, но инсистирале дека тоа не ја загрозува […]

Утре порано на скопскиот аеродром за утринските и вечерните летови


Поради посетата на папата Франциск патниците кои утре имаат утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во седум часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот, патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, соопшти концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија. Патниците кои ќе имаат вечерни летови, пак, треба да пристигнат […]

Премиерот Заев ќе учествува на годишната средба на ЕБОР во Сараево


Премиерот Зоран Заев ќе учествува на редовната средба на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) што од утре до 9. месецов ќе се одржи во Сараево, каде заедно со другите лидери од Западен Балкан ќе дебатираат за економски и политички прашања клучни за регионот. Според најавите, освен Заев настанот со присуство ќе го поддржат […]

Народна банка: Една петтина од приходите на банките се од провизии


Една петтина од приходите на банките се од провизии. Тоа се оние давачки што банките со многу инвентивност успеваат постојано да ги смислат и за услуги за кои не се очекуваат. Бидејќи банките се оставени сами да одредуваат за што и колкава провизија ќе се плаќа, резултатот е катагодишен раст на овој вид приходи на […]

Претседателот на ЕБОР, Чакрабарти, денеска во Скопје


Претседателот на ЕБОР Сер Сума Чакрабарти денеска ќе престојува во земјава во рамки на регионалната посета на Западен Балкан, а како подготовка пред Годишното собрание на ЕБОР што ќе се одржи следната недела во Сараево. За време на престојот тој во земјава ќе се сретне со претставници на Владата и на бизнис заедницата. Ова е […]

„Блиц“: Северна Македонија и Словенија најмногу профитирале од косовските такси на Србија


Косовската рампа за стоки од Србија, која годишно на српското стопанство и нанесува штета од 500 милиони евра, им направи добра работа на соседните земји на Србија, но и на најразвиените економии во светот, пишува „Блиц“ Бизнис во утрешниот број. Според информациите на кои се повикува „Блиц“, Косово во февруари годинава го има зголемено увозот […]

Плаќање на заостанати сметки за вода и смет без камата до 28 јуни


Заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека корисниците што имаат заостанат долг за потрошена вода и […]

Самит на слободни зони: Технологија и промени за атрактивни инвеститори


Во некои земји веќе може да се основа компанија и преку мобилен телефон. Современата технологија треба да се користи за да се комуницира со инвеститорите и нивно привлекување во слободните економски зони. Тие треба да се фокусираат на младите претпримачи  на идните мали и средни фирми коишто веќе сочинуваат три четвртини од сите инвеститори во […]

Царинската управа домаќин на 14. Светска царинска конференција


Царинската управа во соработка со Светската царинска организација од 22-24 октомври годинава ќе биде домаќин на 14. Светска царинска конференција ПИКАРД. Тема на светската конференција ќе биде „Smart borders“ за непречена трговија, патување и транспорт“ со што ќе се потврди определбата за непречено движење на стоки, патници и транспортни средства преку границите. Анализа на големи […]

Потпишан Договор за соработка помеѓу ТИРЗ и Светската организација на слободни зони


Нетранспарентна и без економска логика беше државната помош за привлекување странски инвестиции во претходната декада. Се потрошија премногу пари наспроти работните места што беа креирани и придобивките што се остварија за локалната економија, рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната министерската панел-дискусија во рамки на Европскиот самит на слободни зони во Скопје. Бектеши нагласи […]

ССМ бара зголемување на минималната плата


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара зголемување на минималната плата на 13.800,00 денари, со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства. -ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за март 2019 година изнесува 32.852,00 денари, а само трошоците за храна и пијалоци изнесуваат 13.798,98 денари, постои […]

Анѓушев: Зоните направија голем исчекор во развојот на нашата економија


Недоволната соработка на странските инвеститори со домашните компании и недостигот на квалификуван кадар остануваат клучни предизвици за развој на техничко-индустриските зони во земјава, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев пред почетокот на денешниот Европски самит на слободни зони што се одржува во Скопје. Зоните, според Анѓушев, направија голем исчекор во развој на нашата индустрија, но има уште […]

По изборите, огласи за закуп на 15.000 хектари државно земјиште


По завршувањето на изборите, Министерството за земјоделство ќе објави нови огласи за доделување државно земјоделско земјиште под закуп. „Се работи за јавни огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до и над три хектари, во повеќе региони во државата. На јавните огласи земјоделците ќе може да конкурираат за добивање на […]

Народна банка: Лани фатени 44 фалсификувани илјадарки


Народна банка лани открила 919 фалсификувани странски пари во Македонија. Од нив, 731 банкнота биле американски долари, а од откриените фалсификувани евра, 145 биле банкноти и 4 монети од 2 евра. Вкупно, Народна банка извршила експертиза на 1.031 парчиња, од кои 112 се покажало дека се оригинални пари. Споредено со 2017 година, лани биле откриени […]

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници


Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава во последниот квартал лани изнесувал 1.969.109. Реализиран е сообраќај од 1.387.086.595 милијарда минути, од кои 1.198.245 минути  се сообраќај од претплатници на домашен оператор при роаминг надвор од државата, покажува последниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за состојбата на пазарот на електронски комуникации. Во […]

Од идната грејна сезона пониски сметки за парното, се намалува ДДВ-то од 18 на 5 отсто


Ќе се намали данокот на додадена вредност за парното греење и користењето природен гас од 18 на 5 отсто, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Како што изјави денеска по состанокот на Интерресорската работна група за животна средина, оваа мерка е дел од владиниот план за чист воздух и намалување на загадувањето, а ќе профункционира од […]

Околу 70 милиони евра за поддршка за нови инвестиции


Премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска одржаа работна средба со претставници на бизнис секторот од Струмица и струмичкиот регион, на која ги повикаа да аплицираат за финансиските средства определени за поддршка на нови инвестиции и раст на конкурентноста на домашните компании. „Го гледавме примерот за економски напредок […]