„Ле Монд“ објави дека вработува само вити луѓе. Најбогатиот човек во Европа ги нарече написите „италијанска опера“ 


Париз – Бернар Арно, најбогатиот човек во Европа, ги отфрли тврдењата дека не вработува дебели луѓе во писмо во кое се исмејува истрагата на весникот за неговата бизнис империја. Новинарите од левичарскиот весник „Ле Монд“ го изнесоа тврдењето откако го посетија седиштето во Париз на LVMH, конгломератот за луксузни стоки што г-дин Арно, 77, го […]

Во понеделник ќе се знае дали ќе има нови мерки за дизелот и за бензините, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денска изјави дека во понеделник ќе се знае дали Владата ќе интервенира дополнително кај акцизите и ДДВ за нафтените деривати. Тој рече дека е добро што цената на нафтата на светските пазари се стабилизира и дека врз основа на тоа следната недела очекува значајно намалување на цента на дер „Знаете дека на […]

„Џонсон и Џонсон“ понуди да обесштети илјадници тужители кои тврдат дека детската пудра предизвикува рак на јајници


Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson) понуди да исплати отштета од 5,5 милијарди долари на десетици илјада тужителите, кои тврдат дека детската пудра и другите производи со пудра предизвикуваат рак на јајници. Предложената спогодба има за цел да стави крај на долготрајната правна битка. Компанијата со седиште во Њу Џерси ги негира обвинувањата […]

Халк Финфлуенсер: 12 видео упатства за брзо и лесно банкарство


Халкбанк го доближува банкарското работење до своите корисници преку 12 кратки и корисни видеа за брзо и лесно користење банкарски услуги преку мобилен телефон. Станува збор за серија едукативни видеа со актерката Дарја Ризова, во кои се објаснети чекорите за користење на најчестите банкарски услуги преку мобилната апликација на Халкбанк. Банката во изминатиот период постојано […]

Проф. Лепиткова: Современото рударство денес е неспоредливо со практиките од минатото


Во период кога Европа интензивно бара нови извори на критични минерали, научната и стручната јавност сѐ почесто укажува дека современите рударски технологии значително напредувале и нудат многу повисоки еколошки стандарди отколку пред неколку децении. Претседателката на Македонското геолошко друштво и универзитетска професорка Соња Лепиткова посочува дека денешното рударство користи решенија кои значително го намалуваат влијанието […]

Авион на „Квантас“ леташе од Мелбурн до Тулуз без престан


Тест авионот A350-1000ULR на „Ербас“ слета во Тулуз по непречен лет од Мелбурн кој траеше 24 часа и 10 минути. Авионот, со регистрациски број F-WULR, беше развиен за програмата „Проект Санрајз“ на „Квантас“, преку која австралиската компанија сака да ги воведе најдолгите комерцијални рути без престан во светот. На повратната етапа од тестот, авионот прелета […]

Србија доби прв еднорог, стартап компанија вредна милијарда долари


Србија го доби својот прв „еднорог“. Компанијата Оминимо ја затвори инвестициската рунда Серија Б со учество на инвестициската филијала на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), достигнувајќи пазарна вредност од 1,6 милијарди долари. Оминимо развива осигурителни производи од нова генерација користејќи вештачка интелигенција, напредни математички модели и анализа на податоци за попрецизна проценка на […]

Собранието го усвоиот ребалансот на Буџетот за 2026 година


Со 64 гласови на пратеници „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција на расправата во Парламентот посочија дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии преку политики. Пратениците од опозицијата, пак, тврдат дека дополнетиот предлог-ребаланс […]

Пад на цената на нафтата на светските берзи


Цените на акциите денеска главно се зголемија, а цените на нафтата паднаа за речиси 7 проценти бидејќи САД и Иран се воздржаа од судири додека се разговара за можно продолжување на преговорите за привремен договор за прекин на огнот. Акциите на кинескиот производител на мемориски чипови CXMT скокнаа за дури 466 проценти на технолошката берза […]

Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите


Две одделни анкети за мерењето на задоволството на корисниците спроведени од Народната банка покажуваат дека расте задоволството од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и навременост и од комуникацијата на централната банка. – Во споредба со анкетите спроведени во 2021 и 2013 година, речиси кај сите оценувани сегменти е забележано подобрување, при што просечните оценки […]

Владината приказна за развоен ребаланс звучи само како убав ПР: Опозицијата со критики за новата буџетска рамка


Кога просечната плата не ја достигнува минималната кошница, Предлог – ребалансот на Буџетот не може да се брани како доказ за стабилност, туку тој станува доказ дека економската политика не успева да го заштити достоинството на трудот, оцени денеска на собраниска седница пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во неговата дискусија по владиниот предлог за ребаланс […]

Намалените акцизи и ДДВ за горивата го чинат Буџетот 26 милиони евра: Дополнетиот ребаланс пред пратениците


Интервенциите на Владатакај акцизите и ДДВ за горивата ќе го чинат Буџетот околу 26 милиони евра, откри денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска елаборирајќи го пред пратениците дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година. Таа рече дека вкупните приходи се ревидираат повисоко за 1,2 отсто од иницијалните проекции, но дека даночните приходи се намалуваат за […]

Дизелот од утре 98,5 денари, бензините поскапуваат за 3 денари


  Цените на горивата одат забрзано нагоре. Регулаторна комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои на сила стапуваат од полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за […]

Без фер конкуренција нема одржлив систем за управување со отпадот од пакување, порачува Асоцијација за управување со отпад


Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора апелира до институциите да обезбедат доследна примена на законите, еднакви услови за сите учесници на пазарот и заштита на интегритетот на системот за управување со отпадот од пакување. Само стабилна и предвидлива регулаторна средина може да обезбеди континуитет на инвестициите и исполнување на националните […]

Наградна игра за млади со ZIPP картичката од Комерцијална банка


Клиентите на возраст од 18 до 29 години кои се корисници на Zipp Mastercard Debit World картичката од Комерцијална банка, со секоја трансакција учествуваат во Наградната игра ZIPP & WIN и добиваат можност да станат добитници на електричен MATE велосипед или 30.000 денари на нивната Zipp сметка. Во периодот до 10 септември 2026 година, секоја […]

Кои европски земји најмногу ја чувствуваат кризата во Oрмуз?


Пo краткото затишје по договорот меѓу САД и Иран, кризата во Ормускиот теснец повторно предизвика вртоглаво зголемување на цените на нафтата. Пловењето низ клучниот морски пат меѓу Иран и Оман останува исклучително ризично поради неодамнешните напади врз танкери за нафта од страна на Иран и јеменските бунтовници Хути. Иако САД тврдат дека преминот е отворен, […]

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница


Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање, денеска е на дневен ред на 118. седница на Собранието. Претресот по дополнетиот ребаланс на буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена.  Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со  амандманите […]

Премиерот го објаснува царинскиот режим со САД


Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините […]

Мицкоски: призна: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит


Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско […]

Левица: ДПМНЕ утре ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен


Утре, на собраниската седница, власта ќе побара од пратениците да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2026 година – документ со кој расходите се искачуваат на 425,2 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит расте од 39,2 на 46,1 милијарда денари, односно на 4,1% од БДП. За покривање на дефицитот и отплата на обврските се предвидуваат 76,4 […]