ФЕД ги задржа каматните стапки непроменети, но се појави голема поделба


Федералните резерви во среда гласаа да ја задржат својата клучна каматна стапка непроменета, но не без противење од тројца функционери кои изразија загриженост за инфлацијата и сакаа да ја зголемат (каматата). И покрај растечката поддршка од некои функционери за зголемување на стапката, Федералниот комитет за отворен пазар гласаше со 9-3 за да го остави целниот […]

Вол Стрит: Дау Џонс го имаше најлошиот ден од април 2025 година.


Акциите паднаа во среда од мноштво причини, но најмногу затоа што пазарот на обврзници сигнализираше дека Федералните резерви можеби заостануваат во борбата против инфлацијата, бидејќи централната банка одлучи да ги задржи каматните стапки непроменети. Индустрискиот просек Дау Џонс затвори за 1.153 поени, или 2,2%, што е најлошиот пад од април 2025 година. S&P 500 падна […]

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка


Собранието вечерва ги донесе Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, по скратена постапка и Законот за задолжување […]

Конфликт на Блискиот Исток и намалените американски залихи ги зголемија цените на нафтата


Цените на нафтата денес скокнаа на меѓународните пазари, надминувајќи 91 долар, бидејќи инвеститорите беа вознемирени од нов бран конфликти во регионот на Персискиот Залив и остриот пад на американските залихи. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за дури 6,57 долари за барел повеќе, во однос на вчерашното затворање од 90,66 долари. На американскиот пазар, таа […]

Илјадници работници на Ауди излегоа на улица: Се плашат од затворање на фабриката и масовни отпуштања


Околу 6.000 вработени во фабриката на Ауди во Некарсулм денес протестираат поради можното прекинување на производството на оваа локација и бараат план за реструктуирање од матичната компанија Фолксваген. Работниците и синдикатот IG Metal не бараат само зачувување на постојните работни места, туку пред сè јасна стратегија за иднината на фабриката, објавува Tagesšau. Фабриката во Некарсулм […]

Народна банка: Макроекономските показатели се во согласност со проекциите


Советот на Народната банка (НБ) го усвои кварталниот извештај според кој, најновите макроекономски показатели главно се движат во согласност со априлските проекции.  Во извештајот, соопшти денеска НБ, се наведува дека надворешната позиција на земјава е стабилна, а девизните резерви се одржуваат на соодветното ниво за зачувување на стабилноста на курсот на денарот во однос на […]

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје


Групацијата Лимакго назначи Санџак Курт за нов генерален директор на Лимак Скопје.  Како долгогодишен професионалец и носител на раководни позиции во интернационалната групација Лимак, тој ја презема оваа функција по повеќе од две децении богато искуство во управување со комплексни инфраструктурни, енергетски и градежни проекти, реализирани во Турција, Албанија, Северна Македонија и Саудиска Арабија. Санџак […]

Премиерот очекува намалување на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата


Премиерот Христијан Мицкоски очекува в понеделник да има надолна корекција на цените на дизелот и на бензините во државата и дополнително стабилизирање на инфлацијата. Порача дека Владата останува на политиката за поддршка на стандардот на граѓаните и зачувување на ценовната стабилност.  – Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за „Брентот“ се […]

Од недела ЕУ воведува задолжително етикетирање на содржината генерирана од вештачка интелигенција


Од 2 август, во Европската Унија ќе почнат да се применуваат нови правила за транспарентност на вештачката интелигенција, како дел од Европскиот закон за вештачка интелигенција (AI Act). Целта е корисниците веднаш да можат да препознаат дали комуницираат со вештачка интелигенција или гледаат содржина генерирана од вештачка интелигенција. Компаниите ќе мора јасно да ги етикетираат […]

Цената на нафтата скокна на над 87 долари по новите конфликти меѓу САД и Иран


Новите конфликти меѓу Соединетите Американски Држави и Иран го поттикнаа порастот на цените на нафтата на 87 долари за барел, европските берзански индекси се во позитива, додека пазарите ја чекаат одлуката на американските Федерални резерви за каматните стапки, како и извештаите за заработката на големите технолошки компании Мајкрософт, Мета и Квалком. Цената на северноморската нафта […]

ЕУ сака нова генерација технолошки гиганти. Им дава пристап на стартапите до најсовремена опрема


Европската комисија усвои нова доброволна повелба која треба да им овозможи на стартапите и малите и средни претпријатија да тестираат производи во водечките европски лаборатории. Целта е да се скрати времето потребно за иновациите да стигнат до пазарот и да им се олесни на компаниите да ги користат врвните истражувачки капацитети, објави Комисијата во среда. […]

Бе-ем-ве ќе укине 8.000 работни места


Германскиот производител на автомобили Бе-ем-ве (BMW) ќе укине 8.000 работни места ширум светот, јави Германската новинска агенција (ДПА) повикувајќи се на неименуван извор. Предвидено е намалувањето на работните места ќе се одвива преку флуктација на вработените и доброволно заминување. Кратењето на работните места ќе се одвива од октомври годинава до крајот на 2027 година, а […]

Со два милиони евра грант од ЕУ се воведуваат паметни граници


Царинската управа информира дека започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со кој се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската унија во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас потпишан е договор со изведувачот за набавка […]

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи


Продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно (на домашниот и на странскиот пазар) во јуни годинава се зголемени за 0,5 проценти во однос на претходниот месец, а за 6,2 проценти во однос на јуни минатата година – објави Државниот завод за статистика.  Во однос на мај, регистрирано е зголемување на продажните цени во секторите […]

Субвенции од 30.000 денари за приклучување на гас


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат […]

Бјорн Габриел од ЕИБ: Постигнавте напредок во енергетската транзиција, потребна е модернизација на енергетскиот систем


Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток не научи дека треба да се ослободиме од зависноста од фосилни горива и посилно да се насочиме кон енергетската автономија и кон зелената транзиција. Западен Балкан е во клучен момент во својата енергетска транзиција. Регионот има значаен потенцијал за обновливи извори и силна стратешка позиција, но претворањето на тој […]

„Виза“ ќе отпушти седум отсто од работната сила


  „Виза“, која ја води најголемата мрежа за плаќања во светот, планира да намали околу 7% од својата работна сила, бидејќи извршниот директор Рајан МекИнерни се стреми да ја рационализира компанијата и да инвестира повеќе во областите на раст, според меморандум потврден за Си-Ен-Би-Си. Компанијата планира да намали околу 2.600 работни места, претежно во технолошки […]

Заминува уште една странска компанија, БМЗ ја затвора фабриката во Илинден, се сели во Полска


  Германската компанија БМЗ (BMZ Group), која произведува литиум-јонски батерии, донесе одлука целосно да го затвори својот производствен погон во Македонија до крајот на 2026 година и да го пресели своето производство во Полска. Со оваа деловна одлука се засегнати околу 90 лица кои што беа вработени во погонот во Скопје, но и други потенцијални […]

Падна водостојот на Рајна – поскапе транспортот: „Малите товари се неисплатливи“


Нивото на водата во Рајна повторно се намали поради топлото и суво време, објави денес германската агенција за внатрешни пловни патишта, што обично значи поголем сообраќај на бродови и повисоки трошоци за транспорт на суровини и гориво за фабриките. Рајна е најважниот комерцијален внатрешен пловен пат во Европа и важна транспортна рута за стоки како […]

Основната камата на Народна банка останува 4,25 отсто – и натаму постои висока неизвесност


Извршниот одбор на Народната банка денеска одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25 проценти. Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување. Во јуни НБ ја зголеми основната каматна стапка од 4 на 4,25 проценти.  – Движењата на девизниот пазар од почетокот на […]