Од продавница во Велес украдени 22 лаптоп-компјутери


Како што известуваат од МВР, во продавницата „Нептун“ во Велес, во вчера или завчера непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што со употреба алат ги отстранил катанците од влезната врата, го искршил стаклото, влегол внатре и одзел 22 лаптоп-компјутери, разни марки и модели, по што го напуштил местото на настанот. Од велешката полиција велат […]

Кривична пријава за директорот на МРТ


Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување е поднесена против директорот на Македонската радио телевизија М.Ц. кој во 2016 година склучил договор со фирмата „Аналитика“ за електронско мерење на ТВ аудиториум со пиплметри на територијата на Македонија. Освен за директорот на МРТ, кривична пријава има и за Г.С (56) кој бил застапник на […]

Марјан Ристески осомничен за малверзации со масло за греење


Поранешниот градоначалник на Припел, Марјан Ристески заработи кривична пријава за набавка на масло за греење за 2015 и 2016 година за потребите за општината, за неколку пати повеќе од потребните количини. Ристески, според МВР, го оштетил Буџетот на општината за 41 илјада евра со набавка на над 66 илјади литри масло за двете години што […]

На граница фатен Косовец баран од Интерпол


Едно лице од Косово, барано со потерница од Интерпол, вчера е лишено од слобода на граничнот премин Долно Блаце, а две лица од Албанија се приведени во Охрид и во Полициската станица за граничен премин Меџитлија поради немање документи и непријавување престој во Република Македонија, информира МВР. Косовецот Г.И. (29) бил предаден на полицијата во […]

Десет сообраќајки во Скопје, еден загинат


Едно лице загина, едно се здобило со тешки телесни повреди, а осум се полесно повредени во десет сообракајќни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје. Дваесет и двајца возачи биле исклучени од сообраќај, од кои пет возеле под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 12 возачи кои возеле пред да […]

Актерот Владо Јовановски излегува од затвор


Актерот Владо Јовановски, излегува од затвор и отсега натаму ќе биде во куќен притвор, одлучил кривичниот совет на скопска Апелација. Од друга страна, пратеникот на ВМРО–ДПМНЕ, Крсто Мукоски, останува во притвор во Шутка. Апелациониот суд го одби неговото барање мерката да му се ублажи со куќен притвор. Пред апелационите судии Мукоски се пожали дека сериозно […]

Василевски, Лазаров, Ѓошевски и Пешов остануваат во притвор


Пратеникот Сашо Василевски, началникот во МВР Душко Лазаров, шефот на обезбедување на Трајко Велјаноски, Горан Ѓошевски и началникот на посебните и специјалните единици Митко Пешов, остануваат во притвор, откако Апелациониот суд ги потврди одлуките на Кривичниот суд. Апелациски денеска треба да ги разгледува жалбите и на пратениците Љупчо Димовски и Крсто Мукоски. Апелацискиот суд Скопје […]

Детали за убиството во Штип: Синот главен осомничен за смртта на својот татко


Според првичните сознанија од истрагата на штипската полиција за убиството на 62-годишниот Т.Б., кој вчера беше пронајден мртов во својот дом на ул. „Сутјеска“, бил убиен од неговиот 29-годишен син Г.Б и негов пријател, на возраст од 24 години. Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип, вели дека најпрвин во раните утрински часови почнала кавга меѓу синот […]

И Канческа – Милевска не им верува на телефонските разговори


Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска ги побара од судот аудио-снимките од „бомбите“ за да можела да утврди дали се автентични нејзините телефонските разговори. И бранителката на обвинетета Канчевска- Милевска, скопската адвокатка Сања Алексиќ, рече дека побарала од Специјалното јавно обвиинтелство да ѝ бидат предадени аудио материјалите кои се дел од доказите, но дека тие […]

Полицијата трага по штитеничка од „Ранка Милановиќ“ и две малолетнички


Три лица лица меѓу кои 19-годишна штитеничка на Јавната установа „Ранка Милановиќ” во Гази Баба, и две малолетнички на возраст од 16 и 17 години од Чаир се оддалечиле во непознат правец, а случаите се пријавени во полиција. МВР информира дека случајот со штитеничката С.Р. (19) синоќа во Полициската станица Гази Баба го пријавил социјален […]

Македонски камионџија слета кај Кутина


Македонски камионџија на возраст од 30 години и совозачка, чиј идентитет не се соопштува, за влакно и побегнаа на смртта во несреќа што се случи во понеделникот околу 16 часот во близина на хрватскиот град Кутина. Тие во последен момент успеале да ја отворат вратата од кабината, по што завршиле во смрзнатата река Пакра, пишуваат […]

Грчките спасувачи немале навремена информација дека планинарите се изгубени


Во ексклузивниот разговор за „Нова Македонија“, директорот на ски-центарот „Ворас“ Танос Панајотопулос открива нови детали околу акцијата за пронаоѓање на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски. Според Танос Панајотопулос, клучно за акцијата за спасување било времето меѓу 11.30 и 13.30 часот, кога македонските планинари сами ги барале своите исчезнати колеги. Исто така, тој истакнува дека […]

МТСП: Девојките забремениле по своеволни односи со штитеници од установата


Во двата нови случаја на бременост на малолетнички, штитенички на Домот за деца со социјално-воспитни проблеми „25 Мај“ од Скопје, нема злоупотребување или сексуална експлоатација. Тие забремениле откако своеволно имале односи со штитеници од установата со кои биле во врска, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Едната малоленичка која била 15-годишна ја прекинала бременоста […]

Кривична пријава против силувачот на малолетничката од „25 Мај“


Тринаесетгодишната ромска девојка мораше да абортира бидејќи забремени по сексуалното малтретирање на кое била изложена како штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје. Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) алармираше за случајот и ги повика надлежните власти веднаш да реагираат и на оваа девојка да ѝ обезбедат соодветна медицинска грижа за […]

Условна казна за новинарката Ивона Талевска


Новинарката Ивона Талевска доби условна затворска казна затвор од две години ако во наредните четири години не стори кривично дело . Пресудата беше соопштена денеска по само едно одржано рочиште во скопскиот Кривичен суд. Талевска ја призна вината и сите дејствија во обвинителниот акт, по што за очекување беше дека ќе помине со условна казна. Таа […]

Кривична пријава за ексградоначалникот на Росоман


Полицијата поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против С.Л.(53) поранешен градоначалник на Росоман, Д.М.(46), одговорно лице во АГРОПЛАСТ РОС ДОО Росоман и Б.Ј.Ј.(35) одговорна во МБМ „Архитекти“ Скопје. Пријавените се осомничени дека го оштетиле буџетот на општина Росоман за 574.636 денари, кои, според , пријавата, биле исплатени за неизвршена изградба на […]

Скопјанец пронајден мртов во својот дом


Од МВР известуваат дека во Скопје вчера во 16 часот бил пронајден починат Ж.М. (67) во куќата во која живеел. Телото било пронајдено од страна на неговиот брат. Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Случај „Тифани“: СЈО бара осудителна пресуда за Ивона Талевска


Во Кривичниот суд денеска почна судењето за предметот „Тифани“ во кој за даночно затајување е обвинета новинарката Ивона Талевска. Пред судијката Софија Лаличиќ, обвинителката Елена Јосифовска го презентира обвинителниот акт. Таа побара осудителна пресуда и плаќање на избегнатите обврски. По презентирањето на обинителниот акт, судијката Лаличиќ даде пауза бидејќи претставникот на Државното правобранителство Зоран Петковски […]

Турски државјанин фатен со лажен пасош, побарал политички азил во Македонија


Турски државјанин вчера побарал политички азил во Република Македонија, откако на влез на аеродромот „Скопје“ е уапсен со фалсификувана патна исправа. Како што информира МВР, вчера во 10.00 часот на Граничен премин – Аеродром „Скопје“ на влез допатувал А.М. (25) од Република Tурција со турска патна исправа. По извршена пасошка контрола и проверка констатирано е […]

Најмногу се гине во сабота


Шеесет и петгодишна жена од Битола и 69-годишен кумановец се најновите жртви на македонските патишта. Тие загинаа во саботата околу 11 часот во сообраќајна несреќа што се случи во близина на селото Ропотово на регионалниот пат од Прилеп до Македонски Брод. Уште три лица се повредени во судирот меѓу три возила, соопшти полицијата. Најмногу се […]