Македонец уапсен во Врање, шверцувал „апаурини“


Македонски државјанин е уапсен во Врање поради шверц со лекови за смирување. Според српските медиуми, возачот на автобусот од Скопје се обидел да пренесе 100 кутии „апаурин“, 257 кутии „лексилиум“ од три милиграми и 203 кутии „лексилиум“ од шест милиграми. Станува збор за лекови за смирување и несоница. Случајот е во рацете на Обвинителството во […]

Цела седмица Груевски во судница


На поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, од утре до петок, ќе му се суди во континутет за неколку кривични предмети по кои постапува Специјалното јавно обвинителство, јавува правосудство.мк Тој утре треба да се најде на обвинителна клупа за случајот  „Тенк“, односно за набавката на службениот „мерцедес“ вреден 600.000 евра. На судењето, кое […]

Се преврти камион кај Стоби, блокиран автопатот Скопје-Гевгелија


Камион се преврти на автопатот Скопје -Гевгелија кај Стоби, при што зафати по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје, и кон Гевгелија. Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес,  информира дека неготинска полициска екипа е на терен и во тек е увидот на местото на настанот. Од […]

Советникот во МВР со кривична пријава и без пасош


Советникот во кабинетот на министерот за внатрешни работи доби кривична пријава и ќе се брани од слобода за „злоупотреба на службена положба и овластување“, но заради претпазливост привремено му е одземен пасошот и е обврзан да се јавува пред надлежен орган, одлучи судот. Советникот во МВР Д.С., кој беше приведен завчера во полициска станица, се […]

По трагедијата во Чаир: Споменот на Ајана ќе живее преку Нухо


Солзи, тага и неутешност, ниту еден збор не допира до семејството Јакупи од скопската населба Чаир. Смртта на малата Ајана, која едвај беше стара 14 месеци, ги урна сите надежи за среќна иднина и подобро утре. Светло на крајот на тунелот е двомесечниот Нухо, кој сѐ уште не е свесен дека на неговите меки плешки […]

БиХ: Македонец уапсен поради убиство пред 18 години


Македонскиот државјанин Назим Броња (44) е уапсен при влез во Босна и Херцеговина поради убиство извршено пред 18 години. Според тамошните медиуми, нашинецот е приведен кога сакал да влезе во Вишеград преку граничниот премин Увац. Тогаш, надлежните забележале дека против него е распишана потерница. Тој се товари дека во почетокот на 2.000 година, заедно со […]

Заев тврди дека е невин за „Поткуп“


Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструиран во периодот кога беше лидер на опозицијата. – Во спрега со Обвинителството конструираа обвинителен акт со злобни намери да бидам спречен за политичко дејствување. Ќе […]

Заев дојде на судење за „Поткуп“, сведокот Николов не се појави


Во Кривичниот суд денеска почна рочиштето за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Во судницата е присутен Заев, но е дојден сведокот Иван Николов, за кого, како што беше речено на рочиштето немало доказ за уредна достава на поканата. Одбраната побара да се утврди дали имало наредба за тајно снимање и потоа […]

Нападнат и претепан Бранко Синадиновски


Основачот на верската заедница на православните Албанци во Македонија Бранко Синадиновски вчера бил нападнат од две непознати лица во Скопје. Случајот е пријавен во полиција, која го истражува мотивот. Синадиновски физички бил нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром. Синадиновски стана познат во јавноста по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за […]

ОЈО: Таткото го избол синот со нож во самоодбрана


Според првичните сознанија на Основното јавно обвинителство Кочани, синоќа во село Теранци, по семејна расправија татко во самоодбрана со нож нападнал својот 38-годишен син. Од Обвинителството велат дека на нападот претходела расправија, која веќе подолго време во континуитет се одвивала во семејниот дом. Според првичните сознанија, таткото на возраст од 78 години, во самоодбрана со […]

Одложено повтореното судење за „Шпион“


Само петнаесетина минути траеше денешното продолжение на повторениот судски процес „Шпион“. Одложувањето дојде по барање на адвокатот Туше Гошев кој, пак, своето непрсуство го оправда со службена зафатеност. Судскиот совет, не само што го прифати барањето на адвокатот, туку и ги информираше присутните дека списите кои беа побарани од Врховниот суд се пристигнати во судот […]

Татко го избол синот со нож по расправија


Седумдесет и петгодишен жител на кочанското село Теранци по расправија и физичка пресметка синоќа го избодел со нож својот син. Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа околу 23:20 часот во кочанското село Теранци, дошло до расправија и физичка пресметка помеѓу Д.С.(75) и неговиот син Д.С. (38). Во пресметката, таткото со нож му нанел […]

Приведен насилник кој нападнал полицаец


Ј.А. (45) од Пробиштип синоќа бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка откако во 20:30 часот на ул. „Ќикевачка“ во Свети Николе физички нападнал полициски службеник, а претходно и две лица од Свети Николе. МВР информира дека во наведеното време двајца полициски службеници отишле на местото по пријава за физички напад од […]

Иснифарис Џемаили: Маневски и Мијалков ме притискаа да сведочам против Бучковски


Повеќе од 150 присутни членови на Здружението „Зелена лупа“ и на Комитетот за заштита на правата на жртвите на правосудниот систем одржаа заедничка трибина, насловена „Сите заедно по патот на правдата“. Според организаторите на настанот, идејата е да се проговори за поднесените иницијативи до сега веќе распуштениот Совет за утврдување факти, за можноста за поднесување […]

Повредени регрути бегајќи од пукање во Центарот за обука во Идризово


Завчера инструктор во Центарот за обука во Идризово пукал со пиштол во близина на десеттина кадети, тврдат извори за Нетпрес.  На полицаецот инструктор Јордан К. наводно му пречела вревата на младите, па решил да пука со службениот пиштол. Регрутите во паника почнале да бегаат и некои од нив се повредиле. Од МВР нема потврда за инцидентот. […]

Еден загинат и двајца повредени во тешка сообраќајка на патот Градско-Прилеп


Едно лице загина, а две се тешко повредени, во сообраќајна несреќа што утрово околу 10 часот се случи на патот Градско-Прилеп. Според првичните сознанија кои ги потврди портпарол на СВР-Велес, Верољуб Додевски, станува збор за директен судир помеѓу патничко и товарно моторно возило. Увидот е во тек, на самото место е и екипа од Територијалната […]

Повреден полицаец на вчерашниот протестот за одбрана на името


Полицаец кој го обезбедувал седиштето на ЕУ во Скопје вчера бил повреден со камен од лице кое присуствувало на протестот организиран од Светски македонски конгрес и Македонските заедници во Европа. Кај едно лице биле пронајдени молотови коктели, а запалени биле и знамињата на Грција и Албанија. Како што соопштија од МВР, за време на вчерашниот […]

Поради мито приведен советникот на градоначалникот на Шутка


Попладнево е приведен Суад Мемеди, советник на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш. Како што неофицијално дознаваме, Мемеди е уапсен под сомнение дека барал мито за легализација на куќа. Мемеди, според информацијите, бил фатен со обележани банкноти во раце.Веднаш по приведувањето, советникот е однесен во скопска полициска станица.

Two more cases of sexually abused girls in state care


A case of a 13-year old Roma girl, who became pregnant after years of sexual abuse, it seems isn’t an isolated case involving girls sheltered in an institution for troubled youngsters in Skopje. The European Roma Rights Center (ERRC) reported about similar testimonies shared by two Roma sisters, who have been reportedly sexually abused. Namely, the […]

Чавков, Мукоски и Василевски остануваат во притвор


Скопскиот Апелациски суд го продолжил притворот за 13 лица осомничени за насилството од 27. април минатата година. Меѓу оние на кои им е продолжен притворот е и екс-директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, а тука се и вработени во Агенцијата за разузнавање, но и лица од кабинетот […]