Во Албанија минатата година 120.000 пензионери биле активни на пазарот на трудот


Албанскиот институт за статистика (ИНСТАТ) објави дека во текот на минатата година, над 120.000 пензионери биле активни на пазарот на трудот, што е зголемување од речиси 47 отсто во споредба со претходната година. Во 2024 година, бројот на лица над 65 години кои биле активни достигнал над 120.142, во споредба со 81.835 лица кои биле […]

Турција ја погоди земјотрес со јачина од 4,6 степени


Турција денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри, околу 57 километри југоисточно од градот Баликешир во западна Турција. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Турција ги укина дополнителните царини за голем број американски стоки пред средбата Трамп-Ердоган


Турција ги укина дополнителните царински стапки воведени на голем број производи со потекло од САД, јави „Туркије тудеј“, повикувајќи се на указ на претседателот Реџеп Таип Ердоган, објавен во турскиот Државен весник. Со оваа одлука се укинуваат низа царини воведени од 2018 година. Првично, тие беа донесени како одговор на дополнителните царини што САД ги […]

Турција во пламен, за два дена 25 пожари


Борбата со големиот шумски пожар во округот Којџегиз, во турската провинција Мугла, продолжува и денеска, додека огнот, под влијание на силен ветер, брзо се шири. Според „Анадолија“, во акцијата за гаснење се вклучени 147 цистерни, 123 возила, 20 машини и речиси 950 пожарникари, а од воздух помагаат 10 авиони и 14 хеликоптери. Досега се евакуирани […]

Олеснувањата за кредити за 60 проценти од вработените и речиси сите пензионери во Србија


Покрај пропишаните пониски каматни стапки, Народната банка на Србија (НБС) воведе и посебни стимулации за отплата на кредити, што ќе им помогне на оние кои се уште се двоумат дали да земат кредит или не. Гувернерката на Централната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, проценува дека мерките ќе опфатат повеќе од 60 проценти од вработените и […]

Јотова: Почитувањето на правата на етничките заедници е пат до ЕУ


Една од најголемите вредности на Европската Унија е зачувувањето на идентитетот на народите. ЕУ е над сите човекови права – таму каде што тие не се гарантирани, тоа не е Европската Унија. Дел од овие права се правата на етничките заедници. Нивното почитување е вистинскиот пат кон Европската Унија. Ова, според БГНЕС,  го изјавила потпретседателката […]

Вучиќ отфрла критики: 47.000 луѓе присуствуваа на воената парада во Белград


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги отфрли критиките во врска со денешното одржување на воената парада и истакна дека на неа присуствувале повеќе од 47.000 граѓани „наспроти 237 од оние“ кои „го критикуваат во некои медиуми и на социјалните мрежи“. На прес-конференција во Белград со лидерот на владејачката коалиција во Република Српска, Милорад Додик, тој […]

Израелскиот ракетен систем „пулс“ и дронот „хермес“ беа прикажани на воената парада во Белград


Израелските ракетни системи PULS и беспилотното летало Hermes 900 беа прикажани на јавноста за прв пат денес на парадата на воената парада „Силата на единството“ во Белград. Фотографиите од презентираниот ракетен систем и леталото ги објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според RTRS, PULS е модуларен ракетен систем произведен од израелската компанија Elbit, со дострел […]

Стивен Сигал на воената парада во Белград: Блискиот пријател на Вучиќ снима филм во Србија


Американскиот актер Стивен Сигал присуствуваше на воената парада „Силата на единството“ организирана пред Палатата на Србија во Белград по повод Денот на српското единство, слободата и националното знаме. Реклама Меѓу другото, беше снимено со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ. На парадата присуствува државниот врв на чело со Александар Вучиќ, како и […]

(Фото+видео) Голем пожар во Анталија, евакуирани гости од неколку хотели


Шумскиот пожар во округот Аксу во Анталија (Турција) е ставен под контрола, а поради претпазливост синоќа биле евакуирани гости од неколку хотели. Пожарот избувнал околу 21 часот синоќа. Засега не е утврден причинителот, јавува TRT Haberler. Поради силен ветер, пожарот брзо се проширил и зафатил голема територија. Противпожарни екипи веднаш биле испратени на терен. Belek […]

Хрват ги презема претседателските должности на Додик


Потпретседателот на Република Српска, Давор Прањиќ (ХДЗ), кој е Хрват, ги презеде претседателските должности наместо неформалниот лидер на тој ентитет, Милорад Додик. Прањиќ потпиша декрети со кои се донесуваат два закона, кои де факто ги признаваат одлуките на институциите на БиХ за разрешувањето на Додик. Како што објави канцеларијата на Милорад Додик, кој сè уште […]

ЕУ: Албанската јавност е лишена од информации за владината програма


Делегацијата на Европска Унија во Тирана соопшти дека на вчерашната тензична пленарна седница „јавноста беше лишена од информации за владината програма, а Парламентот има клучна улога во носење на законските реформи поврзани со ЕУ“. Делегацијата на ЕУ нагласи дека Парламентот треба да биде форум за конструктивна дебата, каде што се дискутираат политиките и се презентираат […]

Мегаломански проект што може да ја уништи Турција: Дали каналот на Ердоган ќе стане гробишта на пари


Босфорот е клучен трговски пат со илјадници години, но денес е преоптоварен. Десетици илјади бродови го користат овој премин секоја година, и мора да чекаат од 14 часа до дури четири дена. Новиот канал треба да го олесни Истанбул, град изграден на два континента, но од првиот поглед на димензиите на проектот, станува јасно дека […]

Градоначалникот на Софија предлага училишната недела да почне со химна, секој ден со физичка активност


Градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, според пишувањето на БГНЕС, ќе предложи две нови иницијативи до Советот на општина Софија – едната е секој понеделник училишниот ден да започнува со бугарската  и европската химна, а втората иницијатива е училишниот ден за децата од прво до четврто одделение да започнува со физичка активност. „Верувам дека училиштето не […]

Од почетокот на идната година во Србија се враќа задолжителниот воен рок


Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ синоќа објави дека може да се очекува првата генерација да служи задолжителен воен рок на почетокот на следната година и истакна дека српската армија подготвила повеќе од 120 простории за таа намена. Гашиќ изјави дека за да се постигне тоа мора да се достават голем број законски и […]

Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа


Српските власти и руската државна корпорација Росатом започнаа разговори за проект за изградба на нуклеарна централа во Србија, изјави за „Известија“ српскиот амбасадор во Москва, Момчило Бабиќ. Тој истакна дека може да се очекува напредок во наредните години, пренесоа српските медиуми. „Сериозно разговараме со Росатом. Не мислам дека има подобра компанија во светот за изградба […]

Словенија има “непристоен предлог“ за Хрватска во врска со новата нуклеарна централа Кршко


Словенија ѝ испрати на Хрватска официјален предлог за изградба на нова заедничка нуклеарна централа, Кршко 2, а предлогот е далеку помалку поволен за Хрватска од сегашниот начин на управување со нуклеарната централа, во која секоја страна има 50 проценти удел. Според словенечкиот предлог, на кој Хрватска треба да одговори до крајот на септември, најдоцна до […]

Нема кој да ги бере мандарините во Хрватска


Мандарините веќе се жолти, но прашањето е: дали има некој да ги бере? Освен берачи, потребни се и работници во откупните центри, па затоа огласите на HZZ се полни, а луѓето бараат луѓе преку огласи, познаници и Фејсбук групи, пишуваат хрватски медиуми. Земјоделец од Опузен за 24.sata вели дека откупните центри „работат подолго, обезбедуваат подобри […]

Рама: Ние бевме Северна Кореја во центарот на Европа, мора да останеме со ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама во говорот пред студентите на Колеџот на Европа во Бриж, изјави дека „Албанија, за време на комунистичкиот период, била Северна Кореја во центарот на Европа“. Тој додаде дека земјата се подготвува да се приклучи на ЕУ и ги повика студентите да го унапредат европскиот дух. – Се надевам дека пред секое […]

Вучиќ: Рубио побара средба со мене, верувам дека е можно да се реши прашањето за царините


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека американскиот државен секретар Марк Рубио побарал средба со него за време на неговиот претстоен престој во Њујорк, каде што ќе присуствува на Генералното собрание на ОН, и дека верува оти е можно прашањето за американските царини да се реши, јавија српски медиуми. „Добив порака дека американскиот државен секретар Марк […]