БГНЕС: Воден е „бугарскиот Манчестер“ во Егејска Македонија


Древниот бугарски град и главен град Воден е познат по своите водопади, кои денес се природни убавини, а во неодамнешното минато биле извор на благосостојба за Бугарите во градот, пишува БГНЕС во денешниот текст во кој се гледа невидена леснотија со која се прогласуваат бугарски градови во Грција, а Софија не бара за тоа да […]

Седењето на две столици има цена, Русија не му нуди алтернатива на Вучиќ за санкциите од САД


Хрватскиот портал Index.hr објави анализа според која Москва не понудила „кризни алтернативи“ за Србија во месеците откако Вашингтон најави активирање на санкции кон Нафтната индустрија на Србија (НИС), каде мнозински сопственик е Газпром. Во анализата се тврди дека вклучувањето на мерките е закажано за 8 октомври и дека тоа би ја оставило земјата со дефицит […]

Турција потврди дека се обновени испораките на сурова нафта преку цефковод од Ирак по двегодишен прекин


Испораките на нафта преку цевковод меѓу Ирак и Турција се обновени изутрината, изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар. Цевководот беше затворен по земјотресите на 6 февруари 2023 година, а турскиот оператор БОТАШ ја обнови својата оперативна подготвеност во октомври истата година, наведе Бајрактар ​​на турската социјална мрежа Ен Соушл. Ирачката официјална […]

Жељзаков: Реформата на ОН не е избор туку неопходност


Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков во синоќешниот говор на Генералното собрание на ОН истакна дека реформата на Обединети нации не е избор туку неопходност. Тој наведе дека Бугарија целосно ја поддржува иницијативата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за ревизија на мандатите, структурни реформи и поефикасно користење на ресурсите на организацијата. Жељазков нагласи дека […]

Турците тестираат муниција со GPS водење на нов дрон: „Ова ќе ја обликува иднината“


Турското беспилотно летало „Бајрактар ​​Кизилелма“, развиено од компанијата „Бајкар“, успешно го заврши својот прв тест за лет со муниција со GPS водење. Директорот на претседателската одбранбена индустрија, Халук Ѓорѓун, сподели соопштение за тестот, наведувајќи дека е ставен „нов потпис“ на небото. „Нашиот национален беспилотен борбен авион „Бајрактар ​​Кизилелма“ успешно го заврши својот прв тест лет […]

Унгарија и Хрватска меѓусебно се обвинуваат за воено профитерство


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска одговори на коментарот на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој во контекст на енергетската соработка, ја обвини Хрватска дека се однесува како воен профитер. – Со огорченост ја отфрлам лажната теза дека Хрватска е воен профитер. Напротив, Хрватска е добар и чесен сосед, наведе Пленковиќ. Тој истакна дека […]

Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ


Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска денеска во Сараево изјави дека Алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина. Претходно, српскиот лидер Милорад Додик изјави дека ќе побара од Москва да биде прекината воената мисија ЕУФОР во БиХ. – НАТО трајно е посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. НАТО […]

Апсење во Србија: Обучувале Молдавци и Романци за немири на денот на изборите


Одделот за криминалистичка полиција – Служба за борба против тероризмот, во соработка со Агенцијата за безбедност и информации во Србија  уапси две лица под сомнение дека сториле кривично дело организирање учество во војна или вооружен конфликт во странска земја. Уапсени се Л. П. (1988) и С. С. (1978). Министерството за внатрешни работи не наведува дали […]

Грција вети дека ќе ги заштити бродовите од флотилата што пловат кон Газа во нејзините води


  Грција ќе гарантира безбедно поминување на бродовите што моментално се во нејзините води како дел од меѓународна флотила што се упатува кон Газа, изјави во четврток грчкиот министер за надворешни работи, додавајќи дека Атина го информирала Израел дека грчки државјани се во флотилата. Глобалната флотила Сумуд користи околу 50 цивилни бродови за да се […]

Интерна истрага во ЕПП за улогата на СНС


Европската народна партија (ЕПП) соопшти дека започнала внатрешна истрага за активностите на Српската напредна странка (СНС), која има статус на придружен член во таа конзервативна паневропска партија. Откако претставниците на социјалдемократите, зелените и либералите во Европскиот парламент неодамна ја повикаа ЕПП да ги исклучи прогресивците од членството поради недемократски тенденции, претседателството на ЕПП денеска им […]

Пленковиќ: Нема сознанија за специјална војна против Хрватска


Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека нема никакви сознанија дека африканската свинска чума е резултат на специјална војна против Хрватска. Министерот за земјоделство на Хрватска, Давид Влајчиќ, во вторникот пред новинарите во Осјек изјави дека не може да ја исклучи тезата дека против Хрватска се води „специјална војна“ со африканската свинска чума. Тој […]

Во Србија граѓаните плаќаат поскапа струја од 13 држави во Европа


 Граѓаните на Србија ја плаќаат поскапо електричната енергија од жителите на 13 европски држави, а владини претставници тврдат дека цената е на дното на листата на земји од Стариот континент и ќе остане таква и по 1 октомври, кога цената ќе се зголеми за 6,6 проценти. Како што пишува неделникот „Радар“, ако цената вклучува бројни […]

Словенија воведе санкции против Бенјамин Нетанјаху: Прогласен за персона нон грата


Владата на Словенија донесе одлука да му забрани влез на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со што стана првата членка на Европската Унија што воведе таква мерка против израелскиот премиер. Оваа одлука доаѓа по претходните санкции против двајца израелски министри – министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерката за финансии Безалел Смотрич, кои беа прогласени […]

Голема бура низ цела Херцеговина: Поплавени згради, автомобили и куќи


Големата бура зафати бројни градови во Босна и Херцеговина, додека пожарникарите имаа многу работа во јужните делови на земјата, како што се Љубушки, Чапљина и Јабланица. Па синоќа во Љубушки, девет пожарникари со четири противпожарни возила беа на терен од 17:00 до 22:00 часот со помош на пожарникари од ДВД Требижат. Имаше шест интервенции, бидејќи […]

Албанија на 15-то место во светот по кибер безбедност


 Албанија постигна извонредно достигнување во областа на кибер безбедноста, рангирајќи се на 15-то место во светот со 85,00 поени, според Националниот индекс за сајбер безбедност (НЦСИ). Националната агенција за кибер безбедност, во соопштение за медиумите, нагласува дека овој резултат претставува зголемување од 39 позиции во споредба со 2023 година, кога Албанија беше на 54-то место […]

Малолетниот убиец од „Рибникар“ би продолжил да пука, да не му се стеснела свеста


Малолетниот убиец К.К., кој на 3 мај 2023 година изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград би убил повеќе соученици доколку на кратко не му се стеснела свеста. Ова го тврдат судските вештаци кои зборуваа на едно од рочиштата против неговите родители, Миљана и Владимир Кецмановиќ, по приватна тужба на родители на една […]

(Видео) Убиен е познат хрватски политичар и безбедносен експерт, уапсен е убиецот


Полицијата во Славонски Брод соопшти дека е уапсено лицето поврзано со убиството што се случи во вторникот во општината Гарчин. Според неофицијални информации, жртвата е 62-годишниот Зоран Гргиќ од Славонски Брод, експерт за безбедност и поранешен член на Советот за граѓански надзор над безбедносно-разузнавачките служби при Хрватскиот сабор. Инцидентот се случил нешто по 18 часот […]

Разрешен заменик-министер во Албанија затоа што пушел цигари во ресторан во САД


Mинистерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, донесе одлука да го разреши својот заменик, Анди Махила, поради непочитување на забраната за пушење во угостителски објект. Во Фејсбук објава на својата официјална страница, таа истакна дека до ваквата мерка дошло откако добила претставка од албански државјанин кој живее во Њујорк. Според жалбата, Махила за време […]

Анализата од Белград ги потврдува сомневањата за исчезнувањето на Данка Илиќ: Сите траги се совпаѓаат


Вишото јавно обвинителство во Зајечар доби извештај од судски вештаци од Белград, кои ги анализираа и споредија фактите собрани за време на реконструкцијата на исчезнувањето и убиството на двегодишната Данка Илиќ, пишува Telegraf.rs. Анализата ги потврди сомневањата на истражителите за времето, местото и начинот на кој Данка Илиќ исчезна на судбоносниот ден. Да потсетиме дека […]

Двајца романски државјани уапсени во Грција за шпионажа


Двајца државјани на Романија вчера биле уапсени кај грчкиот остров Саламина во близина на поморската станица на воената морнарица на Грција и се товарат за шпионажа, откако кај нив бил пронајден фотографски материјал од базата, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера биле информирани за […]