Коѕијас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000 илјади, Грците ги кршат стереотипите


Од еден милион демонстранти, дојдовме на 100 илјади и сега на четири илјади. Ова покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите, рече Никос Коѕијас, коментирајќи ги вчерашните протести во близина на Преспа. Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, веднаш по потпишувањето на договорот со Македонија, се сретна со префектот […]

Рама: Не разбирам зошто препораката на ЕК за Албанија не е задолжителна за членките на ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека неговата земја направила се што се бара од неа за започнување преговори за членство во ЕУ и не може да сфати зошто препораката на Еврпската комисија не е задолжителна за земјите-членки на Унијата. – Ако одложувањето на преговорите со Албанија можеше да и помогне на ЕУ против растечката моќ […]

Рускиот таксист заспал зад волан и случајно притиснал на гас


Таксистот, кој вчера удри во група луѓе на тротоар во центарот на Москва, не бил под дејство на алкохол, туку заспал зад волан, соопштија претставници на службата за вонредни ситуации. Во инцидентот беа повредени седум лица, но никој потешко. Руските медиуми јавија дека таксистот е од Киргистан, престојува легално во Русија и ги има сите […]

Во Албанија уапсен убиецот на милионерката Лашманова во Котор


Албанската полиција,во Тирана, го уапси Арсение Становиќ, по кого црногорската полиција имаше распишано потерница,под сомнение дека ја убил украинската милионерка Анастасија Лашманова. Во моментот на апсењето, дваесет и две годишниот Становиќ бил заедно со неговиот татко,Зоран Становиќ, шеф на експозитурата на Граничната полиција на аеродромот во Тиват. Албанските власти, кои биле во постојан контакт со […]

Инциденти, повредени и солзавец на протестите во грчка Преспа


Неколку лица се повредени, во инцидентите што речиси четири часа траеле во селото Писодери во близина на Псарадес за време на протестот за „одбрана на грчкиот карактер на Македонија“, јавуваат грчките медиуми. Инцидентите, според истите информации се случиле во шумскиот дел, кога полицијата ги спречила демонстрантите да се упатат кон местото каде што премиерите Зоран […]

Каменос од Независни Грци гласаше за недоверба на Ципрас


Атина – Пратеникот од Независни Грци Димитрис Каменос, спротивно на ставот на партијата, ја поддржа иницијативата на Нова демократија и гласаше за недоверба на владата на Алексис Ципрас. Потегот на Каменос беше дочекан со аплаузи од Нова демократија, но и беше избришан од Независни Грци.

Новинарот Цветковиќ тврдел дека бил киднапиран и контактирал со лица од Македонија


Белград -Весникот „Вечерње новости“, повикувајќи се на свои разузнавачки извори, пишува дека „исчезнатиот па пронајден“ новинар Стефан Цветковиќ во полиција тврдел дек бил киднапиран од непознати лица, кои му се заканувале дека ќе го префрлат во Романија. Како што наведува весникот, на истражните органи им се сомнителни неговиот исказ и пронајдените докази, поради што новинарот […]

Мигрант од Мароко убиен во Хрватска


Дваесет и четиригодишен Мароканец настрадал во Велика Кладуша, Хрватска, откако бил избоден со нож. Убиството се случило сношти, околу 23 часот по локално време, во потесното градско подрачје. -Меѓу мигрантите кои биле сместени во куќа во градот дошло до вербални препирки и меѓусебно поттурнување, по што препирката ја продолжиле на улица. Еден од мигрантите бил […]

Пратеник од СИРИЗА се обрати на македонски во грчкиот Парламент


На македонски јазик, односно на костурски дијалект се обрати денеска во грчкиот Парламент пратеникот од СИРИЗА, Јоргос Урзидис, кој му даде поддршка на договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името. Урзидис, кој има потекло од северна Грција од говорницата откако пораката ја кажа на македонски јазик, односно на костурски дијалект, потоа ја […]

Мaлa пoсетенoст нa прoтестoт вo Атинa зa „oдбрaнa нa иметo Мaкедoнијa“


Мaл брoј грaѓaни oдгoвoријa пoзитивнo нa пoвикoт нa Кoмитетoт зa бoрбa зa грчкиoт кaрaктер нa Мaкедoнијa, дa излезaт пред грчкиoт Пaрлaмент дoдекa трaе рaспрaвaтa зa дoгoвoрoт сo Мaкедoнијa, јaви дoписничкaтa нa МИА oд Атинa. Oние кoи се сoбраа нa плoштaдoт Синтaгмa сo грчки знaмињa и пaнoа сo слoгaни „Мaкедoнијa е грчкa” и „Не нa рaспрoдaжбa нa […]

Златна Зора го исклучи од нејзините редови пратеникот кој повика на воен пуч


Националистичка грчка партија Златна Зора пред малку го исклучи од нејзините редови пратеникот Константинос Барбарусис, кој  за време на денешната расправа во грчкиот парламент, повика да интервенира војската за да се спречи “предавството со името” и да ги уапси грчкиот премиерот, министерот за одбрана и претседателот на државата.

Коѕијас: Договорот е вин-вин за двете страни


Надеж дека граѓаните ќе гласаат позитивно на референдумот изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за рускиот весник „Известија“, бидејќи смета дека договорот е добар, вин-вин и урамнотежен. – Мислам дека референдумот е еден дел од ратификацијата на договорот согласно со одлуките на раководството на Северна Македонија. Треба да се добие референдумот за да […]

Драма во грчкиот парламент: Златна зора повика на воен пуч


Да интервенира војската за да се спречи ова предавство и да ги уапси премиерот, министерот за одбрана и претседателот, повика пратеник од Златна зора Константинос Барбарусис за време на денешната расправа во грчкиот парламент, додека по барање на претседателот на парламентот и со согласност од останатите партии, Златна зора нема да учествува во останатиот дел […]

Партијата на Каменос нема да го поддржи Договорот, ниту иницијативата за недоверба на Владата на Ципрас


Помалиот коалициски партнер во грчката Влада, десничарската партија Независни Грци на Панос Каменос, најави дека нема да го поддржи ниту Договорот со Македонија, ниту предлогот на опозициската Нова Демократија за недоверба на владиниот Кабинет, иако иницијативата беше токму поради постигнатиот Договор. Партијата Независни Грци на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, останува на досегашниот став […]

Вучиќ: Спорот за името на Македонија и проблемот со Косово не се исто


Решавањето на спорот за името на една држава, каков што е случајот со Македонија, не може да се спореди со проблемот со Косово, изјави денеска во Крушевац српскиот претседател Александар Вучиќ. Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став околу решавањето на спорот околу името на Македонија и дали поради тоа очекува притисок врз Белград во […]

„Македонац Вардар“ ќе ја чува традицијата


Здружението „Македонас Вардар“ од Брчко, БиХ ќе има настап во сабота невечер во Домот на културата во Брчко во склоп на владината манифестација „Пролет во градот“, пишуваат локалните медиуми. Тодорка Гајдова Јовановиќ, претседателка на здружението, рече дека ќе бидат изведени традиционални македонски песни, ора и игри, презентирани и изведени рецитации на познати македонски писатели. Во […]

Нова демократија достави барање за гласање недоверба на грчката влада


Одлуката, како што и се најавуваше, за гласање недоверба на грчката влада, од собраниската говорница ја соопшти Кирјакос Мицотакис за време на расправата за новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022. Лидерот на Нова демократија рече дека тоа е негова обврска кон грчкиот народ и го предизвика […]

Исчезнале повеќе од 140 уметнички дела од амбасади и резиденции на СФРЈ


Од амбасади, конзулати и резиденции на поранешна Југославија исчезнале повеќе од 140 вредни уметнички дела. Србија ќе побара одговор за исчезнувањето преку Интерпол, изјави Вељко Одаловиќ, српски претставник во Мешовитата комисија за сукцесија. – Инсистираме за таа акција да се вклучи и меѓународната криминалистичка полициска организација, изјави Одаловиќ за Новости. Најмногу дела недостигаат во Рим. […]

Во Србија исчезна новинар кој работел на истражување на убиството на Оливер Ивановиќ


Српската полиција распиша потерница по новинарот Стефан Цветковиќ откако било пронајдено неговото напуштено возило. – Во полициската станица во Бела Црква ноќеска е пријавено за паркирано возило марка Поло, на кое била отворена вратата и вклучени светлата, соопшти МВР на Србија. За случајот е известено Обвинителството и полицијата по него интензивно трага, јавуваат српски медиуми. […]

Шефот на косовската дипломатија пријавил над 600 милиони евра имот


Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли и натаму е најбогатиот политичар во Косово, со пријавен имот и парични средства во вредност од над 600 милиони евра. Пацоли во анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија на Косово, пријавил дека поседува недвижен имот во вредност од стотици милиони долари и евра, од кој најголемиот […]