Баша:Рама ги носи Сиријците во Албанија за Европа да ја заборави дрогата


Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, изјави дека премиерот Еди Рама „си става сам вето за да донесе 600 илјади Сиријци во Албанија“ со надеж дека Европа ќе заборави на дрогата. – Ги зема Сиријците за Европа да ја заборави дрогата и корупцијата на неговата влада. Албанија не ги исполни бараните задолженија од […]

Убиена позната турска пејачка во Бодрум


Познатата турска пејачка Хаџер Тулу (40) е убиена во ноќен клуб во Бодрум, откако четворица напаѓачи отвориле оган кон локалот. Како што јавуваат тамошните медиуми, Тулу е со балкански корени, поточно нејзините родители мигрирале во Турција од Босна и Херцеговина. Тулу е една од најпознатите турски пејачки, која на Јутјуб каналот има преку четири милиони […]

Остри критики од ЕУ за зголемувањето на платите на Харадинај и министрите


Шефицата на канцеларијата на Европската унија во Приштина, Наталија Апостолова, упати остри критики на одлуката за зголемување на платите на премиерот и другите членови на Владата, која беше поддржана и од Уставниот суд, кој утврди дека не биле прекршени законите, јави дописникот на МИА од Приштина. Ваквата одлука, со која премиерот Рамуш Харадинај ги зголеми […]

Пацоли: Белград лаже, Либерија не го повлекла признавањето на Косово


Министерот за надворешни работи и потпретседател на Владата на Косово, Беџет Пацоли информира дека попладнево разговарал со Владата на Либерија, која ја демантирала информацијата објавена од шефот на срската дипломатија Ивица Дачиќ дека таа земја го повлекла признавањето на независноста на Косово. – Штотуку зборував со Владата на Либерија и ми потврдија дека Либерија го […]

Албанската полиција заплени 500 килограми марихуана


Албанската полиција спречи шверц на 500 килограми марихуана, кои требало да бидат натоварени на моторен чамец, што потоа требало да ја транспортира кон италијанскиот брег. Дрогата е откриена кај Бриштанскиот Залив во близина на Валона од каде најчесто испловуваат чамците натоварени со дрога. Запленет е и моторен чамец, кој пловел од Италија, кон албанскиот брег. […]

Поддршка од владејачкото мнозинство за договорот со Грција


Пратениците од вадејачкото мнозинство кои досега говореа на собраниската седница дадоа поддршка за ратификацијата на договорот со Грција бидејќи, според нив, со договорот ќе се обезбеди прогрес на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов рече дека договорот е историски и е значаен за иднина и прогресот на државата на […]

Тачи: Време е да постигнеме историски договор со Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи, во пресрет на средбата со неговиот српски колега Александар Вучиќ, што ќе се одржи в недела во Брисел, изјави дека таа е мошне значајна, бидејќи претставува финална фаза пред постигнувањето договор меѓу Косово и Србија за помирување на двата народи. Тачи на прес-конференција во Приштина изјави дека за нормализација на односите […]

ЕУ мигрантите ќе ги сместува надвор од своите граници


Лидерите на ЕУ разгледуваат планови за испраќање на мигрантите пресретанати во Средоземното Море во мигранстки центри надвор од територијата на Унијата, што укажува на промена на европскиот пристап кон прашањето за миграцијата, оценува лондонски „Фајненшал Тајмс“. Според весникот, овие центри би биле користени за раздвојување на економските мигранти од лицата на кои им е потребна […]

Бројот на баратели на азил во Бугарија намален за трипати


Бројот на мигранти кои побарале азил во Бугарија од почетокот на годината е речиси за трипати помал во споредба со втората половина од 2017 година, јави БТА. Во првите пет мсеци од 2018 година барање за азил во Бугарија поднеле вкупно 492 мигранти, додека во периодот јули-декември минатата година таа бројка изнесувала 1.595 лица. Според […]

Косовските функционери со повисоки дневници за Албанија, одошто за Канада


Многу пратеници во косовското Собрание, покрај прилично високите плати, доста добро заработуваат и од дневниците за службени патувања, и тоа повеќе кога одат во Албанија или Црна Гора одошто на далечните континенти, објави денеска косовската опозициска Социјалдемократска партија (ПСД), најавувајќи интерпелација за оваа појава. Пратеникот на ПСД Дардан Молиќај објави дека „дневниците на официјални претставници […]

Косово акредитира амбасадор во Гвинеа Бисао


Косово акредитира амбасадор во Гвинеја Бисао во рамки на неговата кампања низ африканскиот континент. Рамадан Гаши е дипломатот кој денеска ги предаде на претседателот на Гвинеја Бисао, Хозе Мариа Ваз акредитивните писма како вонреден и ополномошен амбасадор на Косово во оваа земја, соопшти косовското Министерство за надворешни работи, поткрепувајќи ја информацијата со фотографии од церемонијата […]

Брнабиќ: Признавањето на Косово не би бил компромис


Србија никогаш нема да ја признае косовската независност, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ и истакна дека тоа не би бил компромис за кој се залага Белград, а кој не би бил можен кога Србија и понатаму би инсистирала на тоа дека Косово е нејзин составен дел. Во интервју за Велт, таа додава дека „односите со […]

Во Приштина не е киднапирана новинарка од Албанија, туку друго лице, објави полицијата


Косовската полиција попладнево ги демантира наводите дека во Приштина е киднапирана новинарка на Албанската радио-телевизија. Според нив, првичните информации, објавени во медиумите, биле резултат на забуна од страна на самата полиција. Портпаролката на Косовската полиција за приштинскиот регион, Фљора Ахмети, во изјава за медиумите рече дека погрешната информација се појавила поради тоа што автомобилот на […]

Тројца уапсени албански државјани побегале од полициска станица во Атина


Откако го отстраниле заштитното железо од прозорец и направиле мала дупка, тројца албански државјани, уапсени за низа кражби, во шест часот и 30 минути, утрово побегнаа од полициска станица во Атина. Останува енигма, како тројцата Албанци, успеале да ја отстранат заштитната ограда на прозорецот од објектот на полициската станица, додека пак побегнале откако преку цевка […]

За пет години 157.000 албански државјани побарале азил во ЕУ


Во период од 2013 до 2017 година околу 157.000 државјани на Албанија побарале азил во некоја од земјите членки на Европската унија. Најголем број баратели на азил од Албанија се евидентирани во 2015 година и тоа 69.000, за веќе следната година тој број да се намали на 33.000. – Со 26.060 барања за азил во […]

Грција примила најмногу мигранти меѓу членките на ЕУ


Во првите пет месеци од оваа година во Грција пристигнале над 19.800 мигранти, што претставува најголема бројка на прифатени мигранти во една земја членка на ЕУ, јави ДПА. Според податоците на Европската агенција за контрола на гранциите – Фронтекст, ваквата бројка на пристигнати мигранти во Грција претствува пораст за 90 отсто во споредба со истиот […]

Ефектот „Македонија“ ќе ги подобри грчките надежи за олеснување на долгот


Постигнатиот договор за името меѓу Македонија и Грција би можел да му помогне на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, да добие подобри услови за олеснувањето на грчкиот долг,  пишуваат британски медиуми. Состанокот на Еврогрупата е закажан за 21 јуни во Брисел, кога Грција се надева почне да излегува од програмите за спасување, во кои е заглавена […]

Грција и Албанија пред потпишување договор за морската граница


Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати,изјави дека деновиве ќе се сретне со  неговиот грчки колега Никос Коѕијас,околу финализирањето на договорот за морската граница. – Оваа недела ќе имаме уште една средба со мојот колега Коѕијас,  како продолжение на разговорите со цел да постигнеме договор во врска со морската граница и верувам дека паралелно со нашата […]

Чолаку: Дијалогот со Белград ќе продолжи, ама не знаеме кога


Шефот на кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи, Беким Чолаку, најави дека финалната фаза на дијалогот меѓу Косово и Србија секако ќе се одржи, но не се знае датумот кога тоа ќе се случи. Чолаку во денешното интервју за телевизијата КТВ говореше за процесот на преговорите меѓу Приштина и Белград, кои во моментов се блокирани, […]

Заболени од рак во Србија ќе тужат земји на НАТО


Првите тужби на српските граѓани заболени од карцином против земјите на НАТО поради бомбардирања со осиромашен ураниум треба да се очекуваат на крајот на септември и во октомври. Тоа  го најави денеска претседателот на Здружението на граѓани „Осиромашен ураниум“ Свето Него. Тужбите ќе бидат поединечни, објасни тој. На симпозиум за последиците од бомбардирањето на СР […]