(ВИДЕО) Кети Пери во костум на астронаут мавташе со косовското знаме во Приштина


Пејачката Дуа Липа сподели моменти зад сцената на фестивалот „Сани Хил“ по првата вечер од настанот што се одржува во Приштина, на која главна ѕвезда беше американската пејачка Кети Пери.Пред илјадници собрани обожаватели кои го исполниле просторот до последното место, познатата Американка приредила музички спектакл. Најголемите поп-хитови биле отпеани заедно со публиката. Сценографијата и визуелните […]

Поради топлотниот бран во Србија се троши струја како во зима, а се произведува трипати помалку


Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денеска изјави дека нискиот водостој на Дунав предизвикува бројни проблеми во енергетскиот сектор, посочувајќи дека хидроелектраната „Ѓердап“ никогаш немала помало производство. Според неа, во последните три месеци е забележано рекордно ниско производство на електрична енергија, при што „Ѓердап 1“ работи со 20 отсто, а „Ѓердап […]

Колапс на границата меѓу Хрватска и Црна Гора: Редови подолги од 20 километри


На граничните премини меѓу Хрватска и Црна Гора – Карасовиќи (Дебели Бријег) и Витаљина (Конфин) – од раните утрински часови е забележан целосен сообраќаен колапс. Според информациите од терен, се формирала редица возила долга повеќе од 20 километри, која се протега сè до Чилипи и Жупа Дубровачка. Според официјалните податоци од Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК), […]

Дунав веќе не личи на река, нивото на вода намалено за речиси еден метар во Бугарија


Нивото на водата на реката Дунав во бугарскиот дел останува ниско и продолжува да опаѓа на места, објавува БГНЕС, повикувајќи се на податоци од хидрометеоролошките станици. Најниското ниво на водата е забележано во близина на Русе – минус 91 сантиметри, а во последните 24 часа нивото се намалило за уште 2 сантиметри. Во Орјахово нивото […]

Пожарот во централна Грција сè уште активен – уапсени две лица и изгорени над 6.500 хектари


Пожарот што во петокот наутро избувна во областа Виотија во централна Грција веќе е проширен и во соседниот регион, областа Атика поширокиот регион на Атина, а според метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, изгорена е површина од над 6.500 хектари, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот веќе трет ден е без контрола, проширен […]

Драма на аеродромот во Сплит: Суспендирани сите летови


Вистинска драма се одвивала синоќа на аеродромот „Свети Јероним“ во Каштел, поради што целиот авиосообраќај бил во прекин на два часа. Причината е дрон кој во два наврати во период од половина час бил забележан во близина на аеродромот, пишува Марко Билиќ, новинар на Слободна Далмација, пренесе СЕЕбиз. Од безбедносни причини, властите ги прекинаа сите […]

Вучиќ: Ако Дунав падне уште 30 сантиметри, готови сме


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави, во интервју за Ниш ТВ, дека земјата се соочува со сериозни проблеми поради екстремната топлина и ниското ниво на водата во Дунав, предупредувајќи дека понатамошното намалување на нивото на реката може да предизвика големи тешкотии. Дунав, кој тече низ десет земји од југозападна Германија до Црното Море, се повлече на […]

Ниското ниво на Дунав во Бугарија откри коски на мамут


Коски од мамут се неочекувано пронајдени во коритото на реката Дунав во Бугарија, кое беше спуштено поради екстремно ниски нивоа на вода, јавува германската новинска агенција ДПА. Коските се откриени од локален жител во близина на бугарското село Рјахово, недалеку од градот Русе. Регионалниот историски музеј во Русе вели дека откритието се состои од долна […]

Претседателката на Словенија, Пирц Мусар полесно повредена во сообраќајна несреќа


Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска ќе биде пуштена на домашно лекување откако вчера беше хоспитализирана поради здобиени полесни повреди во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во тунелот Кастелец, а Пирц Мусар била однесена во болница во Изола. Според полициската управа во Копер, во несреќата што се случила во петокот околу 17 часот на […]

Пожарот во централна Грција го гаснат над 300 пожарникари – во текот на ноќта евакуирани села


Над 300 пожарникари интервенираат во големиот пожар што избувна вчера наутро во областа Виотија во централна Грција, што сè уште не е ставен под контрола, а во текот на ноќта од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за превентивна евакуација на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна вчера […]

САД ја продолжи лиценцата на НИС до 28 август, рафинеријата продолжува да работи


Министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, синоќа изјави дека Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД ја продолжила работната дозвола за српската нафтена индустрија до 28 август. Таа рече дека од Вашингтон доаѓаат добри вести за продолжување на оперативната лиценца за работа на Нафтената индустрија на Србија, […]

Претседателски избори во Бугарија на 25 октомври


Парламентот на Бугарија го одреди 25 октомври како ден кога земјата ќе го избере својот следен претседател. Претседателската функција во Бугарија главно е церемонијална, а најголемиот дел од власта во земјата со 6,5 милиони жители ја имаат премиерот и парламентот. Сепак, претседателот е врховен командант на вооружените сили, може да стави вето на законите и […]

Во Албанија работат повеќе од 22 илјади странци


 Според официјалната статистика повеќе од 22.700 странски државјани живеат и работат во Албанија, што е рекордна бројка до сега, бидејќи 2025 година тој број бил 18.000 лица. Бројот на странци со работни дозволи го предводат граѓаните од Филипините, Индија и Египет. Овие земји заедно имаат 10.300  дозволи за работа, што претставува околу 50 отсто од […]

Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, температурите ќе достигнат и до 43 степени


 Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, а според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки институт (ФХМИ) се очекува период на екстремно високи температури без значително заладување, јави регионалната телевизија Н1. За најголем дел од земјата е во сила портокалово предупредување за опасно топло време, додека за Херцеговина и делови од северна Босна е прогласен црвен […]

Туризмот ѝ донесе на Турција 25,7 милијарди долари за само шест месеци


Анкара – Турција во првите шест месеци од годинава остварила приходи од туризмот во износ од 25,746 милијарди долари, што е речиси на нивото од истиот период лани, и покрај благиот пад на бројот на странски посетители поради регионалните геополитички тензии – изјави денеска турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој. Toj посочи дека […]

Грците имаат море, а половината не можат да си дозволат одмор


Според Евростат, 27,5 проценти од Европејците не можeле да си дозволат седумдневен одмор во 2025 година. Во 2025 година, 27,5 проценти од населението на Европската Унија(ЕУ) на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела одмор надвор од местото на живеење. Овој удел се зголемил за 0,5 процентни поени во […]

Хрватска ќе им даде на семејствата со четири или повеќе деца 15.000 евра за автомобил


.Министерката за демографија и имиграција, во соработка со Фондацијата „Хрватска за деца“, започнува пилот-програма за финансиска поддршка за кофинансирање на купување возило со седум или повеќе седишта за семејства со четири или повеќе деца. „Родителството не се поддржува само со зборови, туку со конкретни мерки што се чувствуваат во секојдневниот живот. За семејствата со четири или […]

Турција распореди пет Ф-16 во Естонија за мисијата на НАТО за воздушна полиција


Турција распореди пет борбени авиони Ф-16 и нивните екипажи во Естонија како дел од мисијата на НАТО за воздушна полиција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана. „Како дел од зајакнатата мисија на НАТО за воздушна полиција, завршено е распоредувањето на пет авиони Ф-16 и нивниот персонал во воздухопловната база Емари во Естонија, каде што ќе […]

Четири лица починаа од западнонилска треска во Грцијa


Четири лица со западно-нилска треска починаа во Грција, а вкупно се потврдени 42 случаи, од кои половина се регистрирани во изминатата недела, објави Националната организација за јавно здравје (EODI), пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, EODI во својот неделен извештај наведува дека 37 од заразените пациенти имале симптоми на заболување на централниот нервен систем (енцефалитис […]

Црна Гора воведува визи за Руси, Белоруси, Саудијци, Кинези и Турци


Подгорица – Црна Гора целосно ја хармонизираше својата визна политика со Европската Унија, со што исполни еден од последните критериуми за затворање на поглавјето 24 од преговорите, кое се однесува на правдата, слободата и безбедноста, како и една од клучните обврски од Реформската агенда, објави црногорското Министерство за надворешни работи. Министерството истакнува дека ова ја […]