Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција


Борбата со шумските пожари продолжува во регионите на Егејското и Средоземното Море, како и во други делови на Турција, каде што високите температури и силниот ветер значително ги отежнуваат интервенциите на противпожарните екипи, јави Анадолија. Најкритична е состојбата во округот Мугла, на егејскиот брег, каде што пожарот што избувна вчера брзо се прошири под влијание […]

Косовските власти продолжија со рушењето на српски објекти во Газиводе (ВИДЕО)


Косовските власти продолжија со рушењето во областа Ујман/Газиводе. Денес властите срушија мотел во сопственост на Срби тврдејќи дека зградата е изградена на јавен имот, иако претставниците на Србите тврдат дека нема судска одлука со која се овластува нејзиното отстранување. Досега се урнати вкупно 17 вили во сопственост на Срби во областа.  Екипи од компанијата „Ибар-Лепенец“, […]

Во половина час два послаби земјотреси во Албанија – почувствувани и во Струга


Два земјотреса со јачина од 2,3 и 2,8 степени според Рихтеровата скала, почувствувани се денеска во Албанија, а потресот го сттија и стружани.  Првиот земјотрес се случи во 11.14 часот, со епицентар на 21 километар од Елбасан, а вториот во 11.50 часот, на 22 км од Елбасан.  Двата земјотреса биле почувствувани и во Охридско-струшкото подрачје. […]

Бездомник во Атина пронашол тело на туристка во куфер: Мобилниот телефон се користел како да е жива


Бездомник пронашол куфер со тело на 38-годишна Британка во напуштена зграда во Атина. Еден детаљ од нејзиниот мобилен телефон особено го привлекол вниманието на полицијата. Случајот се истражува како убиство откако телото на жената било пронајдено од бездомник на 18 јули во атинската населба Кипсели. Тој ја известил полицијата околу 13 часот откако забележал куфер […]

Земјотрес погоди дел од Хрватска кај Сисак


Хрватската сеизмолошка служба регистрираше умерено силен земјотрес во близина на Сисак во четврток во 6:29 часот. Магнитудата на земјотресот беше 3,6 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот беше ниво IV на EMS скалата, јавуваат хрватските медиуми. Земјотресот се случи на длабочина од девет километри и поради неговата плиткост, беше почувствуван доста, па многу […]

Уапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум


Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, беше уапсен синоќа по наредба на УСКОК, потврди објави порталот „Индекс“. Апсењето е поврзано со истрагата за таканаречената афера „Коноба пршут“, која се однесува на угостителски објект во сопственост на Керум во Каштел. „Слободна Далмација“ објави дека Керум бил во Вела Лука на Корчула во времето на апсењето, каде […]

Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран


Портокалова и црвена фаза на опасност од пожари е прогласена за крајот на оваа недела на целата територија на Словенија. Црвена фаза, што означува многу висока опасност од пожари, е прогласена во подрачјата на Копер, Сежана, Дивача, Хрпелје-Козина, Комен, Нова Горица, Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско. Во останатиот дел од земјата е прогласена портокалова фаза, што укажува […]

Грција масовно ги одбива шенгенските визи за Русите


  Во јули, руските граѓани се соочија со масовни одбивања на шенгенски визи во Грција, една од ретките европски земји што продолжува да им ги издава на Русите. Според Здружението на туристички оператори на Русија, повикувајќи се на учесници на туристичкиот пазар, стапката на одбивање за неколку големи играчи на грчкиот пазар достигна до 50%. […]

Во пожар на куќа кај Скадар животот го загубија мајка и две малолетни деца


Трагичен настан се случи попладнево во селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија, во кој при пожар во куќа животот го загубила мајка со две малолетни деца. Според првичните информации од увидот пожар избувнал во кујната каде жената готвеле и со голема брзина се проширил, што условиле неможност да излезат од куќата. “Како […]

Двајца пожарникари загинаа за време на гаснење пожар на грчкиот остров Крит


Двајца пожарникари го загубија животот на грчкиот остров Крит за време на гаснење на пожар во близина на градот Ретимнос, а неофицијално со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот во близина на Ретимнос избувна околу 14.30 часот во ниска вегетација, а во гаснењето интервенираат 110 пожарникари со […]

Црногорскиот ќе биде официјален јазик во ЕУ, на латиница, а не на кирилица


  ЕУ вработува службеници што зборуваат црногорски додека земјата брза кон членство – започнувајќи ја практичната работа потребна за да стане 25-ти официјален јазик на блокот, пишува „Политико“. Правната служба на Советот на ЕУ бара асистенти кои ќе помогнат во изготвувањето на договорот за пристапување на земјата – правилата според кои се приклучува кон блокот […]

Гори меѓу Фетије и Анталија – затворен автопатот (Видео)


Шумски пожар што избувна во турската покраина Мугла предизвика евакуација на населението и ги принуди властите да го затворат автопатот помеѓу Фетије и Анталија поради густ чад што се ширеше низ областа. Пожарот избувнал наутро на земјоделско земјиште во округот Сејдикемер, а силните ветрови набрзо го прошириле на блиската шумска област. Во гаснењето учествуваат речиси […]

Хрватска и Словенија ги очекуваат температури до 42° степени


  Хридометеоролошкиот завод на Хрватска за денеска очекува температури до 35°Ц, а тие ќе се искачат на 37°Ц веќе утре. Во соопштението за медиумите се вели дека во наредните денови, под влијание на гранката на антициклонот над поголемиот дел од југозападна и централна Европа, ќе остане многу топол и сув воздух. Затоа, ќе биде топло […]

Мерц: Црна Гора во ЕУ до 2030 година


Германскиот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) повика на „конкретен напредок“ во процесот на проширување на Европската Унија. Мерц оцени дека Црна Гора треба да стане членка на Европската Унија „до крајот на деценијата“, односно до 2030 година. Според него, пристапувањето на земјите од Западен Балкан мора да се забрза. Покрај Црна Гора, во Западен Балкан се вбројуваат Албанија, Босна и Херцеговина, […]

Девет грчки плажи на Хиос и Парос останаа без „сино знаме“


Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката […]

Сè уште активен пожарот на грчкиот остров Парос – нови евакуации во текот на ноќта


Подобрена е ситуацијата во пожарот во јужниот дел на грчкиот остров Парос по борбата со огнената стихија во текот на ноќта, но сè уште не е ставен под контрола, а досега, пораки од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација беа испратени до жителите и сите оние кои се наоѓаат во десет села, јави […]

Земјотрес во Албанија почувствуван во околината на Струга


Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4.  Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил утрово […]

Крузер се насука во Дунав, бугарската полиција евакуираше 186 патници


Бугарската гранична полиција вчера евакуираше 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот водостој на Дунав. Бродот, што пловеше под знаме на Швајцарија требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода. По евакуацијата на патниците на брод останале 52 членови […]

Пожар на грчкиот остров Парос – пораки за евакуација на пет села


Порака од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација беше испратена до жителите и сите оние кои се наоѓаат во пет села на Парос поради пожарот во јужниот дел на островот, а противпожарните сили се засилуваат со пожарникари од Атина и соседните острови, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот гори отпад и […]

Нов начин на наплата на автопатиштата во Хрватска: Нема куќички, но за наплата ќе мора да се регистрирате


Исчезнувањето на патарините целосно ќе го промени начинот на кој се користат хрватските автопати. Возачите повеќе нема да земаат картичка на влезот ниту ќе плаќаат патарина на излезот, но тоа не значи дека ќе можат да возат по автопатот без претходна подготовка. Пред да влезат на автопатот, возилото ќе мора да биде вклучено во новиот […]