Вучиќ: Нема лиценца за НИС


Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска изјави дека државата не добила позитивна одлука и лиценца од американската влада за Нафтената индустрија на Србија (НИС). -Министерката за рударство и енергетика денеска ќе го информира НИС дека немаме индикации дека САД ќе доделат лиценца за работа на рафинеријата во Панчево, што ќе предизвика прекин на работата на рафинеријата. […]

Прославата „Свадбена ноќ“ во чест на Руми ќе привлече десетици илјади посетители во Коња во Турција


Десетици илјади туристи секоја година, во периодот меѓу 7 до 17 декември, го посетуваат градот Коња во Анадолија во Турција, со цел да присуствуваат на церемониите посветени на познатиот поет и филозоф Мевлана Џелаледин Руми. Всушност, 17 декември е денот на упокојувањето на овој познат суфиски духовен учител и хуманист, но тој смртта не ја […]

Поранешна претседателка на Врховниот суд на Црна Гора осудена на една година и девет месеци затвор


Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора Весна Меденица денеска е осудена на една година и девет месеци затвор, а судијката на Трговскиот суд Милица Влаховиќ Милосављевиќ на шест месеци затвор.  Во обвинението се наведува дека Влаховиќ Милосављевиќ сторил кривично дело злоупотреба на службена должност, а Меденица – злоупотреба на службена должност со поттикнување, […]

Вучиќ претпладнево на затворен состанок со тимовите задолжени за енергетска стабилност на Србија


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претпладнево ќе има вонредна средба со тимовите задолжени за енергетската стабилност и безбедност на државата, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија. Средбата ќе биде затворена за јавноста и ќе се одржи во 10:30 часот во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката. Одржувањето на […]

Драматично во Софија, големи протести против владата (Видео)


  Драматично беше вечерва во Софија и Бугарија изгледа дека влегува во уште една политичка криза. Десетици илјади луѓе го исполнија Плоштадот на независноста во Софија во понеделник вечерта, скандирајќи „Оставка!“ во еден од најголемите протести во последните години во Бугарија, кој првично беше најавен против „кражбата во буџетот“. По 22 часот тензиите ескалираа пред […]

Изгубените процеси во арбитражниот и европскиот суд за човекови права Албанија ја чинат 198 милиони евра


Сметката што Албанија мора да ја плати по одлуките на арбитражниот и на европскиот суд за човекови права, изнесува над 198 милиони евра или околу 20 милијарди лека. Гледано одделно 180 милиони евра се врз основа на одлуки на арбитражниот судови, останатиот износ од над 18 милиони евра се од обврската што државата ја има […]

ЕУ очекува „брза и транспарентна“ истрага за инцидентите на локалните избори во Србија


Европската Унија очекува „брза и транспарентна истрага“ на сите настани и инциденти што ги одбележаа локалните избори во Србија одржани вчера, наведоа од ЕУ за РСЕ. Според изјави на независни набљудувачи и претставници на опозицијата, изборите во Неготин, Мионица и Сечањ беа обележани со бројни нерегуларности, закани и физички конфликти. Владејачката Српска напредна странка (СНС) […]

ЕУ ја одобри седмата исплата од 1,1 милијарда евра за Хрватска


Брисел – Eвропската комисија денес предложи да се одобри седмата исплата од 1,1 милијарда евра за Хрватска во рамките на Инструментот за закрепнување од пандемијата. „Комисијата денес позитивно го оцени седмото барање на Хрватска за исплата од 1,1 милијарда евра во рамките на Инструментот за закрепнување и отпорност. Оваа проценка е важен чекор кон исплата […]

Депортираните Албанци плаќаат до 20.000 фунти за да се вратат во Велика Британија


Депортираните албански криминалци плаќаат до 20.000 фунти за да се вратат во Велика Британија и да продолжат со своите нелегални операции. Албанија е единствената земја каде што има редовни, често неделни летови за депортација на криминалци кои или ги отслужиле своите казни или се пријавиле доброволно да ги завршат своите затворски казни во нивната матична […]

Партијата на Вучиќ победи на локалните избори во три општини


  Листите предводени од Српската напредна партија победија на локалните избори во Сечањ, Мионица и Неготин. Гласањето беше обележано со голема излезност и вербални и физички инциденти. Поради нарушување на јавниот ред и мир, реагираше и полицијата. Во Сечањ листата „Александар Вучиќ – најдобро за Сечањ“ освои 59 проценти од гласовите, односно за нив гласаа […]

Аца Лукас во политички виор во Босна. Додик му го откажа концертот на Јахорина


  Концертот на српскиот турбо фолк пејач Аци Лукас што требаше да се одржи на 12 декември во Олимпискиот центар во Јахорина е откажан. Причината за откажувањето е фотографијата на која пејачот е во друштво на поранешниот воен командант на Армијата на РБиХ, Насер Ориќ. „Фотографијата предизвика загриженост и возбуда кај јавноста во Република Српска. […]

Ситуацијата со НИС и понатаму неизвесна, Вучиќ најави за денеска важен состанок


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за денеска најави важен состанок за ситуацијата во Нафтената индустрија на Србија (НИС) чија рафинерија во Панчево официјално треба да биде исклучена утре доколку нема позитивен одговор од САД. Од Стејт департментот и канцеларијата на OFAC зависи дали лиценцата за работа на НИС ќе биде продолжена и дали рафинеријата ќе […]

Пензиите во Србија од денеска повисоки за 12,2 отсто, првите исплати пред Божик


Од денеска, пензиите во Србија се повисоки за 12,2 проценти, а пензионерите ќе ги добијат своите први зголемени приходи на почетокот на јануари, во пресрет на божиќните празници.Просечната пензија со тоа зголемување ќе изнесува околу 437 евра. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека некои најави на социјалните мрежи дека во буџетот нема пари […]

Странските медиуми за антифашистичкиот марш во Хрватска: „Свртувањето кон десницата почна со Пленковиќ“


  Денешниот протестен марш организиран од иницијативата „Обединети против фашизмот“, кој се одржа во Загреб, Риека, Задар и Пула, е тема која ја обработуваат и странските медиуми. Францускиот „ Монд“ објавува дека неколку илјади луѓе се собрале на антифашистичкиот марш против ревизионизмот од Втората светска војна и растот на екстремно десничарските ставови во Хрватска. Во […]

Вучиќ: Рафинеријата во Панчево нема да работи од вторник, не ја разбирам логиката на Американците


Српскиот претседател Александар Вучиќ денес објави дека рафинеријата на Нафтената индустрија на Србија (НИС) во Панчево нема да работи од вторник и дека Србија ќе мора да „менаџира на различни начини“. Вучиќ рече дека граѓаните треба да бидат мирни, бидејќи државата ќе има „доволно решенија и доволно пари“. Тој најави дека вечерва ќе се обиде […]

(Видео) Илјадници луѓе на антифашистички марш во Загреб, млади мажи во црно во Риека, демонстранти испрскани со боја во Задар


Протестниот марш организиран од иницијативата Обединети против фашизмот започна во четири хрватски градови – Загреб, Риека, Пула и Задар во 12 часот. Колоната, која има неколку илјади учесници, тргна од плоштадот Крал Томислав кон центарот на градот со гласни извици и скандирања: „Смрт на фашизмот, љубов во соседството“. Во протестната колона во Загреб е и […]

Анкара загрижена поради нападот врз двата танкера во Црно Море


Анкара изрази загриженост во врска со нападот врз двата комерцијални брода во Црното Море, што ги загрози човечките животи, безбедноста на пловидбата и животната средина, изјави доцна синоќа портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Ончу Кечели. „Длабоко сме загрижени за нападот во петокот, 28 ноември, врз двата танкера што пловеа под гамбиско знаме: „Каирос“ […]

Борисов предвидува апокалипса ако падне бугарската влада


  Моментален хаос, скок на цените и влада од коалиција со „ черепи и коски“. Еве што ќе се случи ако владата падне. Вакво предвидување даде во саботата Бојко Борисов, лидерот на клучната партија ГЕРБ во владата. Бугарската влада составена од три коалициски партнери ја води членот на ГЕРБ, Росен Жељасков. На говорот пред членовите […]

Исчезнатa инфлуенсеркa пронајденa мртвa во Словенија: Делови од телото биле во куфер


Потрагата по 32-годишната инфлуенсерка од Грац трагично заврши. По шест дена интензивно пребарување, австриската полиција потврди дека телото на Штефани П. е пронајдено во куфер на оддалечена локација во Словенија. Главниот осомничен – нејзиното поранешно момче – го призна злосторството за време на сослушувањето. Инфлуенсерката Штефани П. е исчезната од 23 ноември, кога не дошла […]

Пожар во хотел во Турција, повеќе од 150 гости евакуирани


Повеќе од 150 гости на хотел во Ескишехир, западна Турција, беа евакуирани по избувнување на пожар во кујната на хотелскиот ресторан, јави весникот „Сабах“. Чадот од пожарот го зафати хотелот и соседните објекти, предизвикувајќи паника меѓу гостите. Двајца вработени се повредени поради вдишување чад и се пренесени во болница, но според официјалните информации, нивните животи […]