Граничниот премин Евзони затворен и вечерва, граѓаните кои патуваат во Грција најдобро да одат преку Дојран


Кусо по 18 часот попладнево по локално време, грчките земјоделци одново го затворија граничниот премин Евзони и веќе речиси четири часа во прекин е сообраќајот за влез и излез од Грција, а поради блокадите, граѓаните кои планираат да патуваат кај јужниот сосед, најдобро е да го користат граничниот премин Дојран, јави дописничката на МИА од […]

Извештај: 84 отсто жени во Србија сметаат дека сами се одговорни за доживеано дигитално насилство


Во Србија 84 отсто жени и девојки сметаат дека самите се одговорни за дигитално насилство што го доживеале, беше објавено во рамките на презентацијата на анкетата „Дигитално насилство врз жените и девојките во Србија“ спроведена од здружението „Атина“. Педесет и четири отсто анкетирани веруваат дека сторителите не се свесни за последиците и веруваат дека нивните […]

Турција ги повика амбасадорот на Украина и рускиот от­пра­вник на работи поради нападите во Црно Море


Турција ги повика амбасадорот на Украина и рускиот отправник на работи во турското Министерство за надворешни работи, за да ја изрази својата загриженост поради серијата напади врз бродови поврзани со Русија во турската ексклузивна економска зона во Црно Море, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Бериш Екинџи. – Сведоци сме на многу сериозна ескалација […]

Ципрас ги претстави своите мемоари и најави формирање нова левичарска партија


  Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ги претстави своите мемоари „Итака“ и го навести претстојното создавање нова левичарска партија, објави грчката телевизија Скај. Во грчките медиуми постојат постојани очекувања дека Ципрас, кој ја предводеше левичарската влада на Сириза од 2015 до 2019 година, се подготвува да формира нова партија откако го напушти парламентот во октомври. […]

Бугарија, Грција и Романија ќе градат коридор од Егејот до Црно Море


Во услови на зголемена геополитичка неизвесност, Бугарија, Грција и Романија се обврзаа брзо да развијат стратешки транспортен коридор север-југ што ги поврзува Егејското Море со Црното и Балтичкото Море. Трите земји на 3 декември во Брисел потпишаа Меморандум за разбирање во рамките на новосоздадената платформа за коридор Црно Море-Егеј, со силна поддршка од Европската комисија […]

Грчките земјоделци повторно го затворија граничниот премин Евзони, можни блокади и на Ники (Меџитлија)


Земјоделците од северниот дел на Грција, односно од регионот на Пеонија, оние кои веќе четврти ден нивните трактори ги имаат паркирано на грчката страна од граничниот премин Евзони (Богородица), денеска повторно ја затворија границата за сообраќај од и кон нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина. Блокадата започна кусо по 13 часот по локално […]

Турција гради своја подморница


Анкара – Турското Министерство за одбрана соопшти дека е почната изградбата на првата домашна подморница „Милден“, како дел од напорите на земјата да ја намали зависноста од странски добавувачи и да ја унапреди својата одбранбена индустрија. Турција, исто така, ја заврши и својата прва продажба на корвета на сојузник од НАТО со потпишување договор со […]

Проектот „Таш Тепелер“ во Турција одбележува пет години и фрла нова светлина на историјата


Човечка скулптура која прикажува починато лице со зашиена уста е едно од најновите археолошки откритија пронајдено во локалитетот Сајбурч, во Шанлурфа, на југоистокот на Турција. Таа е дел од 30-те целосно нови пронајдоци што нудат увид во животот пред 12 илјади години, кои беа претставени на одбележувањето на петгодишнината од проектот „Таш Тепелер“. Најновата откриена […]

Бугарскиот парламент го отфрли повикот на претседателот Радев за референдум за усвојување на еврото


Народното собрание во Бугарија го отфрли барањето на претседателот Румен Радев за одржување референдум за тоа дали Бугарија треба да го усвои еврото во 2026 година. Пратениците го отфрлија предлогот со 135 гласови „против“, 81 „за“ и три „воздржани“, откако седницата беше прекината неколку пати, објави Новините. Со ова заврши спорот што започна во мај, […]

Владеењето на правото и законите за медиумите во фокусот на Нацрт-заклучоците на Советот на министри на ЕУ за Србија


Србија треба значително да ги забрза реформите во областа на владеењето на правото и доследно да ги спроведува усвоените закони за медиумите и единствениот избирачки список, се нагласува во нацрт-заклучоците на Советот на министри на ЕУ за Србија и политиката на проширување, јави РТС. Нацрт-документот потсетува на оценката на Европската комисија дека Србија е технички […]

Бугарите повторно на улица, врие во целата држава


 Бугарија е во најголемата политичка криза во последните две години. Масовните граѓански протести што почнаа како реакција на контроверзниот предлог-буџет за 2026 година, за кратко време прераснаа во барање за итна оставка на Владата на премиерот Росен Жељазков и за предвремени парламентарни избори. Вечерва, како и вчера, илјадници граѓани излегоа на улиците во Софија и […]

Мицотакис за блокадите на земјоделците: Екстремните активности не помагаат


 Секогаш сме отворени за структуриран дијалог. Но, мислам дека и нашите земјоделци разбираат дека екстремните постапки, продолжено затворање на автопатите, затворање на граничните премини, затворање на аеродромите, се постапки што не помагаат во нивните напори, посочи грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на почетокот на состанокот на Владиниот совет за економска политика, јави дописничката на МИА од […]

Поранешен хрватски пратеник и неговиот син обвинети поради производство и дистрибуција на повеќе од 1,3 милиони лажни ковид тестови


Обвинителството во хрватскиот град Вараждин подигне обвинение против две лица, татко и син, под сомнение дека организирале производство на над 1,3 лажни ковид тестови во Турција и ги продавале ширум Европа, при што оствариле нелегална финансиска добивка од околу 450.000 евра. Обвинителството наведе дека е подигнато обвинение против 26-годишен и 66-годишен маж поради фалсификување лекови […]

Секоја петта бензинска пумпа во Србија ќе биде затворена поради санкциите за НИС


  Претседателот Александар Вучиќ им соопшти на граѓаните дека Србија не добила позитивна одлука во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС) од Соединетите Американски Држави и дека пумпите на НИС ќе бидат затворени. Според официјалните податоци, српската нафтена компанија со мнозинска руска сопственост поседува околу 20 проценти од вкупниот број бензински пумпи во Србија, […]

Преговори меѓу Србија и Новата развојна банка на БРИКС


Министерот без ресор во Владата на Србија, Ненад Поповиќ денеска разговараше со генералниот директор на Евроазискиот регионален центар на Новата развојна банка на БРИКС, Андреј Бораков, за можноста Србија да се приклучи на банката во 2026 година, соопшти кабинетот на Поповиќ. Новата развојна банка е основана во 2015 година од земјите на БРИКС – Бразил, […]

Борисов ги заплашува Бугарите со „екстремен хаос“ ако падне неговата влада


Со краток и не особено јасен пост на Фејсбук, Бојко Борисов го прекина молчењето по барањата за оставка на владата на неговата партија ГЕРБ. „Престанувам да обрнувам внимание и молчеливо да прифаќам какви било луди барања за несомнено лошо структурираниот буџет. Или застанете со ГЕРБ и заедно да работиме со мнозинство од 121 пратеник, правејќи […]

Владата на Романија донесе уредба која овозможува преземање на Лукоил


Романската коалициска влада одобри уредба која овозможува преземање на локалниот имот на компаниите кои се под меѓународни санкции, како што е руски Лукоил. Лукоил во Романија има 320 бензински пумпи, управува со третата по големина рафинерија во земјата и поседува права на офшор истражувања во дел од Црното Море. Рафинеријата, која обезбедува околу една четвртина […]

Румен Радев побара итна оставка на бугарската влада и избори


  „Бугарите го кренаа гласот против беззаконието и киднапираната држава, против управувањето со пари, компромитирачкиот материјал и стравот! На Бугарија ѝ се потребни вистински промени. Оставката е итна. Владата е посрамена“, рече бугарскиот претседател Румен Радев во вонредното обраќање до нацијата во вторник по протестите на илјадници луѓе против нацрт-буџетот и владејачката партија претходниот ден. […]

Ќе го спречи ли Белград влезот на Црна Гора во ЕУ?


Црна Гора редовно се опишува како фаворит меѓу кандидатите од Западен Балкан, а некои изјави, особено на германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, сугерираат дека членството до 2028 година е реална перспектива. Сепак, аналитичарите Далиборка Уљаревиќ, извршен директор на Центарот за граѓанско образование во Подгорица, и Златко Вујовиќ, професор на Факултетот за политички науки […]

Бугарската влада капитулира по протестите и го повлекува буџетот за 2026


  Бугарската влада денеска му предложи на собранието да донесе одлука за повлекување на предлог-законот за државниот буџет за 2026 година. Ова следи по вчерашните масовни демонстрации низ целата земја. Протести се одржаа во сите поголеми градови, а во Софија имаше 80.000 луѓе. Демонстрантите побараа оставка на владата на Росен Жељасков. Одлуката на Советот на […]