Борисов: Заев и Ципрас во директни разговори можат да најдат решение


Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во директни разговори можат да дојдат до решение за долгогодишниот спор околу името. Во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека е оптимист и оти ги охрабрува двајцата премиери да седнат на заедничка маса и да го […]

Владата во Приштина му дозволи на Вучиќ да го посети Косово


Косовската Влада му дозволи на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети Косово за време на викендот. Веста ја потврди Јетлир Зиберај, советник и шеф на кабинетот на првиот потпретседател на косовската Влада и шеф на дипломатијата, Беџет Пацоли. – Врз основа на барањето на Претседателот на Србија до нашите институции за посета на Косово, […]

Комби со мигранти слета од пат во Словенија


Словенечката полиција пронајде 20 мигранти од Пакистан, откако комбито со кое илегално преминале од Хрватска, излетало од патот. Во инцидентот се повредени неколку лица. Словенечката полиција соопшти дека утрово патролно возило го следело комбито поради големата брзина со кое се движело, по што излетало од патот. Комбито е со австриски регистарски таблички, а возачот, украински […]

Скандал во Хрватска: Трговски синџир продавал „опиздилица“, средство за сексуална едукација на жените (ФОТО)


Од полиците на хрватската продавница „Офертисима“ е повлечен производот „опиздилица“, направа за сексуална едукација на жените – дрвена штица со меко јастуче на едниот крај наменета за „дисциплинирање на жените“ со јасни инструкции за употреба: Ако само лежи како клада – опизди 1X; ако одбие да го бакне „господинот“ – 3X; Ако мириса на рибарница […]

Борисов: Интеграција на Балканот во ЕУ меѓу приоритетите на претседавањето на Бугарија со Советот на ЕУ


Западен Балкан, сигурна и стабилна Европа и дигиталните вештини се меѓу приоритетите на бугарското претседавање со Советот на ЕУ, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов во излагање пред Европскиот парламент во Стразбур. – Мислам дека Бугарија и Македонија дадоа исклучителен пример дека со тактичност и добронамерност, државите од Балканот можат да ги решаваат проблемите и […]

Чешката Влада поднесе оставка


Владата на чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска поднесе оставка, откако вчера не ја доби довербата на Парламентот на Чешка. Како што се посочува во владиното соопштение во кое е објавена оставката, Кабинетот ќе продолжи да ги извршува своите обврски се до изборот на нова Влада. При вчерашното гласање во Пратеничкиот дом на Парламентот, „за“ доверба […]

Приштина не добила барање од Белград за истрагата за убиството на Ивановиќ


Косовскиот министер за правда Абелард Тахири изјави дека до сега Приштина не е примила никакво барање од Белград за вклучување на српски претставници во истрага за убиството на Оливер Ивановиќ, додавајќи дека ниту има место за нешто такво. Тој нагласи дека секоја информација на косовските граѓани која може да помогне за решавање на случајот со […]

Харадинај алудира за странска вмешаност во убиството на Ивановиќ


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај алудира дека убиството на локалниот српски политичар Оливер Ивановиќ е резултат на „незаконско мешање во северниот дел на Косово од страна на странски институции“. Тој одржа прес-конференција по вонредната седница на Советот за национална безбедност на Косово, свикана по денешното убиство на Ивановиќ во Косовска Митровица. Харадинај не соопшти детали кои […]

Ердоган: Турција гарантира национална безбедност


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Турција ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ја гарантира националната безбедност, информираат извори од претседателството. Од своја страна Столтенберг истакнал дека Алијансата ја разбира загриженоста на Турција во врска со одлуката на САД да обучуваат сириски […]

Шешељ: Западните раузнавачки служби се виновни за убиството на Ивановиќ


Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ ги обвини западните специјални служби за убиството на косовскиот српски политичар Оливер Ивановиќ. – Мислам дека убијците на Ивановиќ нема да бидат пронајдени, бидејќи сум сигурен оти во убиството се вмешани западните разузнавачки служби и тоа е почеток на нова американска иницијатива на Балканот, истакна Шешељ за руската […]

Истрагата за убиството на Ивановиќ ја водат Албанец и Србин


Главниот обвинител на Основното јавно обвинителство на Митровица, Шикири Сула, изјави дека обвинителството почнало истрага за убиството на Оливер Ивановиќ, лидер на партијата „Србија, демократија, правда“. Во истрагата се вклучени двајца обвинители, еден Албанец и еден Србин. – Истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ ја води екипа од двајцата обвинители на нашето обвинитество,Нијази Реџа и […]

Харадинај свика седница на Советот за безбедност


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај за попладнево, во 18 часот, свика седница на Советот за безбедност. Како што наведуваат медиумите во Приштина, Советот ќе расправа за безбедносната состојба. Рано утрово во Косовска Митровица е убиен лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, поради што е закажана седницата.

Српското Обвинителство покрена предистражна постапка за убиството на Ивановиќ


Обвинителството за организиран криминал денеска започна предистражна постапка во врска со убиството на претседателот на Граѓанска иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица. Обвинителство до Министерството за внатрешни работи и Безбедносно-информативната агенција на Република Србија поднесе барање за собирање потребни информации во правец на кривично дело тероризам, се нагласува во соопштението. Истовремено, во […]

Вучиќ: Убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин


Претседателот на Србија Оливер Ивановиќ изјави денеска дека убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин. – За државата Србија тоа е терористички акт и така ќе се однесуваме кон него, изјави Вучиќ на прес конференција по седница на Советот за национална безбедност. Тој додаде дека е испратено писмо до органите на Еулекс со барање органите […]

Москва не го дава Балканот: Платеници обучени од Русија прават паравојска во БиХ


Руски обучени платеници помагаат да се воспостави паравоена единица која ќе му служи на српскиот сепаратистички лидер во Босна, тврди босанскиот портал „Журнал“, а го пренесува британскиот весник „Гардијан“. Информацијата, која според порталот ја потврдил босански министер од безбедносниот сектор, доаѓа во време кога се зголемува анксиозноста околу руските напори за дестабилизација на Балканот и […]

Грција планира да инвестира во обновливи извори во Македонија


Грчката националната енергетска компанија ДЕИ планира инвестиции во производство на струја од обновливи извори во Украина, Косово, Албанија, Македонија и Турција. Според грчкиот весник „Катимерини“, разговорите за инвестирање се веќе доста напреднати со некои од овие држави. ДЕИ планира да инвестира во ветерници и соларни капацитети, кои ќе бидат делумно финансирани од Европската банка за […]

Осуда за убиството на Оливер Ивановиќ од Тачи и од Харадинај


Косовскиот претседател Хашим Тачи го осуди убиството на еден од лидерите на Србите во Косово, Оливер Ивановиќ и ги повика безбедносните служби што е можно поскоро да ги расчистат околностите на настанот. Во објава на неговиот профил на Фејсбук, Тачи побара сторителите на убиството да бидат изведени пред лицето на правдата и апелираше до граѓаните […]

Убиен еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ


Непознат напаѓач утрово во Косовска Митровица го уби лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ. Според првичните информации, Ивановиќ бил застрелан од пиштол околу 8:15 часот додека влегувал во просториите на неговата партија Веднаш по нападот, 65-годишниот Ивановиќ е пренесен во Клиничкиот болнички центар во Косовска Митривица, каде е утврдено дека […]

Бојко Борисов: Сите земји да потпишуваат договори за пријателство наместо да водат војни


Се надевам дека сите земји, во еден момент, ќе потпишат такви договори за пријателство, а не да водат војна, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод ратификувањето на Договорот за пријателство со Бугарија во македонскиот Парламент. Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева рече дека на Балканот сме покажале оти кога сме добронамерни и […]

Грабар-Китаровиќ: Хрватска и пружа рака на Србија за соработка


Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека Хрватска и пружа рака на Србија за мир и соработка и изрази надеж дека во таа земја има искрени соговорници. Грабар-Китаровиќ рече дека „Хрватска беше и ќе биде фактор на мирот и соработката со сите кои тоа го сакаат“. – Наоѓајќи се во близина на границата со Република […]