Бутарис: Сфаќањето дека Македонија е само грчка е мошне лошо


Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис смета дека сфаќањето дека Македонија е само грчка и ништо повеќе од тоа е мошне лошо. Тој за грчката агенција АНА-МПА посочи дека кога се пристапува кон решавање на одреден проблем, потребно е да се земат предвид сите вклучени страни во спорот. – Кога ќе одиш да решиш еден проблем, треба […]

Борисов: Пристапот кон миграцијата ја распарчува Европа


Софија – Даблинскиот договор, кој ги регулира миграциските прашања во Европа, води до раскол меѓу членките на Европската унија, предупреди бугарскиот премиер Бојко Борисов. – Овој Договор не само што ја дели, туку буквално ја распарчува Европа, изјави Борисов на заедничката прес-конференција со чешкиот премиер во оставка Андреј Бабиш. Договорот кој предвидува враќање на одбиените […]

Приведени 24 лица за „терористичка пропаганда“ на социјалните медиуми во Турција


Дваесет и четири лица се приведени во Турција поради „терористичка пропаганда” на социјалните медиуми, насочена против операцијата „Маслиново гранче” на турските вооружени сили во Сирија. Во соопштение на Министерството за внатрешни работи се наведува и дека во периодот меѓу 15 и 22 јануари во рамки на борбата против терористичките организации биле извршени вкупно 1.061 операции […]

(ВИДЕО) Чудо на природата: Во црногорско село вода извира од стебло на дрво


Во црногорското село Диноша, кое се наоѓа на околу пет километри од Подгорица, постои невообичаено дрво од кое извира вода. Иако за овој необичен природен феномен не е врзана никаква легенда, локалното население ова чудо на природата го нарекува дар од Бога. Сепак, стручњаците велат дека станува збор за природен феномен, кој е мошне редок. […]

Грција стравува од нова бегалска криза на островите


И покрај најновите закани од страна на Турција дека ќе прекине да го спроведува договорот со ЕУ за мигрантите, со цел да се намали трговијата со луѓе преку Егејското Море, грчките власти стравуваат од нова бегалска криза на островите. Министерот за миграција Јанис Музалас е загрижен поради моменталната ситуација, имајќи предвид дека во периодов е […]

Кој го уби Оливер Ивановиќ?


Приштина најави дека денеска ќе ги објави првите резултати од истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ. Косовскиот обвинител кој ја води истрагата за убиството на Ивановиќ, Шухри Суља, во петокот изјави дека во резултатите се вклучени снимки од безбедносни камери, детали за запалениот автомобил како и форензички докази. Тој најави дека во извештајот ќе бидат […]

Грците не ја даваат „Македонија“


Околу 60.000 Грци се собраа вчера во Солун на протестот платен и организиран од дијаспората и од десничарските организации во земјата, а со цел да се побара од владата во Атина да не прифаќа име што ќе го вклучи зборот Македонија во преговорите со нашата земја. На протестот дојдоа повеќе луѓе од очекувањата, но сепак […]

„Самоопределување“ избира лидер, отцепеното крило подготвува нова партија


Косовското движење „Самоопределување“, кое е трета по големина партија, денеска избира претседател. Единствен кандидат за оваа функција е екс лидерот и основач на партијата, Албин Курти. Членовите на партијата гласаат на седум избирачки места а правото на глас треба да го остварат до 19 часот. Расколот во партијата се продлабочува, па до сега поголем број […]

(ВИДЕО) Масовниот протест во Солун заврши со мали инциденти


„Македонија е грчка“, „Името е нашата душа“, „Не го даваме и не го отстапуваме името“, „Македонија значи Грција“, беа главните пораки што ги испратија организаторите на протестот во Солун, против името Македонија. Нешто повеќе од четири часа траеше официјалниот дел од собирот, а според грчката полиција, јавува дописникот на МИА од Атина, учество зеле околу […]

(ВО ЖИВО) Името не го даваат: Илјадници Грци се собраа на протестот во Солун


Во моментов во центарот на Солун се одржува најавениот голем протест за заштита на името Македонија. Грчкиот град денеска живее во ритамот на демонстрациите, со зголемено полициско присуство и поради протестот, но и поради контрапротестот што го организираат анархистички и левичарско ориентирани организации. Организатори на собирот се грчки здруженија и организации од дијаспората, а имаат […]

Под силно обезбедување во Косовска Митровица: Вучиќ положи венец за Ивановиќ и испрати три пораки за Србите


Под силни мерки на безбедност претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го посети Косово. Тој во северниот дел на Косовска Митровица положи венец на местото на кое беше убиен лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ. Претходно, српскиот претседател во манастирот Бањска изјави дека Белград и Приштина ќе разменуваат информации за убиството на […]

Грците сакаат да се реши спорот со името


Мнозинството Грци посакуваат да се реши прашањето со името, покажува новото истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Алко“ за грчкото радио „24/7“. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, 63 отсто од испитаниците се за постигнување заемно прифатливо решение, 21 отсто сметаат дека работите треба да останат така како што се […]

Вучиќ во Косово: Србите да останат на своите огништа


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им порача на Србите на Косово дека мораат да останат и да опстанат на своите огништа, со понатамошна и поголема помош од државата, а на Албанците им порача дека, без оглед на различните интереси, Србија сака и ќе направи се да го зачува мирот и да ги реши несогласувањата. – […]

Албанија го осуди и бара истрага за говорот на омраза


Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит „Смрт за шиптари“ на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот. -Министерството за Европа и за надворешни работи на Република Албанија изразува жалење и го осудува говорот на омраза кон […]

Нимиц: Сега е моментот, вашиот идентитет е силен и безбеден


Медијаторот Метју Нимиц во интервју за телевизијата Сител рече дека спорот за името не му причинува некаков голем проблем на светот, бидејќи постојат луѓе кои воопшто не слушнале за спорот, но претставува голема штета за двете земји доколку неговото решавање и понатаму се одолговлекува. Според Нимиц, за разлика од минатото, целата ситуација сега е променета, […]

Хојт Ји: Македонија и Грција имаат шанса да го решат спорот за името


Сега е вистинската можност, Македонија и Грција да изнајдат решение за долгогодишниот спор околу името. Државите мора да го почитуваат суверенитетот на другите држави и не треба да се обидуваат да ги сменат границите. Не сакаме да гледаме промени во границите на Западен Балкан, не гледаме потреба од тоа. Ова го изјави Хојт Ји , […]

Итен состанок на Коѕијас и Ципрас за името


За вчерашната средба во Њујорк, за текот на преговорите и за презентираните предлози од медијаторот Нимиц, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас го информирал грчкиот премиер на нивната денешна средба во премиерската палата. Состанокот, како што јавува дописникот на МИА од Атина, бил закажан за попладневните часови, а официјално не беше најавен ниту […]

И Бугарија го одобри договорот со Македонија


Прламентот на Бугарија едногласно го ратификуваше договорот за добрососедски односи со Македонија. На одобрувањето на договорот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев. Договорот најпрво го подржаа 182 пратеници, а на второто гласање бројката нарасна до 186. Договорот за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и […]

Руско МНР: Рама ја турка Тиранската платформа


Изјавата на премиерот на Албанија Еди Рама во врска со Законот за употреба на јазиците донесен во македонскиот Парламент е потврда на намерата да ја турка „Тиранската платформа“ со која се поткопуваат темелите на македонската државност, се наведува во коментарот на одделот за информација и печат на МНР на Русија. Официјална Москва посочува на изјавата […]

Бугарскиот Парламент ќе го ратификува Договорот со Македонија


Бугарскиот Парламент денеска треба да го ратификува Договорот за добрососедство и соработка со Македонија, откако доби едногласна поддршка од сите параламентарни партии на вчерашните седници на комисиите за надворешна политика и за европски прашања. Договорот, како што објави МИА, беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев […]