Рубио: Руската армија има 100.000 убиени од почетокот на 2025


  Руската армија трпи големи загуби во војната против Украина, кои нагло се зголемија од почетокот на оваа година, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. „Важно е да се напомене дека од јануари оваа година, на пример, руската страна изгуби 100.000 војници – убиени, а не ранети. А од украинската страна, бројките се помали, но […]

Филипче за политиката на власта: Ветуваа гордост, добивме понижување


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, свика денес прес-конференција, како што рече, бидејќи чувствува должност да укаже на длабоката криза во која нѐ води актуелната влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски. Тој ја нарече  „маратонска, губитничка и патетична“ вчерашната прес-конференција на премиерот по извештајот на Европскиот парламент, оценувајќи дека по секој нов пораз во […]

„Тотален хаос“: Пентагон престанува да комуницира со европските сојузници и Украина


  Европските земји се држат во темнина за плановите на американската администрација за нивната безбедност и поддршка за Украина. Политиката на Доналд Трамп останува непредвидлива, но ситуацијата е уште полоша во областа на контактите со Пентагон. Се чини дека министерот за одбрана Пит Хегсет стана иритантен дури и за Белата куќа. Украинците и Европејците не […]

ЕП го изгласа извештајот за Македонија, македонскиот јазик и идентитет исчезнаа


  Европскиот парламент денес го изгласа извештајот за Македонија. Известувачот Томас Вајц тоа го поздрави со гест – подугнувајќи ја раката со кренат прст. Ова е прв извештај на Македонија во ЕП за три години, при што Вајц се соочи со многу притисоци, скандали и опструкции од бугарските европарламентарци.   Она што е за нас вест […]

Приведен сопственикот на отпадот во Визбегово, пожарот се гасне од земја и од воздух (фото)


Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведен сопственикот на отпадот во Визбегово каде во тек е акција на гаснење на пожарот. Во пожарот е повредено и едно лице.  – До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на […]

Грчко-бугарски фрустрации место дебата за Македонија во ЕП


  Расправата за извештајот на Томас Вајц за прогресот во Македонија кон Европската унија  допре ново политичко дно. Освен тоа што се изредија бугарските европарламентарци за да кажат дека Европскиот парламент не треба да решава за нечиј јазик и идентитет (откако тоа истото го бараа од Европскиот совет кога се пишување Преговарачката рамка), освен што […]

Дали Владата може да ја скроти инфлацијата? Засега, не


  Засега, ништо од заложбите за намалување на инфлацијата. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека на годишно ниво инфлацијата во јуни и натаму е висока и изнесува 4,5 проценти, а оптимизам не влеваат ниту месечните податоци кои покажуваат дека јуни во однос на мај е поскап за 0,8 отсто. Мерките кои до […]

Сиљановска ја среди Македонија, па дели лекции на ЕУ – имала „сериозен проблем со демократијата“


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани. „Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено […]

УНЕСКО го сврте листот – бара Охридскиот регион да биде означен дека е во опасност


  Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион […]

Рускиот министер за транспорт беше разрешен, а тој потоа се самоуби


  Поранешниот руски министер за транспорт, Роман Старовоит, е пронајден мртов откако беше сменет, објавија каналите на Телеграм „112“ и „База“, кои се блиски до безбедносните сили. Според нив, функционерот се застрелал во својот дом во селото Мјакинино. Извори велат дека причината може да биде кривично дело – сведоштво против Старовоит дал поранешниот началник на […]

Ќе има царини, ќе нема царини, конфузија кај Трамп и тимот околу него


  Доналд Трамп изјави дека неговата администрација планира да почне да испраќа писма во понеделник до американските трговски партнери со кои ќе диктира нови тарифи, во услови на конфузија околу тоа кога новите стапки ќе стапат во сила. „Може да бидат 12, можеби 15 [писма]“, им рече претседателот на новинарите, „и ние исто така склучивме […]

Бројот на загинати во поплавите во Тексас се искачи на 50. Продолжува потрагата по исчезнатите девојчиња


Бројот на жртви од ненадејните поплави во Тексас, на југот на САД, се искачи на 50, додека потрагата по десетици исчезнати деца продолжува, објавија локалните власти. Силните поплави предизвикани од поројните дождови во петокот оставија 43 мртви во округот Кер, кој беше најтешко погоден, и вкупно седум мртви во три други окрузи, изјавија локалните власти […]

„Марш за ангелите“ во Кочани: Ветуваа дека случајот ќе се расчисти за два месеца, а станаа четири и уште нема ништо


Во молк и без официјално обраќање помина денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани, што го организираше граѓанското здружение „16 март 2025 – Кочани“. Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ рекоа дека решиле да молчат додека не добијат одговор на нивните барања до Владата и до Обвинителството за финансиска и инстутционална помош, како и за […]

Протести и блокади низ цела Србија, Вучиќ ги моли студентите да се откажат


  Во петокот, силни полициски сили спречуваа блокади на кои повикаа студентите во Белград, Нови Сад и Ниш, а неколку лица беа приведени или уапсени, додека обвинителствата и судовите ја засилија својата должност со цел итно да ги гонат приведените за прекршоци или кривични дела. Меѓу приведените е режисерот и професор на Факултетот за драмски […]

ЕП на чекор до отстранување на „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот


  Трите најголеми политички сили во Европскиот парламент – ЕПП, Социјалисти и социјалдемократи и Обнови ја Европа – се усогласија да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија, објави БГНЕС. Се очекува мнозинството во пленарната сала во Стразбур на 7 јули да ги поддржи нивните амандмани на […]

Мицкоски: Дочекавме на талибански начин да ни се избрише македонскиот јазик и идентитет


  „На талибански начин се брише македонскиот идентитет и македонскиот јазик од извештајот за земјава во Европскиот парламент. Тоа дочекавме како народ во 21 век“, изјави денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира најавите од Бугарија дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат […]

Дали десницата ги киднапираше студентските протести во Србија?


  Протестите за Видовден собраа голем број луѓе на улиците на Белград. Некои од говорите доведоа до иритации во регионот и конфузија во земјата. Дали национализмот на Видовден е одговор на пропагандата на режимот или во движењето јакне десницата? Кирстен Шенефелд е раководител на белградската канцеларија на германската фондација „Фридрих Еберт“. Таа ги набљудува целокупните […]

Кос: Идентитетот никогаш не е предмет на политичко одлучување


  Премиерот Христијан Мицкоски денес на прес-конференција со еврокомесарката Марта Кос на исто рамниште со идентитетот ги стави и историските прашања, проширувајќи ги на тој начин темите за кои спори Македонија со Бугарија, иако амандманите за историската комисија останаа неизгласани во ЕП. Додека Кос уверуваше дека идентитетот е нешто што го носиме во себе и […]

Европа гори под сонцето, во Шпанија температури од 46°Ц, црвена тревога во Париз


  Жесток топлотен бран го зафати јужна Европа, со неверојатни температури кои достигнаа максимум од 46°Ц во Шпанија и го ставија речиси целиот континентален дел на Франција во состојба на тревога. Екстремна топлина, засилена од загадувањето со фосилни горива, веќе неколку дена ги гори Португалија, Шпанија, Франција, Италија и Грција, додека јужна Европа го преживува […]

Кој ја стави Македонија во „српскиот свет“ во извештајот на ЕП?


  Откако Европскиот парламент го објави предлог извештајот на Томас Вајц заедно со усвоените амандмани, не престануваат изненадувањата што сѐ успеало да влезе внатре и колку соседството си бркало свои агенди, место да ги анализира реформите во нашата држава. Колку европарламентарците при првото гласање на извештајот успеаја да му ја сменат содржината се гледа дури […]