Академик Ќулавкова остро против предлогот на Мицкоски и Милошоски: Тоа е „руски рулет“ за Македонија


  Катица Ќулавкова, член на МАНУ, остро го нападна предлогот на премиерот Христијан Мицкоски, а потоа разработен од пратеникот Антонио Милошоски, Македонија преку бугарските пратеници во Европскиот парламент да да поднесе резолуција во која „јасно ќе стои македонскиот многувековен посебен идентитет и јазик… и да почнеме да испорачуваме“. Ќулавкова, која е позната по застапувањето на […]

И ДКСК индиректно поддржа оставка на Димитровска


  Државната комисија за спречување на корупција реагираше на повиците во јавноста  претседателката Татјана Димитровска, поради покренатите обвиненија против неа. Индиректно Антикорупциска ја повикува Димитровска да си поднесе оставка, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе две обвиненија против неа:  едното за издавање службена тајна во случајот „Адитив“, а другото за тоа што […]

Дали Владата ќе заштеди со линеарното зголемување на пензиите од 1.000 денари?


  Линеарното зголемување на пензиите од 1.000 денари во октомври годинава (за септемвриските пензии) и исто толку во април идната година (за пензиите за март 2026 година) би можело да ја чини Владата помалку во вкупен износ во однос на законскиот принцип за процентуално зголемувања на примањата на пензионерите. До крајот на годинава, за зголемувањето […]

„Одредете си цена за вашите деца“: Тешки детали од средбата на родителите од Кочани со премиерот Мицкоски


  Брегот не стигна кај родителите, затоа тие отидоа кај брегот. Неколку месеци родителите на загинатите и повредените млади луѓе од Кочани ги чекаат премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да ги посетат во нивниот град и отворено пред јавноста да разговараат за нивната тага, за опустошените семејства, за истрагата, за виновниците, за финансискиот […]

Две обвинувања за претседателката на Антикорупциска: Оддавала службена тајна и друг полагал за неа безбедносен сертификат


  Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, е наведена на два пати во обвинителниот акт што денеска го објави Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) – еднаш дека оддавала службени тајни во случајот „Адитив“, а друг пат дека побарала од нејзин колега во Државниот завод за ревизија да го […]

Реакција од Владата: Не се точни наводите од обраќањето на родителите од Кочани


  Владата преку Секторот за односи со јавноста тврди дека со пренесување на јавното обраќање на родителите од Кочани се правело злонамерно дефокусирање. И дека таа прави сѐ да се решат проблемите по трагедијата во Кочани и ќе прави уште повеќе. Таа тврди дека наводите во обраќањето не биле точни. И повторно апелира да не […]

Спуштени тензиите: Mакедонија и Бугарија ќе го градат тунелот на Деве Баир според постоечкиот проект


  Во Брисел се одржа средба на ретко разбирање во последно време меѓу Македонија и Бугарија. И тоа во секторот каде што имаше голема напрегнатост до пред два-три месеци: во транспортот. делагации на двете министерства за транспорт со посредство на ЕУ се договорија не само да продолжат, туку и да се забрзаат активностите во изградбата […]

Македонија ќе добие само половина од парите од ЕУ за реформите што ги направила до декември лани


  Од предвидените 17 милиони евра од ЕУ од Планот на раст за земјите од Западен Балкан, според направените реформи до декември лани Македонија во наредниот период ќе може да смета на половина од износот, или 8,5 милиони евра, покажуваат прелиминарните сознанија на Министерството за европски прашања. Ваквиот епилог се должи на фактот дека од […]

Дури 55.000 студенти ќе добијат ваучер за таблет или лаптоп – тоа чини 14 милиони евра


  Долго најавуваната мерка од новата власт – студентите да добијат ваучер од 250 евра, за да купат таблет или лаптоп – ќе стане  реалност, а тоа ќе нѐ чини речиси 14.000.000 евра. Овие пари од Буџетот ќе бидат распределени на околу 55.000 студенти. Но што ќе донесе ваквата инвестиција, никој не знае.  Денеска, пратеникот […]

Трамп ги повикуваше поддржувачите да гледаат заговори насекаде. Со Епштајн, тоа му се враќа нему


  ЊУЈОРК – Додека неговите поддржувачи еруптираат поради неуспехот на американското Министерство за правда да ги објави многу рекламираните записи во истрагата за трговија со луѓе на Џефри Епштајн, стратегијата на претседателот Доналд Трамп е да го намали значењето на проблемот. Неговиот проблем? Тој пристап „ништо да не се види тука“ не функционира за оние […]

Орбан има поклоници надвор, но власта му пука дома


  Дописникот на Би-Би-Си од Будимпешта, Ник Торп, направи една анатомска анализа за драматичниот развој на политичката ситуација во Унгарија и како моќта на премиерот Виктор Орбан се распаѓа. И тоа во моментите кога „силниот премиер“ го инспирираше прирачникот на Доналд Трамп. Од резултатот на изборите во април 2026 ќе зависи развојот на настаните во […]

Напаѓачот на Данела Арсовска од домашен оди во затворски притвор


  Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, кој на 12.07.2025 год. беше спроведен во судот, првично му беше определена […]

За автопатот Кичево – Охрид ќе требаат уште пари, но и повеќе време да се заврши


  За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по отчетот во Царинската управа за резултатите од работењето. Мицкоски не прецизираше уште колку пари ќе бидат потребни за завршување […]

Што се случува со грозјето? Лoзарите велат дека има голем грабеж со цената, власта се фали


  БИТОЛА – Рекордна цена за грозјето од реколтата за 2025 година или грабеж и манипулација на лозарите. Бурни реакции предизвика денеска објавената цена за „вранецот“ и „смедеревката“ од страна на Министерството за земјоделство. Власта се пофали, а лозарите се жалат на манипулации и бараат од Министерството да ја соопшти производната цена на грозјето, а […]

Обвинителството го демантираше Тошковски, Данела е таа што била нападната


  За помалку од 20 часа Основното јавно обвинителство Скопје  ги демантираше шпекулациите на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој синоќа преку националните телевизии сугерираше дека можеби градоначалничката на Скопје го предизвикала сериозниот инцидент во Чаир. Според соопштението на обвинителството, за сѐ се виновни двајца напаѓачи на Арсовска, а за едниот се бара притвор. […]

Трамп објави царини од 30 отсто против ЕУ и Мексико кои ќе почнат на 1 август


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата објави дека воведува царини од 30 отсто против Европската унија и Мексико. Трамп ги објави царините за двајца од најголемите трговски партнери на Соединетите Американски Држави во писма објавени на неговиот профил на социјалните мрежи. Во своето писмо до мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, Трамп призна дека земјата […]

Не е важно дали била тепана Арсовска, за власта е важно кој ја поддржувал


  Големата приказна за инцидентот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, веќе почна да се префрла од полето за истрага за нападот врз неа во партиски обвинувања. Самиот факт дека еден функционер е нападнат, а при тоа е жена и мајка од поголема група луѓе во скопски Чаир се претвора во мизогониска политичка пресметка. Владејачката […]

(ВИДЕО) Данела Арсовска нападната од 30 луѓе додека проверувала дивоградба во Чаир


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица, а Арсовска била примена во Ургентен центар во ГОБ „8 Септември“ видно вознемирена и со контузии од удирање со клоци и тупаници. Прегледана е од специјалисти. Од […]

Жељасков: Мицкоски треба да најде начин да се извини


  Напнатоста меѓу Софија и Скопје не попушта туку изгледа дека се зголемува. По острата реакција на бугарското министерство за надворешни работи за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски околу аналогијата за глушецот и лавот, денеска се јави со оценка и премиерот Росен Жељасков. „Наративот и изразот на премиерот Христијан Мицкоски ќе им бидат оставени на […]

Одбраната на лекарите од Онкологија не ги признава вештачењата – за обвинителката тоа е беспредметно


  Приговорите на одбраната за медицинските вештачења сметаме дека се апсолутно беспредметни и очекуваме таква да биде и одлуката на Судот, изјави јавната обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска, по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Онкологија“.   Адвокатите на обвинетите лекари во случајот, од друга страна, реагираа на обвинението, оценувајќи го како неосновано, со сериозни материјални и […]