Можен е договор за СЈО до крајот на мај


Работните групи што преговараат за законот за јавно обвинителство можно е да постигнат договор и да ги усогласат ставовите за статусот на Специјалното јавно обвинителство до крајот на мај, брифираат извори од Министерството за правда. Ако бидат реализирани ваквите најави, двете страни би постигнале договор пред извештајот на Европската комисија на крајот на мај и […]

На СПЦ ѝ догоре и сега сака да разговара со МПЦ


Можно ли е затоплување на односите и влегување во некаква финална фаза на решавање на црковниот спор откако по подолго време српските владици решија да го обноват дијалогот со Македонската православна црква? Српската црква, како што нагласуваат тамошните медиуми, имаше еден услов за да се иницира обновување на дијалогот – пуштање на слобода на охридскиот […]

Образованието на колена: Како ќе се борат за „петки“ со наставници оценети со „единица“


Какви генерации ќе создадат четиринаесеттемина наставници и стручни соработници чии работни обврски се оценети со единици? Ќе добие ли државата осакатени генерации – неписмена младина, од овие кадри поставени во образовните установи? Што треба да преземат надлежните да се надминат ваквите состојби? Во извештајот на Државниот просветен инспекторат за квалитетот на воспитно-образовниот процес во учебната […]

Случај Павле Богоевски: Многу кривични дела, малку докази за „пола“


Освен бурни реакции во јавноста, разговорот на пратеникот Павле Богоевски кој беше објавен на руска социјална мрежа, отвори и многу кривични дела што ќе ги истражува скопското јавно обвинителство заедно со Министерството за внатрешни работи и другите институции. Во четириесетте секунди од разговорот на Богоевски се детектираат многу потенцијални кривични дела, но истражните органи засега […]

Финале на Евросонг: Тамара осма ќе пее за победа во Тел Авив


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) вечер под реден број 8 ќе настапи во финалната вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел. Aвтори на песната „Proud“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и […]

Џафери: Нема правен основ за нарко-тест на пратениците


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево соопшти дека во Уставот и Деловникот на парламентот нема правен основ според кој би можела да се реализира иницијативата од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, за нарко-тест на пратениците. „Ве информираме дека, во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во […]

Спасовски: Не е важно дали Богоевски е пратеник, случајот ќе добие ист третман


Министерството за внатрешни работи ќе го третира случајот со пратеникот Павле Богоевски како и секој друг за кој е покрената истрага, затоа што, пред сè, сите сме граѓани на оваа држава, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. – Без разлика дали некој носи некаква функција или не, тоа не е никаква предност за него, […]

Осуден за „Диво Насеље“ не пукал во полицијата, туку варел кафе и правел ручек


Еден од осудените за „Диво Насеље“, бил задолжен само за варење кафе и готвење ручек, рече адвокатот Еленко Миланов, кој во одбрана на својот клиент, Руфки Догани тврдеше оти тој не пукал во припадниците на безбедносните служби. -На една од пушките најдена во тоалет во куќа има траги од лицето Руфки Догани. Тој во оваа […]

Градоначалникот на Гази Баба по лошиот изборен резултат: Не се плашам од „метлата“, си ја работам „домашната“


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски, не се плаши од најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев, затоа што смета дека си ја одработува „домашната задача“, односно ги решава локалните проблеми во Општината. Во интервју за „Независен весник“, Георгиевски вели дека не бега од одговорноста, а изборните резултати сигурно ќе бидат разгледувани на следниот конгрес […]

Миланов: Во случајот ,,Диво насеље“ нема докази за тероризам


Во Апелацискиот суд во Скопје, со исказ на адвокатите од одбраната, денеска продолжи јавната седница по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво насеље. Адвокатот Еленко Миланов, рече дека основна грешка во оваа постапка е во обвинителството и правната квалификација тероризам. – Неспорен факт е дека имаме страшен настан, но исто […]

ВМРО доби нова шанса да се откаже од Груевски


ВМРО-ДПМНЕ сè уште се двоуми како да постапи при повторното гласање за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски поради тоа што повеќе од шест месеци неоправдано е отсутен од работа. Новата шанса што најголемата опозициска партија ја доби да се откаже од наследството на поранешниот премиер ги стави во ситуација да размислува што да […]

„Метлата“ ќе чисти само со коалициски договор


Министрите на коалицискиот партнер во Владата, ДУИ, кои се најдоа на удар на јавноста како можни жртви на „метлата“ на премиерот оран Заев, не се снајдоа пред камерите и се решија партискиот штит да го стават врз личниот интерес. Постојано повторувајќи дека за кадровските решенија во Владата може да решава само јадрото на политичкиот субјект […]

Осудените за „Диво Насеље“ здивеа во судница


Две години по првостепената пресуда, над триесет осудени за крвавиот судир во Куманово, вчера повторно беа спроведени во истата судница, во големата свечена сала во Врховниот суд, единствена која ги собира сите обвинети, нивните адвокати, роднините и новинарите. Судењето беше закажано за 9:30 часот, но почна со еден час задоцнување. Со огромно полициско обезбедување, полицајци, […]

Случај Богоевски: Се бараат наркотестови за сите функционери


Скандалот со пратеникот Павле Богоевски по објавената снимка на која тој тврди дека нарачува масло од канабис за близок болен член од семејството, а не кокаин, ја крена јавноста на нозе. Скопското обвинителство побарало МВР да го утврди идентитет на сопственикот на профилот „Илија Громовник“, каде што беше објавена снимката на пратеникот Павле Богоевски, во […]

„Бомбашот“ од Собранието меѓу загинатите кај Драчево


Скопјани вчера се простуваа од петмина свои сограѓани, кои загинаа во стравотната сообраќајна несреќа што се случи во вторникот пред полноќ во близина на Драчево. Блиските ги оплакуваа починатите, пет семејства се завија во црно, деца останаа без родители. Неодговорено ќе остане прашањето што се случувало кобните моменти кога автомобилот во кој се превезувале премина […]

Македонија е горда: Тамара во финале на Евросонг


Израел– Македонската претставничка Тамара Тодевска се пласираше во финалето на изборот на песна Евровизија, којшто ќе се одржи во сабота, во Тел Авив, Израел. Тамара настапи со песната „Горда“ (Proud). Aвтори на песната на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Од втората вечер во финалето се пласираа уште и Холандија, Албанија, […]

Хан: Северна Македонија направи многу, единствена во регионот нема конфликт со ниту еден сосед


Северна Македонија направи многу, оценува еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Дојче веле и објаснува дека секоја земја кандидат за членство во ЕУ ќе биде оценувана одделно врз основа на својот напредок и постигнувања. Тој не ја исклучува можноста земјава и Албанија да се одвојат од процесот на приближување кон ЕУ. -Мојата цел […]

Заев му упати честитки на Пендаровски во Вила Водно


Премиерот Зоран Заев  денес попладне замина во претседателскиот кабинет да му упати честитки на новиот шеф на државата Стево Пендаровски по стапувањето на функцијата и да му посака успешна работа. Според сооштението на кабинетот на Пендаровски „двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во државата и за идната соработка меѓу двете институции“. Пендаровски и Заев […]

Собранието усвои три од законите што ги кочеше Иванов


Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 97. седница усвои три закони во трето читање што беа вратени во Парламентот зашто поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да ги потпише указите за нивно стапување во сила. На седницата беа усвоени Законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Законот за слободен пристап до информации од […]

Бошњаковски заминува во Кабинетот на претседателот Пендаровски


Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека ова е негов последeн прес во својство на владин портпарол и дека заминува во Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски каде ќе ја извршува функцијата генерален секретар. -Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката […]