Реформи во УБК: Може ли да ни се појави нов Нинџа?


Директорот и заменикот на Агенцијата за национална безбедност (АБН), со чие формирање Управата за безбедност и контраразузнавање оди во историјата, ќе имаат мандат од четири години и право на реизбор, додека работниот стаж потребен за овие функции е намален од 15 на 12 години. Разрешувањето на директорот, кој го назначува премиерот, освен по иницијатива на […]

Хан ја пофали ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна


Политичката стабилност на Северна Македонија е најдобра во регионот, а уште еден доказ за тоа беа успешно спроведените претседателски избори, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на отворањето на Виенскиот економски форум. Тој ги охрабри компаниите од Австрија да инвестираат во нашата земја бидејќи тоа значи поголем профит за земјата и отворање на нови работни места. Адресирајќи […]

Почина Ники Лауда, легендарниот возач во Формула 1


Англија – На возраст од 70 години почина трикратниот светски шампион во Формула 1, Ники Лауда. Од средината на минатата година, Австриецот се бореше со здравствени проблеми, вклучувајќи трансплантација на бели дробови во август, за што е потребен двомесечен престој во болница. На почетокот на оваа година, повторно бил хоспитализиран за краток период по инфекцијата со […]

Судскиот совет како заштитник: Тешко до притвор за судиите и пратениците


Судскиот совет доби нов претседател и нов закон, но и со новиот закон што конечно го потпиша претседателот Стево Пендаровски, за да му се одреди притвор на судија, зелено светло прво треба да даде Судскиот совет. Ова тело одлучуваше и за последниот случај со судијата од Управниот суд за кого обвинителството бараше притвор, но Судскиот […]

(ВИДЕО) Заев од Виена: Oптимисти сме за датумот за преговори


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, по завршување на Виенскиот економски форум денеска оствари серија средби со претставници на неколку реномирани компании од Република Австрија, коишто имаат свои претставништва во Северна Македонија, како што се ЕВН и А1 Телеком Груп. На средбите, како што информираат од владината прес-служба, биле посочени досегашните придобивки […]

Ременски: Немам личен судир со Спасовски, туку судир на концепти


-Немам личен судир со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, туку имаме судир на концепти во однос на реформата во безбедносниот сектор, ни изјави потпретседателката на Собранието Фросина Ременски. Таа и Спасовски се и потпретседатели на СДСМ, а сомневањата за судир меѓу нив се разгореа околу денешната седница на собраниската Комисија за избори и именувања, […]

Ципрас: Сакав да најдеме решение и со Груевски, но тој одбиваше


Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за „Фајненшел тајмс“ вели дека се обидел да иницира договор за спорот за името уште за време на владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски, но оти тој одбивал каква било средба. За таквата намера, истакнува Ципрас, ја информирал и германската канцеларка Ангела Меркел. – Груевски беше човек кој никогаш […]

Директорката на Клиниката за детски болести поднесе оставка


Директорката на Клиниката за детски болести, професор д-р Катарина Ставриќ си поднесе оставка од функцијата. Информацијата за оставката за Независен весник ја потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека д-р Ставриќ оставката ја поднела за време на изборниот процес од лични причини. Во периодот што следи министерот ќе разговара со неа дали и […]

Турција го бомбардира северен Ирак


Турски борбени авиони бомбардираа цели во северен Ирак, соопшти Министерството за одбрана во Анкара. Во воздушните напади се уништени бази и складишта што ги користеле борци на Курдската работничка партија ПКК во регионот на Хакурк. Конфликтот со Курдите трае повеќе од 30 години и во него досега загинаа околу 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца. […]

Директорот на ДЗЛП си поднесе оставка


Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, си поднесе оставка од функцијата. Во барањето, Трајковски вели дека оставката е од лични причини. „Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на лични податоци, силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и […]

Наставниците бараат помалку ученици и поголеми плати


Просветните работници се соочуваат со проблеми на сите нивоа на образование, а за горливите проблеми и новините што треба да се направат направиле помеѓу себе анкета. Предлозите и забелешките ги кажаа на трибината во организација на Сојузот на просветните работници и Министерството за образование и наука.  Забележуваат дека во паралелките и натаму има над 30 […]

Спасовски меѓу два огна за разузнавачката реформа


Речиси 100 амандмани се поднесени на законот со кој се предвидува формирање нова агенција за безбедност, со кој практично се става „клуч на врата“ на досегашната УБК, овој сектор се одвојува од МВР и преминува под ингеренција на Владата. Најголем дел од амандманите, близу 50, се усогласени меѓу работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Тамара: Отидовме, видовме, победивме – се чувствуваме како победници


Отидовме, видовме, победивме. Ова е резултат на тимска работа, многу љубов и посветеност, рече Тамара Тодевска пред нејзините фанови кои дојдоа да ја пречекаат на Скопскиот аеродром по успешниот настап и освоеното осмо место на евровизиското финале во Тел Авив. – Извинете што ме чекавте долго, не беше до нас тоа што доцневме. Ова се […]

(ВИДЕО) Пречек за Тамара на Скопскиот аеродром


Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска која со песната „Proud“ го освои осмото место и највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија, вечерва се враќа од Тел Авив во Скопје. Таа треба да пристигне на Скопскиот аеродром околу 21:45 часот. Се очекува на аеродромот да ја пречекаат многубројни нејзини обожаватели. Тамара синоќа на финалната вечер […]

Директорот на скопската Зоолошка со тешки навреди за дијаспората поради Тамара


Директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, преку статус на својот Фејсбук профил упати жестоки навреди кон македонските иселеници и дијаспората, поради нивното негласање и бојкотирањето на нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска. Голем дел од дијаспората повикуваше да се бојкотира гласањето на Евровизија поради новото име Северна Македонија, а директорот на Зоолошката градина во […]

Утре средба Џафери – Пендаровски


Новиот шеф на државата Стево Пендаровски ќе се сретне утре претпладне и  со претседателот на парламентот Талат Џафери, откако минатата седмица ја имаше првата средба со премиерот Зоран Заев. Средбата со Џафери е битна првенствено поради непотпишаните закони што на Пендаровски му ги остави во наследство неговиот претходник Ѓорге Иванов. На тие закони, покрај потписот […]

Би-би-си: Импресивниот настап на Тамара овозможи да научиме географија


Уметничката вредност на Изборот за песна на Евровизија е секогаш дискутабилен, но нема дилема дека му помага на светот во совладување на географијата. Благодарение на импресивниот настап на Тамара Тодевска светот дозна за новото име на земјата што ја претставува. Ова го вели Би-Би-Си во коментар за синоќешната манифестација што се одржа во Тел Авив, […]

Бој Џорџ ја поддржа поранешната соработничка Тамара


Лавина од реакции и еуфорија кај македонската јавност се случи откако светски познатиот музичар Бој Џорџ на твитер даде поддршка за настапот и песната на Тамара на Евровизија. „Македонија е мојот фаворит“, напиша англискиот музичар и диџеј кој најдобро го знаеме по некогашниот бенд „Калчр клаб“. Во 2007 година Бој Џорџ настапуваше во Метрополис арената […]

Заев со честитка до Тамара: Одамна не сме биле олку горди


Премиерот Зоран Заев синоќа на својот Фејсбук профил и честиташе на нашата претставничка Тамара Тодевска, која го освои осмото место на финалето на Евровизија во Тел Авив. – Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди!, напиша Заев на Фејсбук. Тој […]

АЕК достави предлог до Грција за намалување на цените во роаминг


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) до грчките колеги достави предлог и динамика за најавеното намалување на цените во роаминг што, според меморандумот што го потпишаа двете држави, треба да стартува од летната сезона. Првата година по влегување во сила на меморандумот, според предлогот, цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 […]