Трамп предложи амбасадори за Србија, БиХ и Црна Гора. Македонија уште не е дојдена на ред


  Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го номинираше Мајкл Јанг од Јута за амбасадор на САД во Србија, објави Белата куќа. Србија нема амбасадор од Соединетите Американски Држави од јануари 2025 година, кога истече мандатот на претходниот амбасадор Кристофер Хил. Со декретот од 1 јуни номинирани се и амбасадори на САД за Босна […]

Нервоза кај олигарсите на Орбан. Унгарија ќе воведува данок на богатство


  Во слабо осветлено телевизиско студио, еден од најбогатите луѓе во Унгарија е на работ на солзи. Почеток на мај е, неколку недели по општите избори со кои се стави крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, а рекламниот магнат Балаши Ѓула има да објави нешто. Ѓула му кажува на новинарот дека штотуку ги предал […]

Вицепремиерот Арбен Фетаи конечно поднесе оставка. Заминувал со „чиста совест“


  Неколку месеци не доаѓаше на работа, Владата криеше дали тој и натаму зема плата откако ја напушти Македонија и се сликаше во егзотични дестинации, а вицепремиерот најпосле сам реши да му ги скрати маките на премиерот. Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, официјално поднесе оставка од својата функција во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски. […]

Бурни реакции на сточарите – АХВ да ги открие млекарниците што ставaле „хемија“ во сирењето


  БИТОЛА – Бурни реакции кај сточарите предизвика веста на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај десет млекарници се утврдени неправилности во однос на квалитетот и означувањето на млечните производи што се продаваат во маркетите. Сточарите уште пред три месеци кога министерот Цветан Трипуновски беше во Битола му кажаа дека наместо млеко граѓаните пијат […]

Колапс на универзитетите: УКИМ го нема ни на листата Глобал 2000


  Се менуваат министри, се менуваат ректори, а квалитетот на високото образование на најголемиот универзитет во земјава – УКИМ, паѓа сѐ подолу и подолу. Веќе не се ни знае колку е долу. На штотуку публикуваната листа Глобал 2000 објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети нема ниту еден македонски универзитет. Оваа листа е составена […]

АХВ откри измами, се продавале сирења речиси без маснотии и без млеко


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри сериозни отстапувања кај дел од млечните производи што се продаваат на домашниот пазар. Кај дел од анализираните примероци е утврдено дека реалниот процент на млечна маст е значително понизок од оној што бил наведен на декларацијата. Во рамки на контролите биле земени 91 мостра од млеко, млечни и […]

Лани биле прислушувани и следени 365 лица


Јавните обвинители лани дале наредба да се користи прислушување на комуникацијата, следење на лица или, пак, тајно снимање во дом и возила и други тајни мерки во дури 44 случаи за кои воделе истрага. Дополнително, вакви мерки се применувале и во 4 други случаи, кои всушност траеле од 2024 година, стои во најновиот извештај на […]

Законот за пушење влегува во завршна фаза. Владата ќе го усвои во вторник


  Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник треба да се разгледа на владина седница, по што се очекува, во најбрз можен рок, да помине и во Собранието. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на завршниот состанок со претставниците од тутунската индустрија и угостителскиот сектор, законот ќе […]

Мицкоски загрижен за Бугарија: Имале голема инфлација, ги лажирале податоците за дефицитот


  Македонскиот премиер очекува дека разумот кај властите во Софија ќе надвладее, но бил загрижен од почетокот од работењето на новата бугарска влада. „Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладеат. Јас сум свесен дека имаат многу внатрешни проблеми. Гледам […]

Груевски како унгарски државјанин може да биде заштитен, иако Македонија ќе бара екстрадиција


  Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија кој во 2018 година избега во Унгарија, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „унгарски државен интерес“, објавува истражувачкиот портал „ВиСквер“ (VSquare), повикувајќи се на извори од унгарската влада. Според текстот на познатиот истражувачки новинар, Саболч Пањи, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, […]

Романија протера руски конзул по ударот со дрон. ЕУ подготвува нов пакет санкции


  Дрон удри во станбена зграда во романскиот град Галац, во близина на границата со Украина, при што беа повредени две лица, соопштија романските власти. Според Министерството за одбрана, кратко пред тоа започнал масовен напад со беспилотни летала од руска страна. НАТО и ЕУ ги осудија „неодговорните постапки“ на Русија, а Романија го прогласи генералниот […]

Ново правило на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот: За сѐ да се прашува Мицкоски!


  Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ измислија нова форма на пратенички прашања според која опозициските пратеници за сѐ треба да го прашуваат премиерот Христијан Мицкоски, место  министрите. На собраниската седница за пратенички прашања првпат се случи пратеничка од власта да ги повтори истите прашања од пратеник од опозицијата – само за да овозможи премиерот да одговори. Имено, […]

Пеколно дно на руската тактика во Украина – ползат со километри низ цевки и живеат 10 минути откако ќе излезат


  Руските војници кои се обидуваат да се инфилтрираат во украински позиции ползејќи со километри низ напуштени подземни цевководи, преживуваат често само неколку минути кога ќе стигнат до другиот крај. На команден пункт во североисточната област Харков, украинскиот водник „Товсти“ од бригадата „Хартија“ наслика сурова слика за новата тактика, пишува „Дејли мејл“. Дојавите од дроновите […]

Опозицијата алармира за огромниот долг, Мицкоски смирува – нема ново задолжување од 350 милиони евра во јуни


Колку е Македонија задолжена, кој чии кредити враќа и до каде ќе стигнеме ако продолжи државата да се задолжува без притоа да се креира нова вредност, беа едни од темите на седницата за пратенички прашања што се одржува денеска во Собранието. Опозицијата алармира на висината на долгот и на нови задолжуања, како и на зголемување […]

„Нема да трошиме ни време ни пари“: Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ


  Владата работи на Реформската агенда и тоа е јасен показател на европската ориентација на кабинетот на Христијан Мицкоски. Вака одговорија попладне од Владата на барањето на лидерот на СДСМ да се одржи референдум за членството во ЕУ. „Да не трошиме време и пари на граѓаните“, велат од Владата. Оттаму велат дека отворањето на фондовите […]

Филипче бара да се распише референдум за ЕУ


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција побара власта да распише референдум за членство во ЕУ, и дека за тоа мора да одлучат сите граѓани. „Ова е прашање на сите нас, за секој еден граѓанин, за нашите семејства. Едноставно прашање за нашата иднина. Ова, почитувани граѓани, е референдумско прашање. Не може Христијан Тино […]

САД ќе ни помагаат тендерите да ги добиваат американски компании


  САД ќе ни помагаат да добиеме транспарентни јавни набавки, но нив да ги добиваат американските компании – произлегува од најновиот извештај на Стејт департментот што  ја  објаснува политиката на администрацијата на Доналд Трамп пред членовите на Конгресот. Иако кај нас акцентот беше ставен на најавата дека САД нема да помагаат повеќе во градење на […]

Каде е министерката за финансии: СДСМ ја бара, ВМРО-ДПМНЕ ја правда. Тема Фискалната стратегија и задолжувањето


  Дебатата за Фискалната стратегија и за законот за задолжување за 260 милиони евра кои се на дневен ред на денешната 102. Седница на Собранието, ги стави во фокусот висината на јавниот долг, загрижувачкиот раст на каматниот товар за земените кредити, како и консолидацијата на јавните финансии, но и отсуството од расправата на министерката за […]

Додека трае примирјето и преговорите САД го нападнаа Иран со ракети


  САД започнаа напади врз јужен Иран како тест на седумнеделното примирје, откако двете страни ги намалија надежите за непосреден мировен договор дури и кога преговарачите од Техеран започнаа нови разговори во Катар. Американските сили ги таргетираа местата за лансирање ракети и бродовите што се обидуваа да постават мини, соопшти во вторникот американската централна команда […]

Враќањето на Ципрас ја потресува грчката политика


  Враќањето на Алексис Ципрас, поранешниот левичарски премиер во времето кога Сириза беше власт, и појавата на нови помали партии се очекува да го преобликуваат и фрагментираат грчкиот политички пејзаж пред следните национални избори. Ципрас, кој ја водеше земјата за време на врвот на економската и должничката криза во 2015 година, помина низ вежба за […]