Трамп 37 пати најави договор со Иран, но такво нешто уште не се случи


  Американскиот претседател Доналд Трамп најмалку 37 пати од крајот на март изјави дека договорот со Иран е неизбежен или дека Техеран очајно сака договор. И покрај повторените најави дека решението е само неколку дена или недели оддалечено, договорот сè уште не е материјализиран. Сепак, Трамп повторно предвиде „тотална победа“ во следните две недели синоќа, […]

Трамп побара од Иран и Израел „веднаш“ да престанат да се гаѓаат


  Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник побара и од Иран и од Израел „веднаш“ да ги прекинат воените напади еден врз друг. „Израел и Иран мора веднаш да престанат со ‘пукање’“, напиша Трамп на Truth Social. Во втор пост, тој додаде дека двете земји „бараат веднаш да склучат ПРЕКИН НА ОГНОТ“ и дека мировните […]

Брисел не дал преодна оценка за Законот за судски совет, сега повторно ќе се менува!


  „Ова е како од рубриката ‘Верувале или не’“, напиша пратеничката Моника Зајкова за достигнувањата на македонското Собрание, откако пратениците добиле предлог-закон со кој се менува штотуку усвоениот Закон за судскиот совет – кој е дел од Реформската агенда и за кој ЕК не ни исплати сретства, бидејќи не е според препораките на Брисел. „Кога […]

Годишната инфлација во мај 4,8 отсто, цените на мало поголеми за 5,6 проценти


Годишната инфлација во мај годинава мерена преку трошоците на живот, во однос истиот месе  лани, изнесува 4,8 отсто. На месечно ниво пак, односно мај во споредба со април годинава, инфлацијата изнесуваше 0,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.  Најголемо влијание на годишната инфлација имале трошоците за транспорт кои на годишно ниво биле поголеми за 11 […]

Филипче од 32. Конгрес на СДСМ: Демократијата замира – скапотија за граѓаните и празен ПР од власта


Македонија се наоѓа пред историска можност за забрзување на европската интеграција, оценувајќи дека актуелната власт нема јасен план за напредок кон Европската Унија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 32. Конгрес на партијата и ја обвини за економски застој, слабеење на институциите и зголемена политичка контрола врз правосудството и медиумите. Тој повика на обединување […]

Филипче повика на обединување на прогресивните сили за да се победи „црната коалиција“ на Балканот


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики. Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните […]

Откако Николоски го „умре“, Мицкоски вели: Процесот на проширување е жив!


  Откако вицепремиерот Александар Николоски, еден ден пред доаѓањето на Антонио Кошта во Скопје,  порача дека ЕУ нѐ лаже дека ќе има проширување, премиерот Христијан Мицкоски денес од Тиват, по средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц утврди дека – процесот бил жив, а не умрен. Тој порача дека е исклучително задоволен од средбата што  ја […]

Го сака Макрон, не го сака францускиот предлог


  Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват каде цврсто се држи за рака со францускиот лидер Емануел Макрон. „Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција […]

Макрон: Сите се на страната на Црна Гора. Таа е пред целта


  Делегациите на земјите учеснички пристигнуваат во Тиват, Црна Гора, каде што денес се одржува самитот на Европската унија – Западен Балкан. Пристигнувањето на делегациите се одвива според протоколот, пред почетокот на работниот дел од самитот. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека лидерите на Европската унија се во Тиват за да ја поддржат Црна Гора […]

Нема пари за тутунарите, државата бара да се стрпат


  БИТОЛА – Расте револтот на тутунопроизводителите по веста дека и оваа недела нема да им да бидат исплатени парите за субвенциите за реколтата 2025-2026. Парите им се ветуваа од април, па во мај и само добиваат пораки да се стрпат, а денеска кога изминува првата недела од јуни, им пропадна надежта дека субвенциите ќе […]

Протоколот „преживеа“, отпадна барањето на Вајц да се разјасни дали е услов или не е


  Протоколот потпишан меѓу Бугарија и Македонија „преживеа“ во извештајот на Европскиот парламент. Ова е главната вест, откако протекоа компромисните амандмани што беа изгласани вчера во Комитетот за надворешни работи на ЕП. Веста поточно не е дали Протоколот ќе биде внатре или не, туку дали ќе помине амандманот 108  на известувачот Томас Вајц, со кој […]

Чуден молк околу извештајот на Вајц за Македонија


  Наспроти драмата што го следеше пишувањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент, гласањето вчера во Комитетот за надворешни работи помина речиси беа реакции и речиси без информации. Освен штурото соопштение од ЕП, во кое се спомнува дека немаме прогрес во владеењето на правото и борбата против корупцијата и сме раскарани внатре, никој реално […]

„Победата е невозможна“: Воените јастреби отворено застанаа против Путин


  Сè поочигледната немоќ на Русија да го пробие ќор-сокакот на бојното поле во Украина ги наведе влијателните гласови во рускиот естаблишмент јавно да повикуваат на прекин на конфликтот. Главното прашање е дали претседателот Владимир Путин ќе ја признае таа реалност и ќе се откаже од својата намера да ја уништи украинската независност. Во петтата […]

Во Албанија врие. Големи протести против Рама за луксузниот ресорт на зетот на Трамп


  Протестите во Албанија поради предложеното луксузно одморалиште поддржано од зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се очекува да се интензивираат откако противниците ја отфрлија понудата од премиерот на земјата „да разговараат за решенија“. Илјадници луѓе излегоа на улиците на Тирана трет ден по ред во средата, некои од нив мавтајќи со надувувачки фламинга во […]

Муцунски најави можна средба на високо ниво во Софија


  Следната недела очекувам со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да бидеме во Софија на регионален настан каде што би се сретнале повторно со нашите колеги и би разговарале, изјави министерот за надворешни работи  Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања по настан во Скопје. Муцунски вели дека во моментов не е договорена таква средба, но додава дека […]

„Екипа на СНС за специјални задачи“: Кои се патниците на кои им беше забранет влез во Црна Гора


  Црногорската гранична полиција на аеродромот во Тиват вчера им одби престој и кратко пред 16 часот врати во Белград 87 српски државјани, меѓу кои има претежно лица со криминално досие, а со години се споменуваат во српските медиуми како лица ангажирани во специјални задачи на режимот на Српската народна партија (СНС), објавуваат подгорички „Вијести“. […]

Савески не ги нашол полните „фиоки“ со стари предмети на Мицкоски


  Државниот јавен обвинител Ненад Савески не ги нашол фиоките полни со предмети што некои обвинители наводно ги чувале за да застарат, а за кои повеќепати јавно зборуваше премиерот Христијан Мицкоски и заради што наводно беше сменет неговиот претходник. За волја на вистината, Савески уште кога дојде на функцијата порача дека нема фиоки во Обвинителството […]

Украинците го посрамотија Путин во неговиот град. Погодена и корвета од Балтичката флота


  Утрово украинските социјални мрежи и новински куќи беа преполни со објави и фотографии споделени од руските канали на Телеграм. Жителите на Санкт Петербург, вториот по големина град во Руската Федерација и родниот град на Владимир Путин, масовно објавуваа фотографии и видеа на социјалните мрежи од украински дронови кои, како на парада, полека летаа над […]

Кошта: Тоа што е договорено треба да се испорача, ништо повеќе!


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по денешниот состанок со премиерот Христијан Мицкоски jа зацементира политиката на ЕУ за нашата држава порачувајќи дека – усвојувањето на договорените уставни измени останува „единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори“ со Европската Унија. „Како што кажав и пред една година: Она што е договорено, е договорено. И, […]

Украина и Молдавија ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ во јуни


  Унгарија сигнализираше дека ќе се откаже од долгогодишното противење на кандидатурата на Украина за членство во ЕУ, што ќе ѝ овозможи на неа и на Молдавија да започнат формални преговори за приклучување кон блокот во наредните денови, изјавија четворица дипломати за „Политико“. Отворањето на првиот преговарачки „кластер“ – формален чекор на патот кон членство […]