Ѓорѓиевски се напи вода од чешма за да покаже дека е безбедна (видео)

Испитувањата од примероците земени од 36 места на 11 август покажаа дека водата е безбедна за пиење, нема присуство на бактерија


Водата во СКопје е чиста и нема никакво загадување со ешерихија коли, а таа вода ја пие и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и неговото дете. 

Во текот на денешниот ден, се рашири информација дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли, што надлежните одговорно тврдат дека не е точно.

– Ова е организиран напад, за ширење хистерија и паника – рече Ѓорѓиевски, кој вели дека водата од скопски „Водовод“ ја пие и тој неговото дете.

Според него, оваа паника се шири од опозицијата бидејќи тој и неговиот тим немаат никаква афера изминативе осум месеци и се работат многу проекти за разлика од минатото.

„Ние годинава немаме проблем со водоснабдувањето и притисокот и затоа се шират лаги. Ова е организиран напад од опозицијата, не мислам само на СДСМ, мислам и на онаа сателит партија штом им помага често пати. Овој организиран напад на ширење хистреија е еднаков на терористички напад и затоа се сублимираат сите профили и во текот на денот ќе бидат доставени до МВР и ќе бараме да се постапи соодветно против истите“, рече Ѓорѓиевски.

Раководителката на санитарна контрола при лабараторијата на ЈП „Водовод и канализација“ Емилија Аневска кажа дека секој ден се прават испитувања на водата од примероци земени на 36 мерни места од сите општини.

„Испитувањата од примероците земени од 36 места на 11 август покажаа дека водата е безбедна за пиење, нема присуство на никаква бактерија. Дополнително вчера е направена и брза ПСР анализа од која резултатите се добиваат за 7 часа и исто така резултатите покажаа дека не е констатирано присуство на ешерихија коли или некоја друга бактерија“, рече Аневска.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека до овој момент немаат добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“, за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна законска обврска,  врз основа на кое би била донесена и забрана за нејзина употреба.

Депонијата кај Рашче, која се заканува да ја загади водата која ја пијат скопјани, се чисти, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција.

Депонијата, насобраното ѓубре деновиве ја прошета новинар од една македонска телевизија, а видеото брзо се рашири по социјалните медиуми.

За ова, се огласи и градоначалникот Ѓорѓиевски, кој појасни дека оваа депонија не е нанеколку километри од Скопје, туку на 30 километри и дека не е на територија на Скопје, но ете, денеска решиле „Комунална хигиена“ да биде испратена таму и да го рсчисти ѓубрето.

Проследете ја прес конференција на градоначалникот Ѓорѓиевски за водата во Скопје: