Власта е најголем подмитувач, обвинува бизнисот, се бараат и по 100.000 евра


Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот. Најчесто се обидува да го корумпира индиректно, а главно му бара пари, процент од тендери, нечие вработување или унапредување, донација за политичка партија, подароци или услуги. Повеќето компании тоа не го пријавуваат, дел сметаат дека ќе пропаднат, а дел не веруваат дека ќе има каков било ефект. Ова […]

Сивата економија „јаде“ половина милијарда евра приходи од буџетот


  Секоја година поради сивата економија Македонија пропушта да собере околу половина милијарда евра приходи во државниот буџет, средства со кои би можеле да се финансираат значајни проекти во образованието, здравството, инфраструктурата… Ова е процената која денес во Стопанската комора на Северна Македонија ја презентираа потпретседателот на комората Зоран Јовановски и даночниот експерт Павле Гацов, […]

Стопанска комора: Сѐ уште ја плаќаме илузијата за „бесплатен ручек“


 Земјава нема доволно материјална основа, а наоѓа начин да ги испорача желбите на граѓаните и нивните очекувања. Се уште трае илузијата за „бесплатен ручек“, а бесплатен ручек во економијата не постои. Долгорочните последици од ваквата „поставеност“ се задолжување на државата. На крај, цената ќе ја плати бизнисот, рече денеска Зоран Јовановски, потпретседател и советник во […]

Јовановски: Замрзнувањето на цените не е пазарно решение


Замрзнувањето на цените не е пазарно решение, смета Зоран Јовановски, потпретседател и советник во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија за макроекономски прашања и јавни финансии. Според Јовановски, товарот од кризата не треба да го носи само една индустрија, туку треба да падне врз грбот на сите по малку. Државата, пак, треба […]

Скапата електрична енергија ја погоди и трговијата


  Драстично поскапената електрична енергија, непрецизното дефинирање на мерките поврзани со ограничувањето на маржите, отсуството на сеопфатен приод на државата при справување со кризни моменти и нелојалната конкуренција се само дел од проблемите со кои се соочуваат големите ланци на маркети што деновиве ги посети делегација на Стопанската комора, предводена од потпретседателот Зоран Јовановски, соопштија […]

Компанија потрошила помалку струја од лани, а добила шест пати поголема сметка


  Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат […]

Демократијата почнува на локално ниво – да им помогнеме на општините да станат финансиски одржливи!


Со настанот што се одржа денеска заврши проектот „Мојата општина – финансии, развој, долгорочна одржливост“. Проектот се реализираше преку Форумот за разумни политики и бизнис магазинот Економија и бизнис и беше финансиски поддржан од Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија. Со овој проект беа опфатени 15 општини (Прилеп, Куманово, Тетово, Битола, Кочани, Охрид, Гевгелија, […]