Концерт на Соколов и Кабранова-Филипова на „Златна лира“


Во Музејот на македонската борба вечер од 20 часот концерт ќе одржат саксофонистот Лазар Соколов и пијанистката Емилија Кабранова-Филипова. Концертот е во рамки на фестивалот „Златна лира“ организиран од Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). На програмата се дела од Болинг, Бужаровски, Лело, Пејовски, Молинели и Итуралде. Влезот за посетители е слободен.

„Златна лира“ 2023: Концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска


 Во рамки на фестивалот „Златна лира“ вечер концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска. Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба, со почеток во 20 часот. Дуетот ќе настапи со дела од Шуман, Сен-Санс, Лутославски, Ковач, Берксон и Шаловски. Ристо Ѓоревски додипломските и постдипломските студии по кларинет ги завршува на […]

Во Музејот на македонската борба почнува фестивалот „Златна лира“


  Фестивалот на камерна музика „Златна лира“ почнува вечер во Музејот на македонската борба со концерт на сопранот Биљана Јосифов, во пијано придружба на Иван Еминовиќ. Овој фестивал традиционално секоја година во октомври го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). Програмата на концертот е посветена на оперското творештво на Волфганг Амадеус Моцарт, а […]