Отворање на 19. „Зимски салон“ на ДЛУМ


Деветнаесеттата манифестација „Зимски салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер ќе биде отворена во Чифте амам. Селектор на годинашниот „Зимски салон“ е романската професорка од Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а зададената тема гласи „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконстуирање“. На изложбата ќе бидат претставени дела на 41 македонски автор. […]