Мрачни прогнози на светскиот пазар на жито, се заканува ли недостиг?


Дали светот ќе се соочи со недостиг на пченица и дали ќе има зголемување на цените на житото на светскиот пазар? Имено, Украина и Русија, како што најавуваат локалните аналитичари, најверојатно ќе произведуваат и извезуваат помалку жито оваа година отколку во претходните години, што би можело да предизвика недостиг од повеќе од една четвртина од […]

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него


  БИТОЛА – Жетвата на јачменот веќе почна во Неготино и Градско, за десетина дена и во другите житници од државата, а нема цена на житото. Ваквата состојба на терен силно ги загрижува производителите на житни култури. Жетвата на јачменот во зависност од сите други години почна порано заради поволните временски услови и дождливата пролет. […]

Официјално продаден познат хрватски бренд


Со потпишувањето на договорот за пренос на акции, Фортенова Груп и Жито формално го завршија процесот со кој Звијежда плус и Звијежда Словенија стануваат сопственост на Жито Груп. Жито со тоа стана сопственик на 100 проценти од деловните акции во компаниите Звијежда Плус и Звијежда Компани за внатрешна и надворешна трговија, Љубљана. Хрватскиот џин се […]

Македонските земјоделци повеќе сакаат да садат тутун отколку жито


  БИТОЛА – Македонските земјоделци садат култури кои им носат заработка. Годинава расте интересот за производство на тутун, каде килограм од последната реколта вкупно со субвенциите достигна цена од 500 денари. Во државата има околу 1,26 милиони хектари земјоделска површина, од кои приближно 500 илјади хектари се обработливи – ораници, бавчи, лозја и овоштарници. Остатокот […]

Русија уништила 300 илјади тони жито откако се повлече од договорот, тврди Киев


Русија погоди шест цивилни бродови, 150 пристанишни и житни објекти и уништи повеќе од 300 илјади тони жито откако во јули се повлече од договорот за безбеден извоз на украинска храна преку Црното Море, соопшти денеска украинската влада, пренесоа британските медиуми. Дваесет и еден брод веќе биле натоварени со жито за извоз и го користат […]

Поради блокадата на црноморските пристаништа, украинското жито почна да се извезува преку Хрватска


Украинското жито почна да се извезува преку хрватските пристаништа, со оглед на тоа што нејзините црноморски пристаништа се блокирани поради руската агресија врз оваа земја. Ова го изјави првиот вицепремиер и министер за економија Јулија Свириденко на средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. „Украинското жито почна да се извезува преку хрватските пристаништа. Благодарни сме за […]

Путин: Прво исполнување на барањата на Русија, па после договор за житото


  Рускиот претседател Владимир Путин изјави во понеделникот дека договорот за жито што ѝ овозможи на Украина безбедно да извезува жито преку Црното Море нема да биде обновен додека Западот не ги исполни своите обврски за олеснување на рускиот земјоделски извоз. Путин ја даде изјавата по разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој заедно […]

Забраната на увоз на украински земјоделски производи ја подели ЕК


Евентуалното продолжување на временото ограничување на увозот на украински земјоделски производи, што истекува на 15 септември, предизвикува поделби во Европската комисија, која е ставена во позиција да бира меѓу изразувањето солидарност со Украина и барањата на членките на ЕУ од Источна Европа, наведува „Еурактив“. Европската комисија во април воведе привремена забрана за увоз на пченица, […]

Зеленски: Москва сака глобална прехранбена катастрофа


Украинскиот претседател Володомир Зеленски во своето последно  редовно обраќање до сонародниците ноќеска ги опфати повторените напади на Москва врз украинските пристаништа, при што ја обвини Русија дека „води битка за глобална катастрофа“ со гаѓање на капацитетите за складирање жито, пренесе Скај Њуз. -Во нивното лудило, им треба колапс на светските пазари на храна, им треба […]

Украина ќе извезува жито преку Дунав во Хрватска, а потоа со бродови од Јадранот


Украинското Министерство за надворешни работи во денеска соопшти дека ќе извезува жито преку хрватските пристаништа на Јадранското Море, а житото ќе биде доставено до Хрватска преку Дунав, а потоа со железница до јадранскиот брег. Министерството наведува дека за ова прашање постигнало договор со Хрватска. Во Киев вчера престојуваше хрватскиот министер за надворешни и европски работи […]

Москва потврди дека договорот за жито е продолжен


Руската страна го продолжи договорот за жито за два месеци, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Можеме да потврдиме дека и руската страна одлучи да го продолжи Црноморскиот договор за уште два месеца. Има релативен резултат во преговорите со учество на претставници на Турција, Украина и ОН“, рече Песков. Тој додаде дека е […]

Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица за да се откупи домашното производство


Од Националната федерација на фармери (НФФ) денеска побараа да се забрани увоз на пченицата за, како што рекоа, да може да се откупи домашното производство. Мемет Синани, член на Управен одбор на НФФ истакна дека оваа година имаат проблем со откупот на пченицата и на земјоделците им стојат околу 10.000 тони неоткупена пченица. Тој посочи […]

Уште не се откриваат трговците кои не ги почитуваат владините мерки, ќе се знаеле наскоро


Во координација сме со органите на прогонот и инспекциите за три до четири дена ќе информираат, што ќе се случи со трговците на овошје и зеленчук кои не ја почитувале мерката донесена од Владата за да се обезбедат 70 проценти од потребите за домашниот пазар, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши во […]

ЕУ го решава конфликтот: 100 милиони евра компензација


Европската унија подготви 100 милиони евра компензација за земјоделците во земјите кои граничат со Украина. Планира да воведе и ограничувања за увоз на украински житарки, објави Европската комисија. Како што објави Ројтерс, притисокот врз ЕУ да го реши прашањето за падот на цените поради увозот на поевтини украински житарки на територијата на целиот блок се […]

Полска од петок го обновува транзитот на украинско жито низ нејзината територија


Полска се согласи од петок да го обнови транзитот на украински жита преку полска територија, изјави денеска полскиот министер за земјоделство Роберт Телус и нагласи дека транзитите ќе бидат запечатени и надгледувани. Зборуваше и полскиот министер за развој Валдемар Буда, кој рече дека забраната за увоз на украински прехранбени производи во Полска останува на сила, […]

ЕУ: Неприфатливи се едностраните забрани за увоз на украинско жито од Полска и Унгарија


 Едностраните трговски акции на земјите-членки на Европска Унија се неприфатливи, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, откако Полска и Унгарија забранија увоз на жито и други земјоделски производи, со цел да го заштитат националниот земјоделски сектор. – Свесни сме за мерките што ги објавија Полска и Унгарија за забраната за увоз на жито и други земјоделски производи […]

По Полска и Унгарија го забрани увозот на украинско жито


По одлуката на Полска да го забрани увозот на украинско жито и друга храна, Унгарија, исто така, привремено го блокира увозот на украинско жито и некои други земјоделски производи за да го заштити својот домашен пазар, изјави унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ. „Владата е посветена на застапување на интересите на унгарската земјоделска заедница, поради […]

Русија планира значително помало производство на житарици оваа година


 Русија планира да произведе 120 милиони тони житарици оваа година, објави денеска тамошното Министерство за земјоделство, што сигнализира значително помало производство отколку во рекордната 2022 година. Според официјалните податоци, минатогодишната реколта произведе 157,7 милиони тони житарици, од кои 104,2 милиони тони пченица. Не е јасно дали минатогодишната рекордна жетва е поврзана со освојување на територија […]

Полскиот министер за земјоделство дадe оставка поради украинското жито


Полскиот министер за земјоделство Хенрик Ковалчик поднесе оставка поради украинските цени на житото, пишува Ројтерс. Ковалчик рече дека одлучил да ја напушти функцијата поради одлуката на Европската комисија да го продолжи увозот на  жито од Украина без царина до јуни 2024 година. Полските фармери повикаа на воведување тарифи. „Бидејќи е јасно дека ова барање нема […]

Полска бара ЕУ да ја врати царината за украинското жито


Полскиот министер за земјоделство Хенрик Ковалчик најави дека Варшава ќе побара од Европска комисија да ја врати царината за житото од Украина, кое наместо само да транзитира низ Полска и да биде извезено во земјите од Африка и Азија, во голема мера пристигнува на пазарот на земјите-членки на ЕУ. – Ќе се обидеме што побрзо […]