Ангеловска-Бежоска: Народната банка го поддржува женското претприемаштво како двигател на економскиот раст


Женското претприемаштво игра значајна улога во отворањето работни места и придвижувањето на економскиот раст. Народната банка ќе го предводи и ќе го координира спроведувањето на проектот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, насочен кон поддршка на женското претприемаштво и финансиската вклученост на жените претприемачи, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. […]