Зградата на МНР осветлена во боите на германското знаме по повод утрешната посета на Аналена Бербок
По повод утрешната посета на министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок на Република Северна Македонија, зградата на Министерството за надворешни работи вечерва е осветлена во боите на германското знаме. -Германија продолжува да биде еден од најсилните промотори на европската интеграција на регионот, стои во објавата на официјалната фејсбук страница на МНР. […]