Судењето против Зеќири започна од почеток по измените на КЗ, тој излезе и од притвор


Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, започна од почеток, откако јавната обвинителка на денешното рочиште во Основниот Кривичен суд го трансформираше поднесениот обвинителен акт во обвинителен предлог, согласно измените на Кривичниот законик. – Поднесениот обвинителен акт е трансформиран во обвинителен предлог согласно измените на Кривичниот закон од септември 2023, кои што предвидуваат […]

Одбраната на Зеќири е убедена дека обвинението нема никакви елементи на кривично дело, судењето продолжува на 30 јануари


Оспоруваме сѐ од обвинителниот акт, тоа е едноставно. Соодветната процедура ја оспоруваме, законските можности за консултантски услуги, исто така, ги оспоруваме, изјави адвокатот Мирослав Вујиќ, бранител на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој е обвинет за злоупотреба на службена положба. По одржувањето на првата расправа од процесот во изјава за медиумите Вујиќ рече […]

Поднесен обвинителен акт против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службената положба


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири. По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе […]

Зеќири од Инфективна оди во домашен притвор


Мухамед Зеќири излегува од затворот во Шутка. Ова е одлуката на скопска Апелација која е донесена денеска. Нему му е одреден куќен притвор, а од Инфективната клиника во Скопје каде престојува скоро месец ќе биде пренесен во затворот, па со полициска придружба на домашна адреса во Чаир, Објави А1он. Апелационите судии го сменија мислењето откако […]

Продолжен притворот на Мухамед Зеќири


Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири останува во притвор, откако денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена, потврдија извори од Судот за МИА. Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања. Првата мерка притвор од […]

ДКСК бара кривично гонење на Рашковски и Зеќири за склучување авторски договори


Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука да поднесе Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење до Основното јавно обвинителство Скопје, против Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, и против Мухамед Зеќири, поранешен генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, кои за време на извршување на нивната службена […]

Мухамед Зеќири останува во притвор


Апелациониот суд го потврди решението со кое е продолжена мерката притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Од Судот за МИА потврдија дека апелационите судии ја одбиле жалбата на Зеќири со која тој побара да биде пуштен да се брани од слобода. По оваа одлука на Апелациониот суд поранешниот владин генерален секретар останува […]