До петок ќе завршат анализите за цените на шекерот, јајцата и зејтинот


Министерот за економија Крешник Бектеши очекува до петок да завршат анализите кои треба да покажат дали ќе се замрзнат цените на шекерот, јајцата и зејтинот. Како што рече вечерва во гостување на телевизија Телма, се чекаат дополнителни податоци од стопанските комори и Царинската управа. -Не се завршени анализите. Очекувам до петок да бидат завршени. Очекуваме […]

Наумоски од „Витаминка“: Цената на зејтинот намалена за 40 денари


  Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, а цената на репроматеријалите мируваат, истакна генералниот извршен директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски при денешната посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“. –Цената е падната за скоро 40 денари и […]

Од утре и задутре зејтин ќе има во сите маркети, цената ќе биде стабилна и ќе достигне максимум 2,5 евра


Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи, рече денеска генералниот директор на фабриката „Благој Ѓорев“ во […]

Двата милиона литри српски зејтин се за потребите од еден месец, можна е одлука за увоз на дополнителни количини


Од утре увозниците ќе можат да набавуваат зејтин од Србија. Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, донесена е одлуката од српска за извоз на два милиона литри, но таа се однесува за количините кои според направените проценки, ќе бидат доволни за еден месец. Можно е, како што објасни министерот, […]

Србија одобри извоз на два милиона литри зејтин за Македонија


На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата“ за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорите, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Како […]

Нема проблем со производство и со снабдување на масло за јадење, вели Бектеши


Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека на пазарот во земјава нема нема проблем со производство и со снабдување на масло за јадење. „Ние редовно сме во комуникација со производителите на масло за јадење во државата и согласно податоците што ги добиваме од нивна страна тие редовно ги снабдуваат сите трговци на мало со овој […]

Владата ја продолжи до 15 април забраната за извоз на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла


Владата на Република Северна Македонија на денешната 31 седница го продолжи рокот на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки донесена на 26-тата седница од 11 март, со што ограничувањето за извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, е […]

Владата го ограничи извозот на одделни житарки, брашно, сончоглед и сончогледови масла


Се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, одлучи Владата на 26-тата седница.   -Одлуката за ограничување на извозот на овие стоки Владата на Северна Македонија  ја донесе како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и […]

Курти: Косово има најскап зејтин во светот, цената е вештачки надуена


Косовскиот премиер Албин Курти, по денешното поскапување на цената на сончогледовото масло во дел од маркетите во државата на дури 3,50 евра за литар, изјави дека Косово има најскап зејтин во светот, но дека тој пораст на цените не е резултат на реалната состојба на пазарот, јави дописникот на МИА од Приштина. По посетата на […]