„Комунална хигиена“ апелира да се внимава при фрлање отпад во контејнери
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје апелира граѓаните внимателно да ракуваат со садовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно оперативната програма за работа. – Секое оштетување на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад […]