Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на декември


Владата, на предлог на Министерството за економија, на денешната седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во […]

Компаниите бараат да им се овозможат акции и промоции, регистрираат и пад на продажбата


Мерката за замрзнување на цените на производите до 30 ноември годинава е одлична мерка што дава резултати и е поддржана од страна на потрошувачите, а податоците и анализите што ги имаме за нејзиното спроведување даваат простор да се продолжи до крајот нагодинава за да нема нарушување на пазарот во декември кога има поголема потрошувачка, оцени […]

Цените „одмрзнати“, засега без нови мерки


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска потврди дека „замрзнатите“ цени на основните производи веќе нема да важат, но ако се забележи дека има нивно вештачко зголемување, инспекциите, рече, веднаш ќе реагираат. -Во однос на цените на прехранбените производи, утврдено е дека речиси сите се намалени согласно владините мерки кои се носат една година. Да, мерките […]

Одмрзнуваат цените на земјоделските производи, струјата нема да поскапи


Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво. Инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува, така што очекуваме во јуни инфлацијата во земјата да биде пониска од десет насто. Тоа денеска го истакна министерот за економија, Крешник […]

Ќе се носи одлука дали ќе има ново замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот


Владата ќе прави анализа за цените на овошјето и зеленчукот и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе ја продолжи мерката со замрзнување, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарски прашња по настанот на кој се одбежела Светскиот ден на метрологијата – 20 мај, тој повтори дека кризата нема да […]

Цените на овошјето и зеленчукот ќе останат замрзнати до 31 мај


 За еден месец, односно до 31 мај се продолжува рокот на траење на Одлуката за определување на највисоки цени на овошје и зеленчук во трговијата на големо и трговијата на мало. Предлогот е на Министерството за економија, а одлуката ја донесе Владата на денешната седница. – Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот […]

Владата денеска одлучува за колку ќе „одмрзнат“ замрзнатите цени кај зеленчукот и овошјето


Владата денеска треба да донесе одлука со која ќе се ревидираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, ниту еден од производите опфатени со одлуката нема да биде поскап од 100 денари за килограм. Корекцијата на цените доаѓа по средбата со трговците минатата недела. -Договорено е […]

Инспекторите денеска направиле 250 контроли, откриле две прекршувања за замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот


Инспекторите од Државен пазарен инспекторат денеска извршиле над 250 контроли и надзори на цела територија на државата и регистрирале две прекршувања на Одлуката со која на 11 земјоделски производи им беа лимитирани цените. Како што соопштија од ДПИ, на прекршителите дополнително ќе им бидат издадени соодветни прекршочни платни налози. „Од контролите е заклучено дека производите […]

Пазарџиите во небрано – набавната цена на „замрзнатите“ производи повисока од продажната


Пазарџиите од утрово се најдоа во небрано – дали да ги продаваат производите чии цени ги лимитираше Владата по цена пониска од набавната, или кришум да бараат цена која ќе ги покрие барем трошоците за набавка. Некои одеа до таму што доматите, пиперките, бананите… ги криеја под тезга, па ако некој побара, да му ја […]

Доматите 70 денари, кромидот 60 денари… еве ги највисоките дозволени цени за 11 производи


Од среда, петти овој месец 11 земјоделски производи па до крајот на април, ќе имаат највисоки лимитирани цени по кои ќе може да се продаваат, најави денес на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши. Така, свежите домати нема да може да се продаваат по цена повисока од 70 денари за килограм, свежите краставици ќе […]

Нема да има нагло поскапување на производите по одмрзнувањето на цените, тврди Бектеши


Министерот за економија Крешник Бектеши тврди дека нема да дојде до нагло поскапување на производите кога ќе престанат да важат владините одлуки за замрзнување на цените.  Според него, производителите и трговците можат да направат калкулации согласно постечките цени на суровините и другите параметри кои се влезни во утврдувањето на финалната цена на производите. -Нема таков […]

„Цените се до плафон“: Ковачевски очи во очи со незадоволна пензионерка


  „Цените се до плафон, со два денари за макарони и денар за јајца замрзнати на 99 денари, значи што е тоа поевтинување. Животот стварно дојде многу тежок, па не можеме да купиме ниту лекарства, ниту храна“. Вака жена потрошувач во скопски маркет го „начека“ премиерот Димитар Ковачевски, кој со министерот за економија Крешник Бектеши […]

Од анализите на Министерството за економија зависи дали ќе има други производи со замрзнати цени


Цената на кој следен производ ќе биде замрзната зависи од анализата во Министерството за економија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.  -Кој производ ќе биде со замрзната цена ќе зависи од анализите што се прават во Миниустерството за економија. Доколку има производ што ги исполнува условите тогаш нормално Владата ќе донесе одлука, доколку нема, Владата нема […]

Замрзнати цените на јајцата и на оризот, ќе чинат најмногу колку што биле на 15 март


Владата денес ја замрзна цената на јајцата од кокошка и оризот со што нивните највисоки цени ќе бидат на ниво од 15 март 2023 година, а одлуката ќе се применува до 30 април 2023 година. Истовремено, производителите на јајца се обврзани најмалку 70 отсто од нивното производство да го пласираат на домашниот пазар. Ова денес […]

Литар млеко 68 денари, шпагетите 43 денари… Како се почитува одлуката за замрзнување на цените


  Цените на тестенините, млекото и млечните производи во маркетите утрово осамнаа со нови, пониски цени. Така, литар трајно млеко на најголемиот производител во земјава, со 2,8 проценти масленост од денеска се продава по цена од 68 денари, што е за цели десет денари помалку од досега, јогуртот е намален од 80 на 72 денари […]

Се чека последниот ден да се намалат цените, ако не се почитува владината одлука следат мерки, вели Битиќи


Очигледно така сме навикнати во нашето општество, секогаш е последниот ден, дури и кога е за добра работа. Мислам дека го чекаат последниот ден, но утре наутро ќе ги видиме цените, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи одговарајќи дали е послушана одлуката на Владата за намалување на цената на млекото и млечните производи во […]

Замрзнување на цените е поради непочитување на договореното со субвенционираната струја, вели Битиќи


Вицепремиерот Фатмир Битиќи за „Клан Дебата“, изјави дека замрзнување на цената на лебот и на други производи е резултат на неетичкото однесување на економските оператори. „Во октомври минатата година, по дискусија со производителите на храна, донесовме мерка за субвенционирањето на струјата што ќе спречи поскапување, но овој договор не беше испочитуван. Затоа сега ја имаме […]

Пазарниот инспекторат предупредува: Високи казни ако не се почитуваат замрзнатите цени


  Веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата за определување на највисоки цени за тестенини, млеко, урда, сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен и ќе постапува, најавуваат од Инспекторатот и додаваат дека казните за непочитување на одлуките изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во […]

Од утре и макароните, шпагетите, белото сирење, млекото… одат под мраз


  Од утре ќе бидат замрзнати цените на тестенините и на млечните производи, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Со одлуката ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата… Според Бектеши, тестенините ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека во однос на млечните производи ќе се причека производителите до утре да се подготват […]

Франција ги замрзна цените на храната до јуни. Трговците ја поддржаа мерката


  Француската влада во понеделникот соопшти дека склучила договор со големите трговци на мало за ограничување на многу цени на храната, во обид да ги олесни инфлаторните притисоци за потрошувачите, пренесе АФП. Малопродажните групи ќе ги намалат цените за широк спектар на прехранбени производи, а изборот ќе биде оставен на нивна дискреција, „на најниско можно […]