Залужни: Третата светска војна веќе започна


Валериј Залужни, украинскиот амбасадор во Велика Британија и поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, смета дека директното учество на автократските сојузници на Русија во војната против Украина укажува дека Третата светска војна веќе започнала. „Верувам дека во 2024 година можеме со сигурност да кажеме дека Третата светска војна започна. Причината за тоа е […]

Залужни отпуштен од воена служба, именуван за амбасадор во Лондон


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потпиша указ за официјално разрешување на поранешниот врховен командант, Валериј Залужни од воена служба, наводно поради здравствени проблеми, а потоа го именува за нов амбасадор на Украина во Велика Британија и Северна Ирска. Украинските медиуми јавуваат дека на Залужни ќе му биде дозволено да носи воена униформа, иако е […]

Зеленски ја одобри кандидатурата на Залужни за амбасадор во Велика Британија


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ја одобри кандидатурата на поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни за вонреден и ополномоштен амбасадор на земјата во Велика Британија, јавија украинските медиуми повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на Украина. „Во четврток, 7 март 2024 година, претседателот на Украина ја одобри кандидатурата на […]

Зеленски во важен момент го разреши командантот на армијата. Објавено кој ќе го замени


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Валериј Залужни, врховен командант на украинската армија. Зеленски на социјалните мрежи објави заедничка фотографија на која се ракува со генералот Валериј Залужни. Ова е најзначајната промена во украинското воено раководство од рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година. Оваа промена во военото раководство доаѓа во тешко време […]

Киев го известил Вашингтон дека планира да го отпушти генерал Залужни


Украинската влада ја известила Белата куќа дека планира да го отпушти командантот на вооружените сили на земјата, генерал Валериј Залужни, објави Ројтерс, повикувајќи се на два, како што се наведува, добро упатени извори, пренесува БТА. За ова прашање веќе неколку дена се расправа во јавноста, со спротивставени извештаи. Потегот за смена на Залужни, кој се […]

Се прават планови за „зимската војна“; Залужни разговараше со американскиот генерал Браун


 Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни разговараше со началникот на Здружениот генералштаб на САД, генерал Чарлс Браун. Тие разговараа за плановите за зимскиот период и итните потреби на украинската армија. Тој детално го информирал американскиот генерал за последните случувања на бојното поле, истакнувајќи дека насоките на Авдиевка, Купјанск и Маринка и понатаму […]

Прва средба на началниците на генералштабовите на САД и Украина


Началникот на Здружениот Генералштаб на Армијата на САД, генерал Марк Мили, денеска за првпат се сретна со началникот на украинскиот Генералштаб, Валериј Залужни, во близина на границата на Украина и Полска. Состанокот, кој се одржа во време кога се наближува првата годишнина од војната во Украина, укажува на се посилните врски меѓу армиите на двете […]