Мрежата за борба против хомофобија и трансфобија ја осудува одлуката за повлекување на предлог-законот за матична евиденција


Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија најостро ја осудува одлуката на Владата на Република Северна Македонија за повлекување на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција, еден ден пред да биде разгледан на собраниска Комисија за политички систем. Според мрежата, со ова, нашата држава потфрла да изгради општество за сите. […]