Законот за обвинителство ја „надживеа“ и одлуката од Брисел


Ниту средината на октомври, односно пред одлуката од Брисел за (не)добивање на датум за преговори со ЕУ, не се покажа како краен рок кога требаше да биде донесен законот за обвинителство. Партиите ја префрлаат одговорноста кон политичкиот противник обвинувајќи ги за неуспехот во донесувањето на законот, кој иако беше посочуван како невлијателен за судот на […]

На избори со и без закон за обвинителство


ВМРО-ДПМНЕ и вчера побара власта да распише предвремени избори. Коментирајќи ги последните јавни настапи на премиерот Зоран Заев, најголемата опозициска партија констатираше дека има само еден начин да се проверат неговите тврдења оти државата блеска: соочување со гласачите. Тие се уверени оти владата на СДСМ и коалициските партнери веќе три години владеат со криминал, корупција […]

Вилма да ги води „27 април“ и „Рекет“, ама шефот ќе ѝ го каже ВМРО


Власта и опозицијата прават уште еден чекор да ги доближат ставовите за законот за обвинителство по неуспехот на средбата меѓу лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Сега теренот го испитуваат советниците на премиерот и на првиот човек на опозицијата, Бојан Маричиќ и Тимчо Муцунски. По нивната средба во неделата, двете најголеми […]

Преговорите во лер по трансферот на предметите


Иако и од власта и од опозицијата најавуваат дека се подготвени да продолжат да преговараат за законот за обвинителство, нема најава за средба меѓу двата преговарачки тима. Трансферот на предметите од специјалното во обичното обвинителство, ја исклучи потребата од итно решавање на проблемот, но и натаму е исклучително важно да се најде решение за законот […]

Јанева оди во аут сосе тајните од „Рекет“?


Разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева е закажано за в четврток на програмата во парламентот. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе се состане утре во 12 часот за да го разгледува извештајот од Советот на јавни обвинители, според кој, Јанева својата функција ја извршувала незаконски, несовесно и нестручно, алудирајќи на аферата „Рекет“. […]

Финални преговори: СЈО дознава дали ќе постои


Власта и опозицијата денеска ќе седнат на заедничка маса во последен обид да стигнат до заедничко прифатливо решение за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Последните информации говорат дека има расположение во двата табори да се најде компромис за новиот закон за обвинителство, но и во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на своите ставови, […]

За новото СЈО по 1.5 милион евра годишно


Власта прифати четири од дваесетината амандмани на ВМРО-ДПМНЕ во првиот ден од собраниската расправа за предложениот закон за обвинителство. Социјалдемократите и ДУИ се согласија од буџетот да се одвојуваат по 0,4 отсто од средствата за новото Обвинителство за гонење криминал и висока корупција, односно за редовното обвинителство. Годишниот буџет е околу 3.7 милијарди евра, што […]

Законот за новото СЈО отиде на пауза


Артан Груби, претседателот на Комисијата за европски прашања, на почетокот на денешната седница соопшти дека поднесени се четириесетина амандмани за законот за обвинителство и прогласи пауза на неопределено време. Неофицијално, со тоа им се дава шанса на партиите да ги усогласат ставовите пред продолжетокот на седницата. Според наши извори, седницата ќе трае два дена (денеска […]

ВМРО сака да ја предложи новата Катица


Дваесетина амандмани ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ на предлог-законот за обвинителство, кој денеска е на дневен ред во собраниската Комисија за европски прашања. Од опозициската партија велат дека не им е целта да го блокираат законот со стотина амандмани, а и не сакаат да ѝ дадат повод на власта да прифати процентуално голем број, но не и […]

На СЈО ќе му (пре)судат амандмани


Денеска, првпат по одморите, пратениците  ќе седнат во собраниските клупи. На дневен ред ќе го добијат законот за Обвинителство со кој се бара начин како да се продолжи иднината на Специјалното јавно обвинителство. Предлозите на владата засега не се прифатливи за опозицијата, чии гласови се неопходни при добивањето двотретинско мнозинство. Позициите на власта и на […]

Има ли надеж за СЈО?: Партиите на маса пред законот да влезе во парламент


Водечките партии се договорија да му дадат уште една последна шанса на законот за обвинителство. В понеделник тимовите на власта и на ВМРО-ДПМНЕ ќе седнат на заедничка маса за да видат дали може да се договорат за законот што го одредува натамошниот статус на Специјалното јавно обвинителство. Веќе утредента, односно во вторник, предлогот на Владата […]

Дескоска: Ако нема закон за обвинителство – имаме друга опција


Изгласувањето на законот за обвинителство ќе биде посебен предизвик затоа што гласови и поддршка треба да добиеме од лица што се осомничени или обвинети за кривични дела, или од политички партии против чии членови на раководства се водат судски постапки. Камен на сопнување во преговорите со опозицијата воопшто не е Катица Јанева бидејќи нејзиниот мандат […]

Дескоска: Катица не е проблемот за новиот закон за обвинителство


Донесувањето на законот за обвинителство ќе биде посебен предизвик затоа што гласови и поддршка треба да добиеме од лица кои се осомничени или обвинети за кривични дел или од политички партии против чии членови на раководства се водат судски постапки. Камен на сопнување во преговорите со опозицијата воопшто не е Катица Јанева, бидејќи нејзиниот мандат […]

Катица го закопа и новото СЈО?


Следната недела ќе има нова средба меѓу работните групи на власта и на опозицијата за да се испеглаат разликите околу законот за обвинителство. По паузата поради летните одмори, претставниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе седнат на маса, но сега во уште потешка политичка атмосфера отколку пред дваесетина дена. Аферата „Рекет“ и улогата на […]

Катица да ја снема од Законот за обвинителство


Додека ВМРО-ДПМНЕ бара досегашната специјална обвинителка Катица Јанева да биде приведена поради поврзаност со случајот „Рекет“ и со Бојан Јовановски, власта и опозицијата се обидуваат да се договорат како таа да биде изземена од новиот Закон за обвинителство. Тоа е основниот услов без кој опозицијата нема да продолжи да преговара, иако поставени сѐ уште неколку […]

Русковска не може, компромис за друго име, па избор од Советот


Ниту последната изјава на американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс, која побара да се зачуваат капацитетите на СЈО и да се поддржи силно и независно обвинителство, не допреа до опозицијата, од каде што сметаат дека ова обвинителство, вакво какво што е, е компромитирано и урнисано и не може да опстане во никаков облик. Од ВМРО-ДПМНЕ […]

Беса против Законот за обвинителство на Заев: Ваков како што е, не го гласаме


Законот за обвинителство што во петокот го предложи премиерот Зоран Заев, утре влегува во собраниска процедура. Власта ќе се обиде да стигне до двотретинско мнозинство за да ги протурка измените со кои СЈО станува дел од новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела територија на земјата и гаранции за […]